Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 7 Културно лето во Охрид. Од Центарот за култура „Григор Прличев“ најавуваат богата културна програма во периодов што следува. Уште утре љубителите на класичната музика ќе можат да уживаат во вокалните можности на Луиза Мара Рустеми, гостинка од Поградец- Албанија. Ова гостување е резултат на заедничката соработка на Центарот за култура од Охрид и Поградец. Концертот започнува во 19 часот, а влезот е бесплатен. На 10 јуни пак балетското студио „Визави“ ќе го одржи својот завршен концерт. Ова студио работи веќе 4 год. и тоа со неколку групи. Има членови од најмала...
Љубов , време, нега и пари
Post Views: 6 Трендафили, сардели, бегонии, вистински цветен рај. Ова е дворот на Чеповска Венера која за својот труд и љубов кон цвеќињата и природата доби прво место од женското здружение Бисера за најубаво уреден двор. Венера вели дека оваа награда многу и значи бидејќи е потврда за се она што го прави околу уредувањето на ова нејзино катче. Таа не штеди време за да ги засади и одржува цвеќињата бидејќи ги обожава и тоа сите.Ако сакатае да имате убаво уреден двор треба да работите најмалку 2 до 3 часа дневно во текот на сезоната, а на почетокот на пролетта и по цел ден, вели...
Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур
Post Views: 9 Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур, ветуваат од Локалната самоуправа. Велат дека ќе се направи ред во поставувањето урбана опрема и останати реквизити за забава како граѓаните и туристите не би биле незадоволни од изгледот на најголемиот туристички центар во државава. Интенција на Локалната е да нема таков изглед. Во моментов не дозволуваме да бидат поставувани тезги барем не на јавна површина и на градежно неизградено земјиште што е во сопственост на РМ и Општина Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски. Градоначалникот кажува дека до нив стигнале...
Обновен Мостот на желбите
Post Views: 9 Обновен Мостот на желбите. На задоволство на гостите , но и на охриѓани поправен е мостот кој преставува најкраткиот пат до едно од најатрактивните места на охридското крајбрежје, Канео. На мостот поставени се нови дрвени штици и останува уште да се направи ограда која ќе биде заштита за минувачите по него. Според информациите кои ги добивме тој од утре ќе биде ставен целосно во функција што значи дека за Велигденските празници сите кои сакаат ќе можат да уживаат на плажата Потпеш и населбата Канео и да ја посетат една од најубавите цркви посветена на Св. Јован...
Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници
Post Views: 11 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во...
Преку детска игра до хуманост
Post Views: 7 Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора. Мило ми е што учествував во оваа...
Летото се ближи, а со тоа и гужвите во градов
Post Views: 9 Донесена новата програма за поставување урбана опрема. Тихомир Дурнев, од Секторот за урбанизам вели дека и ова лето ќе има столици и маси пред локалите, определени се местата каде ќе се продаваат уметнички слики и сувенири, но тврди дека летово нема да се продава храна на отворено.Локациите на кои ќе се поставува урбаната опрема, како и детските реквизити како замоци ,количиња, вовчиња и др. во многу зависат и од новиот сообраќаен режим кој ќе важи во летниот период.Пред неколку дена беше поставен еден замок на место на кое со новиот режим за сообраќај ќе биде...
Јаболко како од приказната за Снежана
Post Views: 6 „Јас здраво се хранам. Секој ден конзумирам зеленчук и овошје“. Оваа реченица многу често можеме да ја слушнеме, но колку има вистина во неа. Дали зеленчукот и овошјето што ги јадеме се навистина здрави. Колку надлежните институции водат сметка дали производите на македонските ниви и пазари ги задоволуваат европските стандарди. Дел од граѓаните кои ги запрашавме дали државата се грижи за квалитетот на храната што ја конзумираме велат дека не се грижи, а има и такви кои сметаат дека храната се контролира и е релативно здрава.Агенцијата за храна и ветеринарство...