Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Post Views: 5 Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција...

Продолжи со читање

Голема чест, но и одговорност

Post Views: 10 Голема чест, но и одговорност е да се биде прв човек на една научна институција, вели Д-р Сузана Патчева, новиот директор на Хидробиолошки завод. Таа објаснува дека генерално е задоволна од состојбата во која го затекна заводот, но додава дека и понатаму треба да се унапредуваат можностите на институтот.Финансиски може да бидеме и подобри, а исто така посакувам да биде примен и млад научен кадар, вели директорката.Во Хидробиолошкиот завод во моментов се вработени 16 доктори на науки и 4 магистри кои се насочени кон истражувачка дејност. Вклучени се во неколку...

Продолжи со читање

Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема

Post Views: 8 Локалната самоуправа ќе воведува ред во поставувањето урбана опрема. Повеќе нема да се толерира нелегално поставување столици и маси и друга опрема на јавни површини . Сите субјекти кои веќе поставиле ваква опрема, а за тоа не добиле одобрение ќе бидат соодветно санкционирани. Програмата за поставување урбана опрема е донесена во месец февруари годинава, но според информациите, досега постапката ја започнал само еден угостител. Физичките и правните лица можат и понатаму да поднесуваат барање за поставување урбана опрема , но додека не добијат одобрение не смеат да...

Продолжи со читање

Пролетва ќе се реконструира сцената кај Долни Сарај

Post Views: 6 Ќе се осовремени сцената кај Долни Сарај. НУ Фестивал „Охридско лето“ оваа година со пари од Министереството за култура ќе инвестира на овој простор кој е еден од најрепрезентативните и најубавите како сцена за различни културни збиднувања. За прв пат имаше слух да се издвојат средства за санација на сцената на Долни Сарај. Министерството годинава не стави во програмата за инвестиции, средствата во висина од 1милион и 400 000 ден. ќе бидат доволни да се санира она што е најгорлив проблем на Долни сарај, а тоа е самата сцена и гледалиштето, вели Сузана...

Продолжи со читање

НУ Фестивал „Охридско лето“ забрзано се подготвува за да понуди уште едно успешно издание

Post Views: 5 Се интензивираат подготовките околу овогодинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Останува да се потпишат уште неколку договори после што ќе биде обелоденета и целокупната програма во која ќе може да ужива публиката од 12 јули до 20 август. Директорката на НУ Фестивал Охридско лето, Сузана Вренцоска ветува успешно фестивалско издание и квалитетно селектирана програма. Фестивалот „Охридско лето“ интензивно веќе подолг период работи на програмата и прибирање понуди од врвни уметници, нивна поширока селекција. Сега останува уште да се дофинализираат некои...

Продолжи со читање

Времето не лекува се

Post Views: 9 Охриѓани сеуште носталгични по калдрмата во чаршијата. Тие живо се сеќаваат на шеталиштето поплочено со камен уште од турско време. Чаршијата беше поплочена со оригинална калдрма од турскиот период  се до 50-тите години од минатиот век кога е заменета со автентични камени плочи. За жал, во 2006 година каменот беше заменет со мермерни плочки од низок квалитет, а од црвенкастите камени блокови не е оставена ниту мала апликација за да потсетува на старата убавина. Старата охридска калдрма, која важеше за една од најпознатите и најубавите во Македонија, остана уште само...

Продолжи со читање

Нема СОС линија во Охрид

Post Views: 8 Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Во време кога во светски рамки рапидно се зголемува бројот на повици кон ваквите линии за помош во случај на насилство и злоупотреба, кај нас и таа една сос линија која поsтоеше од пред 2 години, лани згасна.  Ѓорѓи Tодоровски, од Центарот за социјални грижи вели дека ваква линија постоела и функционирала во склоп на Женскиот центар „Бисера“ за што биле обучени и кадри, но поради финансиски причини истата е укината.Искуствата покажуваат дека СОС линиите  се повеќе од потребни затоа што на децата, младите и...

Продолжи со читање

Нова сала, нови соблекувални и кабинет по физичка култура

Post Views: 11 Средното економско училиште ќе се поднови. Од буџетот на Општина Охрид издвоени се 500 000 ден. за реновирање на фискултурната сала, изградба на нови соблекувални и кабинет по физичка култура. Ќе се работи во текот на летниот период за од наесен учениците да добијат сала со нов лик и со оптимални услови за извршување на настава, вели советникот за образование,Серафим Наумоски. Тој објаснува дека и досега општината финансирала во ова училиште, но признава дека тоа не е доволно.Новина е и тоа што ќе се уредува дворната површина во економското училиште. Стручни лица...

Продолжи со читање