Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 154 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид на која учествуваа четиринаесет едрилици со трочлeн екипаж од Македонија и Србија кои се натпреваруваа во две категории. Регатата има ревијален карактер целта е да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината, рече Стефан Ставрески од Јахтинг клубот Акватика. Интересот за едерењето од ден на ден се повеќе расте. Бројот на едрилоци се зголемува, но проблем...
Трговијата со луѓе се уште постои во Македонија
Post Views: 169 Лани, во Македонија шест лица биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе. Жртвите биле три малолетнички и три возрасни лица. Пет од нив биле сексуално злоставувани и една била присилена на брак. Ова не е реалната состојба бидејќи кај нас сеуште многу малку се пријавува трговијата со луѓе додека во соседните држави веќе отворено се зборува на оваа тема и таму веќе се идентификувани 100 до 150 лица. Поради тоа се организира едномесечна кампања под слоганот „Што гледаш? Биди нивниот глас!“ која има за цел да ја подигне јавната свест и да ги поттикне граѓаните...
По еден загинат на работно место секоја недела
Post Views: 177 По еден загинат на работно место секоја недела. 42 смртни случаи годишно поради повреда на работното место. Ова е билансот во државава поради немањето соодветна безбедност и заштитата на работниците на работното место. Како најопасни професии кои земаат најголем данок во човечки животи се оние во земјоделството, во транспортните дејности, полицијата, градежништвото, а високо на оваа скала се наоѓа и новинарството. Затоа македонското здружение за заштита при работаГи седна на маса граѓанските асоцијации со цел подигнување на капацитетите во однос на безбедноста и...
Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар
Post Views: 204 Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар , и за купувачите и за пазарџиите и за учесниците во сообраќајот. Ако ве носи патот кон оваа локација, посебно со автомобил, наоружајте се со големо трпение. Сообраќајниот хаос до т.н место градски пазар навистина ќе ве извади од кожа. Иако постои знак забрането паркирање и задржување улицата која води кон влезот на подзмените гаражи на зградата во непсредна близина на пазарот е најчесто попречена за движење од паркирани возила кои вршат дотур на стока. Тротоарите околу пазарот се претворени...
Охрид нема ниту национална ниту градска галерија
Post Views: 181 Охридските галеристи бараат да се реализираат ветувањата за отварање галериски простор каде уметниците ќе можат да ги излагаат своите дела. Малубројните галерии во градов се претесни за во нив да можат да се претстават барем поголемиот дел од сликарите, било локални, било национални. Потребата од национална и градска галерија се наметнува од два аспекти. Едниот е потребата на уметниците за свој репрезентативен простор, а другата е потребата на туристите да посетат една галерија во која ќе можат да добијат впечаток за современата уметност со која располага нашиов...
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид
Post Views: 165 Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид. Синоќа на отварањето присуствуваа голем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, како и истакнати личности од јавниот и политичкиот живот. Присутните ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски. Ова ќе биде канцеларија каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат, да муабетат и да разменуваат свои ставови и мислења за различни теми од општественото живеење. Ова е прва канцеларија на оваа партија надвор од Скопје. Охрид во многу...
Дива депонија во строгиот центар на градот
Post Views: 249 Дива депонија во строгиот центар на градот. Во непосредна близина на охридската капетанија постојано има планина со отпад. Ова место години наназад е црна точка каде несовесни граѓани си одлагаат се и сешто. Не ги плашат ниту реакциите од околината, ниту посетите на комуналните инспектори. Несовесно оставен отпад кој е мета на мачки и кучиња скитници кои го растураат насекаде. ЈП „Охридски комуналец“ редовно го подига, но луѓето се немоќни. Очигледно е дека се работи за отпад од угостителските објекти, истечено масло, киселина, коски од риба. Ужасна слика која е...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со раководните лица од СВР – Охрид
Post Views: 168 Транспарентноста и отчетноста на институцијата пред граѓаните како нејзин сервис ќе се новите принципи на работа на полициските служби, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при средбата со раководните лица од СВР – Охрид. На средбата министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба во подрачјето што е под ингеренција на СВР-Охрид. Таа генерално е добра, но и понатаму ќе се работи за нејзино подобрување во повеќе аспекти, подвлече Спасески. Еден од клучните проблеми особено на СВР – Охрид е недостатокот на кадровски потенцијал,...
Осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро
Post Views: 169 Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари клубот, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан.Заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, вели дека оваа несреќа не потсетува и опаметува во насока на подобрување на услугите кои се нудат на туристите од аспект на нивна поголема...
Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот
Post Views: 203 Родителите на деца со аутизам имаат ретка можност да се едуцираат како да се однесуваат со своите најмили кои се во ваква состојба. Во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство, дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, денес и утре, во Охрид, во општинската зграда, се одржува петтата по ред бесплатна обука наменета за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. Но, иако овој проблем станува се поголем и поприсутен во државава, а и во...
Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ
Post Views: 160 Се поизвесно е дека СДСМ градоначалничката трка во Охрид ќе ја трча со професор Д-р Јован Стојаноски. Оваа одлука иако сеуште не е официјално потврдена е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Овај избор за многумина не е изненадувачки бидејќи професор Стојаноски доби најголема доверба на внатрепартиските избори кои партијата ги спроведе уште во февруари оваа година на кои покрај него како можни кандидати за градоначалник беа и Науме Јованоски, Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски....
Галеријата „Букефал“, место кое туристите со задоволство го посетуваат
Post Views: 257 Туристите кои го избрале Охрид како дестинација многу ретко одминуваат еден простор на сред чаршија во кој дише уметноста. Галеријата „Букефал“ најпрво ги привлекува со својот излог, а потоа влегуваат внатре и потонуваат во боите на сликите на најеминентните, но и на младите македонски уметници. Посетители во галеријата се љубителите на уметност. Јас ги делам на луѓе кои сакаат уметност и на оние кои не чуствуваат потреба за тоа. Од цел свет имаме посетители и кога ме прашуваат дали делата се на македонски автори јас велам дека на македонски, но и на интернационални,...