Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 193 Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште. Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски. Боите на Македонија...
Матурантите и официјално и кажаа збогум на гимназијата
Post Views: 189 Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите...
Есенва ќе се шетаме по уредена патека до Билјанини извори
Post Views: 196 Пешачката патека од мостот према Билјанини извори полека ама сигурно го добива својот лик. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства. Интензивно се работи на нејзиното уредување бидејќи рокот за комплетна реализација на овој проект е 12 месеци. Градежните работи започнаа во октомври минатата година. Патеката требаше побргу да биде пуштена во употреба, но поради некои технички проблеми работите се пролонгираа. Динамиката сепак е запазена и таа ќе биде пуштена во употреба до крајниот рок....
Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски
Post Views: 184 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК. На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем интерес...
Охрид обоен во боите на Барса
Post Views: 189 Охрид обоен во боите на Барса. Од 21 до 27 август ќе се одржи летен камп на Барселона. Започна брендирањето на СРЦ „Билјанини Извори“ и терените за фудбал во боите на овај светски позанат клуб. Овој настан го става Охрид на мапата на светските градови кои биле домаќини на еден ваков фудбалски камп кој е привилегија за градот. Сето ова е резултат на ангажманот на Локалната и спортските работници кои изминативе 4 години ги презедоа во делот на развојот на спортот, истакна на денешната прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески. Изградени се голем број спортски...
Локалната интензивно гради и за време на летната сезона
Post Views: 159 Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму...
Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур
Post Views: 184 И ова лето граѓаните реагираат дека просторот околу маркетот Рамстор е несреден и натрупан со пакети , палети и стока. Местото на производите им е на рафтови или во магацин а не околу маркетот, на тревникот и тротоарот. Сето тоа создава една грда слика во самиот центар на туристички Охрид веднаш до градскиот плоштад и Летница. Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор да ја чуваат стоката околу самиот маркет . Не ретко се сличува и на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина да се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци....
Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова
Post Views: 159 Патеката од мостот до хотел Парк по која секојдневно минуваат голем број граѓани кои ја користат за рекреација, но и како пат кој води до најблиските плажи, од кога се направи не е воопшто измиена. Остатоци од сладолед, овошје, стакло и други отпадоци оставиле зад себе несовесни граѓани. Од Локланата велат дека службите на ЈП „Комуналец“ од 5 часот наутро до 9 часот ја чистат патеката и ги отстрануваат отпадоците, ги празнат корпите и контејнерите и го одлагаат сметот на паркинг просторот кај Центарот за обука на вода од каде се подига, но признаваат дека патеката...
Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец
Post Views: 144 Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец. Ова лето не се реализирала ниту една тура, велат од Охридската капетанија. Со отварањето на граничниот премин кај Св. Наум сите бродови добија одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Но интересот на патниците опаѓа. Воспоставени се сите норми и принципи за минување на границата по воден пат. Донесено е од страна на МВР и царинска управа отварање привремен граничен премин што е пракса секоја година наназад. На барање на...
Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење
Post Views: 276 Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски, ова беше истакнато на денешната пресс конференција која ја одржаа советниците од СДСМ. Ваквото однесување на градоначалниците не само што е безобразно и неодговорно, итовремено е и нехумано, бидејќи стотици домаќинства се оставени без вода при вакви тропски температури. Одговорност мора...
плажите и ова лето окупирани со лежалки
Post Views: 150 Деновиве на охридските плажи нема место игла каде да се фрли. Продолжениот празничен викенд го наполни градов со гости кои се разладуваат во водите на езерото. Но со гужвата уште повеќе дојде до израз дека некои концесионери на плажите не ги почитуваат одредбите од договорот 40проценти од просотор да го остават слободен, без лежалки за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека инспекторите во неколку наврати излегле на терен и забележале неправилности и непочитувње на одредбите од договорот. НО додаваат дека многу...
Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот
Post Views: 220 Во имотот на семејството Џамтоски од Охрид, кој се наоѓа во селото Лескоец пред неколку месеци, речиси преку ноќ е поставен далекувод од ЕВН Македонија. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета бидејќи со неговото поставување вредноста на парцелата е повеќекратно намалена, а и им е оневозможено да ја искористат за тоа што планирале. Веднаш пријавив во полиција, а после тоа дури затекнав и работници кои го поставуваа на...