Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 12 Невремето кое во саботата го зафати Охрид и штетите кои ги претрпеа некои граѓани поради високите бранови предизвикани од силниот ветар, на површина исфрлија проблеми околу езерото кои се провлекуваат години наназад. Повторно се актуелизира темата околу реката Сатеска. Екологистите и научните работници од Охрид деновиве дебатираат за тоа дали конечно треба да се исправи грешката од 60-тите години, кога реката Сатеска е пренасочена во Охридското Езеро наместо во Дрим каде и бил нејзиниот природен влив. Со тоа Сатеска не само што е еден од најголемите загадувачи на...
Одмор или кошмар
Post Views: 10 Годишниот одмор од задоволство може да се претвори во кошмар. На туристите кои доаѓаат да одмараат на охридско-струшката ривиера им се препорачува добро да се грижат за своите лични предмети. Хотелиерите од Охрид и Струга тврдат дека ги превзеле сите мерки за гостите ова лето да имаат што побезбеден одмор. Гоце Тасески од хотелот „Инекс Горица“ вели дека во нивниот хотел поставени се безбедоносни камери како би ги заштитиле гостите од крадците, но потенцира дека и гостите треба да се едуцираат како самите да се зштитат од опасностите кои ги демнат.Според податоците...
Двапати крои, еднаш сечи
Post Views: 13 Во општинската организација на СДСМ наголемо се подготвуваат за предстојните локални избори. Тие пред се работат со своето членстви и симпатизери на терен, но големо внимание посветуваат и на политички неопределените граѓани. Ставот на централата на СДСМ во Скопје е до крајот на јуни да се истакнат кандидатите за идните градоначалници. За Охрид веќе се споменуваат две имиња. Тоа е името на актуелниот Градоначалник Александар Петрески и името на претседателот на Општинската организација, Науме Јованоски. Кој ќе биде кандидатот за првата градска фотеља ќе одлучат...
Започна проценката на штети од невремето во Охрид
Post Views: 8 Започна проценката на штети од невремето во Охрид. Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од утринава е на терен за да ги утврди последиците кои ги предизвика невремето кое Охрид го зафати во саботата. Комисијата излезе првично да види какво е оштетувањето,на терен и утврдивме дека има големо оштетување покрај брегот на Охридското езеро. Оштетени се угостителски објекти и платформи, има оштетување и на објекти, паднати оџаци, покриви, моторни возила. До Комисијата досега пристигнати се 58 барања. Од утре излегуваме на терен и ќе вршиме...
Опасен конак
Post Views: 11 Опасност ги демне учениците и минувачите кои влегуваат низ портата на црквата Света Богородица Перивлепта. Западната страна од ѕидот на конакот кој се наоѓа во дворот на црквата за 40сетина сантиметри е поместена од лежиштето, а на самиот ѕид има голема пукнатина. Секој момент истиот може да се сруши. Благоја Чочегов, жител од овој дел на градот вели дека тука секојдневно поминуваат голем дел од учениците кои учат во Основното училиште Св. Климент Охридски, а и туристите кои ја посетуваат црквата многупати се потпираат на опасниот ѕид без да знаат што може да им се...
Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести
Post Views: 10 Охриѓанецот Ристе Балевски дури во Париз ја пренесе пораката за помош на лицата со ретки болести. Тој пред десеттина дена учествуваше на интернационалниот полумаратон во Париз, Франција, на кој се натпреваруваа учесници од целиот свет. Носејќи ги на себе боите и шарите кои се заштитен знак на лицата со ретки болести, Ристе со голем елан и мотивираност ја истрча рекреативната трка, посветувајќи им ја на овие лица, на лицата со аутизам, со хендикеп, но и на својот роден град и држава. Уште од моите студентски денови бев во контакт со такви деца и сега моментално...
Кинезите сакаат да ја посетат Македонија
Post Views: 11 Азијските гости го одбегнуваат Охрид и Македонија иако се заинтересирани да ги видат убавините на нашата земја и град. Проблемот е што државава не ги има спуштено Шенгенските визи како што тоа го направија земјите од опкружувањево. Азијците, посебно кинезите се едни од најбројните туристи во регионов затоа Босна, Србија, Црна гора и Албанија ги спуштија визите. Се прават напори тоа да го направи и Македонија. Ние веќе разговаравме со некои надлежни установи во Македонија за да ни помогнат да ги спуштиме визите и да допринасиме за туристичкиот сектор. Се надеваме...
Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност
Post Views: 11 Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност. Тој сега има 59 години, а крв дарува веќе 38 години. Вели дека ќе биде крводарител се дури може и дури го служи здравјето, а на младите им препорачува да не се двоумат и да станат дел од семејството на крводарители бидејќи тоа е една многу хумана мисија. Нема што да се двоумат тоа е нешто најблагородно, со дарувањето крв спасуваме живот, а добро е и за самиот крводарител бидејќи се обновува крвта, вели Стојоски. Борис доби благодарница за континуираното дарување крв и помагање на оние на кои тоа им е...