Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога

Post Views: 204 Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога. Од почетокот на оваа година, центарот, кој воедно беше регионален повеќе не функционира. Тој беше сместен во близина на детската градинка „Развигорче“ што предизвикуваше негодувања кај родителите кои бараа негова дислокација, а воедно центарот се наоѓаше на приватен имот кој со денационализација му се врати на сопственикот, па како најбезболно решение за државата беше овој центар да се затвори. Но, што е со лицата кои се на лекување од употреба на дроги, а нивниот број секојдневно расте. Се поставува прашањето...

Продолжи со читање

Охридските угостители кројат најразлични стратегии како да привлечат гости

Post Views: 177 Охридските угостители изнаоѓаат најразлични начини како да ги наполнат своите локали во овој период од годината кога бројот на гостите драстично се намалува. Туристите кои дошле да го видат нашиот град во есенскиот период ретко ги посетуваат кафулињата и ноќните клубови, па така, целокупната работа и направениот каков таков промет зависи од мештаните. Тие пак бараат нешто ново во понудата што ќе ги натера да излезат, да се забавуваат и да потрошат некој денар. Мртвиот период начелно го пополнуваме со живи свирки кои претежно се од наши локални групи и уметници за...

Продолжи со читање

Семафори најдобро решение

Post Views: 201 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, кажуваат децата. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив најдобро...

Продолжи со читање

Али пашината џамија и понатаму се гради без одобрение

Post Views: 194 Реконструкцијата и конзервацијата на Али пашината џамија која се наоѓа во строгиот центар на градот сеуште ја бранува охридската јавност. И покрај тоа што нема одобрение за градба од страна на Министерството за транспорт и врски, таму се вршат градежни работи, тврдат од Здружението за заштита и афирмација на културни вредности „Совест“. Зафатите на овој објект започнаа уште пролетта и уште тогаш се градеше на терен иако Завод и музеј имаше издадено само одобрение за конзервација и реставрација на објектот, вели претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче....

Продолжи со читање

Катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога

Post Views: 188 Долго најавуваната катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога. Агенцијата за стопанисувања со станбен и деловен простор кои се инвеститори на овој капитален проект не откриваат детали околу динамиката со која течат работите. Од таму велат: Изградбата на катната гаража во Охрид, во близина на Центарот за култура “Григор Прличев“ е предвидена со Годишната Програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија , меѓутоа текот на активностите кои ќе се превземаат за нејзина изградба ќе зависи...

Продолжи со читање

Повторно на површина исплива проблемот што Охрид нема марина

Post Views: 276 Охрид има идеални услови за развој на наутичкиот туризам и се поголем е бројот на граѓани кои набавуваат пловни објекти, но тие нема каде да се усидрат. Немањето марина повторно актуелна тема откога во градов се зголеми бројот на едрилици кои нема каде да се сместат. Во моментов има десет, а набавени се уште десет вакви пловила за кои нема место на градското пристаниште кое во моментов е најсоодветно место за нивно усидрување. Затоа денес се одржа состанок помеѓу капетанија, здружение на бродари и здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг и сопственици на приватни...

Продолжи со читање

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми и на јавните капалишта во градов

Post Views: 241 Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон. Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат право...

Продолжи со читање

Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка

Post Views: 148 Финансиската состојба на Општата болница во Охрид е незавидна. Таа има наследен долг од околу 2,5 до 3 милиони евра. Жиро сметката на оваа здравствена установа е блокирана, а секојдневно доспеваат нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката на болницата Славица Малеска Стојадиновиќ вели дека оваа состојбата ја затекнала кога пред три месеци била назначена за прв човек на оваа установа. Се обративме и до државниот завод за ревизија од каде ќе се направи контрола и тогаш точно ќе знаеме колкава е висината на...

Продолжи со читање

1 инкубатор за интензивна нега ќе му бидат донирани на Општата болница во Охрид

Post Views: 170 Општата болница во Охрид ќе добие 1 инкубатор за интензивна нега. Ова е одлука на Владата која на 34-та седница реши на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Инкубаторите ќе бидат наменети за гинеколошкото одделение кое се повеќе прераснува во регионално.Состојбата во која што се наоѓа болницата гледано од финансиски аспект е таква што секоја донација е добредојдена. Ние располагаме со инкубатори, но секој понов модел нормално дека ќе има подобра примена и ќе си го најди своето место за подобрување на состојбата во нашето...

Продолжи со читање

“Камера 300” плодна за охриѓани

Post Views: 140 Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец освои златен медал на “UNICA” на 25-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”, што се одржа во Битола. Во конкуренција на 41 филм, меѓународното жири предводено од проф. д-р Стефан Сидовски, во кое членуваат истакнати филмски работници од повеќе европски држави, одлучи златниот медал на “UNICA” за филм кој поттикнува разбирање помеѓу народите, да му припадне авторот на краткометражниот документарен филм “Страсна недела- Бигорски манастир”. Документарецот...

Продолжи со читање

Решавањето на проблемот со кучињата скитници, еден од проритетите на Општина Охрид

Post Views: 147 Решавањето на проблемот со кучињата скитници, еден од проритетите на Општина Охрид. Таа во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. презема почетен план за решавање на овој долгорочен проблем. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување, а ќе се бара и трајно решение за определување локација за стационар. Градоначалникот Јован Стојаноски денес одржа состанок со претставници на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, „Охридски комуналец“, „Анималија“ и полицијата.Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот...

Продолжи со читање

Нема укинување на Законот за заштита од пушење

Post Views: 178 Нема укинување на Законот за заштита од пушење. Од еснафот на угостители од Охрид велат дека тие биле иницијатори на само некои измени на законот и додефинирање на работите, а не и негово целосно укинување. Пратеникот Томислав Тунтев кој беше предлагач на ова барање во Парламентот на РМ вели дека во овој момент не постои никаков нов предлог закон што го изготвила Владата ниту пак нов предлог што е во владина процедура, ниту пак некакви работни групи изготвиле некаков нацрт текст. Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на седум пратеници за измени во законот...

Продолжи со читање