Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски

Post Views: 146 ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата за живот во Македонија за градоначалник на Охрид. Од денес тече рокот за назначување на градоначалникот и за преземање на функцијата. Согласно Законот за локална самоуправа примопредавањето треба да се изврши во рок од седум дена од завршување на изборите, вели Димитрија Вревезоски, претседателот на ОИК. Конституиран е и советот на Општина Охрид. Во него влегоја 11 советници од СДСМ и коалицијата За живот во Македонија, 10 од ВМРО ДММНЕ и коалицијата ЗА подобра Македонија, двајца од...

Продолжи со читање

Во Охрид и понатаму е голем процентот на случаи на семејно насилство

Post Views: 147 Оваа година во Охрид регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство. Од нив 14 дела се „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица. Во помал број случаи жртви се мажи. Најчесто сторителите на ова насилство се во алкохолизирана состојба. Семејните насилства...

Продолжи со читање

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

Post Views: 372 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво. Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец...

Продолжи со читање

Тунтев: Гасификација на Охрид

Post Views: 141 Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, беше истакнатао на денешната прес конференција на СДСМ. Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до...

Продолжи со читање

Тилевски: Ќе изградиме современ кеј

Post Views: 136 Наш долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија па затоа треба се да направиме да го задржи епитетот што го има, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски. При тоа Тилевски го најави проектот за изградба на современо уреден кеј, како што рече, со чија реализација ќе се придонесе кон забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор. Градскиот...

Продолжи со читање

Стефаноска: Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид

Post Views: 183 Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Д-р Снежана Стефаноска.Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“,...

Продолжи со читање

Одбележан Светскиот ден на срцето

Post Views: 149 Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година, традиционално се одбележа Светскиот ден на срцето. Овој настан има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Денес тимови од Заводот за кардиоваскуларни заболувања мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости. Онаму каде што...

Продолжи со читање

Образованието во фокусот на денешната седница

Post Views: 145 Во фокусот на советниците на денешната 75 седница на совет беа условите за изведување настава во основните училишта во градов. Оваа дискусија беше иницирана од предлог одлуките за усвојување на годишниоте извештаи за работата и материјално -финансиското работење на ОУ. Советникот Кујтим Усеини посочи дека ОУ „Братство единство“ кое е едно од најстарите училишта во градов е во многу лоша состојба, а условите за настава се навистина под сите критериуми. Еве веќе месеци децава во Братство учат во услови кои се катастрофални. Години наназад сме оставени без никаква...

Продолжи со читање

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории

Post Views: 144 ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории. Континуирано се стимулираше наталитетот, се доделуваа стипендии за талентирани ученици и студенти, комуналните трошоци на семејствата со социјален ризик се субвенционираа, беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски и тимот-советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како приоритетен проект за охриѓани го најавува „Проектот за изградба на социјални станови“.Од сопствени средства ќе изградиме станови во период...

Продолжи со читање

Центарот за јавно здравје од Охрид набави вакцините против сезонски грип

Post Views: 154 Се набавија вакцините против сезонски грип. Центарот за јавно здравје од Охрид од 10ти октомври ќе започне со имунизација. Вакцините кои ќе се примаат штитат од 2 типа на вируси на грип бидејќи според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Има 3000 вакцини , а од оваа количина 1680 се наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Од досегашната пракса најчесто се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични заболувања, а исто така и вработените кои се во директен контакт со...

Продолжи со читање

Стојаноски: Инфраструктурата во градов приоритет на новата Локална

Post Views: 157 Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со...

Продолжи со читање

Охрид сеуште без современа градска библиотека

Post Views: 151 Охрид, градот на Св. Климентовиот Универзитет, градот на словенската писменост сеуште без современа градска библиотека. Иако уште пред три години беше најавено преселување на библиотеката во просториите каде беше сместена НУ Фестивалот „Охридско лето“ тој проект не се реализира. Охриѓани со носталгија се сеќаваат на старата библиотека каде се собираа да прочитаат книга, весник или едноставно само да поразговараат. Тие се желни за еден современ простор каде книгата ќе им биде на дофат. Инаку, уште во 2013та год. со одлука на тогашната Влада на РМ започнаа подготовките...

Продолжи со читање