Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона

Post Views: 12 Кеј „Македонија“ да стане пешачка зона. Ова е идеја на тимот во Локалната самоуправа кој како урбанистички предизвик во рамки на програмата ICLD и SKL International од Шведска ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“. Што за тоа мислат граѓаните. Дали спорд нив е подобро кејот трајно да стане пешачка зона или пак оваа улица е неопходна како сообраќајница. Општината спроведува и Е-АНКЕТА на која граѓните можат да гласаат за или против ваквиот проект. На официјалната веб страна ohrid.gov.mk објавен е начинот на кој секој што сака може...

Продолжи со читање

За некои успех за некои неуспех

Post Views: 6 Од ОК на ВМРО ДПМНЕ прашуваат дали за успешност СДСМ од Охрид го смета фактот дека  Градоначалникот Петрески и неговите другари од СДСМ во Локалната самоуправа имаат десеттици кривични пријави за незаконско работење во Општината. Дали успех е тоа што Охрид стана тема на потсмев поради изјавите на Градоначалникот и несвесните гласања на советниците од СДСМ и мнозинството. Дали за успешност во СДСМ ги сметаат потрошените над 50 милиони евра од Буџетот на Општина Охрид без ниту една инвестиција во нашиот град. Дали за успешност СДСМ го смета новонапревениот долг од...

Продолжи со читање

Охриѓани прашуваа, евроамбасадорот одговараше

Post Views: 7 Aмбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав денеска меѓу охриѓани. Причина за тоа беше панел дискусијата на тема „Европската интеграција како предизвик за културата на Република Македонија“ која се одржа во општина Охрид. Трибината беша организирана во рамките на одбележувањето на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Орав рече дека овој ден се прославува не само во Европа туку и ширум светот и е потсетник на тоа што се случи во далечната 1962 год кога Европа беше ослободена од конфликти. Европската унија денес е еден од најуспешните мировни проекти во...

Продолжи со читање

„Здрава храна за детство без мана“

Post Views: 11 Јаболка, јаготки, цреши, моркови, патлиџани и многу други овошја и зеленчуци никнаа во дворот на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од петте објекти на оваа градинка на возраст од 4 до 6 години преку своите маски упатија порака до сите деца, но и возрасни дека треба здраво да се храниме. Секое од децата си има свое омилено овошје и зеленчук:„Јас сум јаболко зошто многу сакам да го јадам ова овошје“„Јас сум цреша, таа е најслатка“„Јас сум јаготка“ „Јас сум патлиџан, едвај чекам да дојде лето за да можам да јадам патлиџани, ама охридски“„Јас сум морков, го јадам...

Продолжи со читање

На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад

Post Views: 11 На дивата струшка депонија и понатаму се депонира отпад. Помина скоро една година откога стружани протестираа поради загадувањето на воздухот од чадот кој доаѓаше од запалената депонија, а се уште нема конкретно решение за овој горлив проблем стар дваесеттина години. Градоначалникот Рамиз Мерко ветуваше дека до месец мај депонијата ќе биде исчистена, а сметот ќе биде транспортиран до скопска Дрисла, но тоа сега на граѓаните им изгледа како научна фантастика.Ардијан Демири од здружението „Стружани за Струга“е скептичен. Вели дека невозможно е толкави количини на...

Продолжи со читање

Околу 100 правни и физички лица бараат оштета од државата

Post Views: 13 До Општинаската Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди до петокот се доставени 82 барања од правни и физички лица кои претрпеа штета од невремето кое го зафати Охрид минатиот викенд. Комисијата од понеделникот е на терен и врши проценка на пријавените оштетувања и досега има извршено увид кај 25 оштетени. Према барањата како што се поднесени од правните и физичките лица истото е констатирано и на лице место од страна на Комисијата. Значи се она што е наведено во барањата и навистина е оштетено, вели Раде Велјаноски, претседател на Комисијата за...

Продолжи со читање

Возачи внимателно

Post Views: 12 Внимание, опасност на патот. Овој сообраќаен знак треба да биде поставен на патниот правец Охрид Св. Наум, поточно над Хидробиолошкиот завод, поради тоа што на оваа сообраќајница многу често има одрони на патот. Возачите кои ја поминуваат оваа магистрала секојдневно ги демне голема опасност.Еден од нив вели:Секојдневно поминувам овде и тоа по неколку пати бидејќи живеам во Пештани. Многу е опасно. Се чудам како досега не се случила некаква несреќа. Надлежни за одржување на овој патен правец се од Македонија пат- секција Охрид. Тие пред пет години поставија заштитна...

Продолжи со читање

Пристигнаа крлежите

Post Views: 11 Внимавајте, почна сезоната на крлежите. Наглото зголемување на температурите после долгата и влажна зима се идеални услови за нивно размножување. Ги има во грмушките, високите треви, на дрвјата, а граѓаните често се жртви на овој пајаковиден членконог. Директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов вели дека добро треба да се искоси тревата во дворовите и парковите затоа што крлежите најмногу ги има во тревата и на влажните места. Лекарите објаснуваат дека не секој крлеж е заразен, но апелираат каснатите да побараат помош оти болеста може да се развие и...

Продолжи со читање