Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Во градов нема водостопански инспектор

Post Views: 9 Во општина Охрид нема водостопански инспектор. Ова е една од причините што многу објекти што се изградени или се градат во крајбрежниот појас го прекршуваат Законот за животна средина. Речиси веќе и никаде да не се почитува правилото објектот да е оддалечен барем 50 метри од бреговата линија, вели Ѓоко Зороски, консултант за животна средина. Под итно треба да се назначи еден инспектор кој ќе контролира се она што е во доменот на водите на подрачјето на Охрид и Струга и целото сливно подрачје што е опфатено во овај регион и тоагаш може да ги контролира сите...

Продолжи со читање

УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспанскиот регион

Post Views: 18 УНЕСКО ќе го штити Охридско – преспански регион.  Интенција на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро е овој регион да биде прогласен за биосферен резерват за што се залага нашата држава, Р. Албанија, а позитивно се изјасни и Р. Грција. Во проектот ќе учествуваат и општините кои се наоѓаат во овој регион. На ваков начин природното и културното богатство на регионов институционално ќе се заштити.Дејан Пановски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро од Македонија вели дека со прогласувањето на биосферен резерват...

Продолжи со читање

Марина кај Студенчишта

Post Views: 15 Дали станува се пореална изградбата на марина во каналот Студенчишта. Архитектонското студио Тетрактис од Скопје самоиницијативно изготви идејно решение на марина на овој потег на охридското крајбрежје. Станува збор за градба која ќе ги запази сите еколошки стандарди и која нема да му наштети на биодиверзитетот во овој дел од езерото, а воедно нема да зазема голем простор, а ќе биде функционална. Оваа марина е дел од интегралното решение за Студенчишкото блато и нема да ја наруши силуетата и функцијата на овој еко систем, тврдат од Тетрактис. Потенцијалниот...

Продолжи со читање

Признаени во светот, но неподдржани од државата

Post Views: 10 Филип Гавриловски е млад виртуоз на хармоника. Тој е еден од ретките во Македонија кој е наградуван со многу меѓународни признанија за неговото свирење на овој тежок и сложен музички инструмент. Филип свири од својата деветта година. Своите почетоци ги направил во нижото музичко училиште „Методиј Патчев“ под менторство на наставникот Наумче Џуклевски. Филип вели дека многу ја сака хармониката и доколку не се отворел ваков отсек во ова училиште можеби немало воопшто да се запиши на некој друг инструмент. Тој секој ден вежба најмалку по три часа класични дела...

Продолжи со читање

Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти одбележа својот патронен празник

Post Views: 8 Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење. Имаше реконструкција на...

Продолжи со читање

Првомајската скара може да ве чини плус 50 евра

Post Views: 8 Меѓународниот ден на трудот – Први мај се наближува. Се кројат планови кој каде ќе оди и каква скара ќе направи. Оваа традиција е многу убава, но може и скапо да ве чини. Од општинскиот инспекторат апелираат да се зачува комуналниот ред на излетничките места и граѓаните да ги почитуваат воспоставените забрани за палење на оган и приготвување на скара на отворените површини. Доколку не го сторат тоа можат да заработат казна од 50 евра. Минатата година за првомајските празници биле напишани 50-тина казни само по основ палење оган на недозволено место. Охриѓани и...

Продолжи со читање

Со размена на искуства до подобри резултати во педијатријата

Post Views: 8 Целиакија, ларингит, бронхолит, даунов синдром, ова беа дел од темите на кои денес се разговараше на педијатриските стручни средби на медицинските сестри кои се одржаа во хотел Мизо во Охрид. На овие средби учествуваа 110 медицински сестри од државава. Целта на овие средби кои се одржуват години наназад е размена на искуства помеѓу персоналот во педијатриските одделенија ширум Македонија. Гордана Јонческа Маџоска, медицинска сестра во педиатриското одделение при општата болница во Охрид вели дека работата со деца е многу специфична. Од една страна е големо...

Продолжи со читање

Веќе видено сценарио или случајност

Post Views: 13 Само што тргна, работата застана. Се израдувавме што денешната седница на Советот на општина Охрид после еден час доцнење конечно почна, но радоста не ни траеше долго. Советниците се сопнаа уште на првата точка од дневниот ред. Предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на финансискиот план за 2011 година на Центарот за развој на Југозападниот плански регион им ги разгоре страстите. Советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска рече дека во овој извештај не виделе ништо ново. Таа потенцираше дека аплицирањето со проекти до...

Продолжи со читање