Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 12 Живка Стојановска од Прилеп е жена, домаќинка, мајка и баба. Таа секојдневно ги прави сите оние вообичаени работи за една жена, но најмногу ужива кога готви и за своето семејство подготвува најразлични специјалитети било солени или благи. Нејзините раце се навистина вешти и од најобично тесто знае да направи вистинско уметничко дело. Живка својата способност за прв пат оваа година решила да ја покаже на манифестацијата „Жена домаќинка“ која е организирана од страна на националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Р. Македонија. Со нејзината погача цвеќе ќе се...
Највредниот живопис во Македонија
Post Views: 11 Црквата Света Богородица Перивлепта ќе си го врати својот некогашен сјај. Од први јуни ќе се започне со конзервација на архитектурата и на нејзиниот фрескоживопис, а ќе се интервенира и на камбанаријата и на конакот. Инаку оваа црква е вредна и единствена по многу нешта. Тања Паскали Бунташеска, директорката на Завод и музеј вели дека живописот во Перивлепта можеби е еден од највредните во Македонија и пошироко и што поскоро треба да се конзервира бидејќи има големи оштетувања поради влагата која се јавила во црквата. Фрескоживописот не е третиран од 80-тите години...
Хотелите ќе добијат електрошок
Post Views: 12 Апарати за електрошокови, односно дефибрилатори ќе мора да си набават сите фирми во кои што има повеќе од 100 вработени. Тоа го предвидува новиот Закон за здавствена заштита кој треба да стапи во сила до први јуни годинава. Министерството за здравство деновиве достави известување до фирмите да се снабдат со потребниот медицински апарат, а доколку не го сторат тоа за работодавачите предвидени се казни. Ќе бидат организирани и обуки за 5 вработени од секоја компанија кои би требало да ракуваат со апаратите. Здравствен пункт со дефибрилатор мора да имаат државните...
Патот до срцето води преку желудникот
Post Views: 13 Што се ни се нуди на мениата во охридските ресторани? Каква е гастрономската понуда во градов? Освен во четири до пет ресторани во ниту еден друг не можат да се најдат нашите традиционални јадења како охридски чомлек, гравче тавче, пиперки полнети или сарма. Угостителите велат дека странските гости многу малку се запознаени со нашата национална храна па ретко ја порачуваат. Тие објаснуваат дека економски им е неисплатливо секогаш на лагер да ги имаат овие јадења.За жал освен скара, плескавица, вешалица и пилешки стек со прилог од некој замрзнат зеленчук во...
Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата
Post Views: 11 Предлог-одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“ во однос на условите кои треба да ги исполнува директорот на претпријатието, причина за дебата помеѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ И СДСМ на денешната седница на градскиот совет. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков рече дека постапките за јавни претпријатија се регулирани со Законот. Управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ е невозможно да интервенира и да врши своеволно измени во статутот, додава тој. Координаторот на советниците од СДСМ, Константин Георгиевски, пак појасни дека се...
Осмата седница на градскиот совет во знакот на јавните претпријатија во градов
Post Views: 12 Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски пазар“, создаде дилема кај советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие во име на пазарџиите прашуваа дали и колку ќе се покачат цените кои ги плаќаат закупците на тезги. Константин Ѓеоргиевски, координаторот на советничката група на СДСМ објасни дека во целокупниот ценовник на Градски пазар има само законско регулирање на одредени услуги кои ги давал градски пазар, а досега не биле регулирани со закон. Станува збор само за воведување ред во...
Крпа и пченка или лежалка и нескафе
Post Views: 10 Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква...
Од општинската ВМРО обвинуваат дека под раководство на СДСМ трошоците за живот се зголемуваат
Post Views: 12 Охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба, обвинија на денешната пресс конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Посочија дека управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 донел одлука со која се утврдува зголемување на висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи. Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со...