Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 259 Струга доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во овој град. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Струга, а трета од овој бренд. Ги има во Охрид, Кичево, а сега и во Струга. Овој бренд постои и успешно работи веќе 23 години. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите...
Започна едриличарската регата „Охрид 2017“
Post Views: 149 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Утрово започна едриличарската регата „Охрид 2017“ во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид. Ова е прва регата која ја организира овој клуб и на неа учествуваат петнаесет екипажи од Македонија и Србија кои ќе се натпреваруваат во три категории. За прв пат ние организираме ваква едриличарска регата за големи едрилици (минитонци, микротонци и крузери). Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален во Охрид и ќе има повеќе вакви регати, а не само една во текот на летниот период. Временските...
„Охрид колинг“ по втор пат
Post Views: 158 „Охрид колинг“ по втор пат. Оваа манифестација која започна од лани полека, но сигурно се етаблира како една од најдобро организираните во Македонија, но и пошироко. Врвни музички имиња како Лени Кравиц, Продиџи се запишаа на страниците на овој фестивал. Годинава повторно светски познати музички ѕвезди ќе бидат дел од Охрид колинг. На 1 и 2 август, на „Билјанини извори“ ќе настапат диџеите Афроџек и Хардвел и нивните специјални гости Равитез, Данте Клај и Кил д буз. Локланата самоуправа во соработка со Авалон продукција успаеја и годинава да направат манифестација...
На паркингот кај пешачката патека кај Студенчишта се наплаќа по 100 ден
Post Views: 148 На паркингот кај Центарот за обука на вода се наплаќа паушално, без да се издаде фискална сметка, се пожалија граѓани до редакцијата на ТВМ. Велат дека иако на овој паркинг кој е од А зона за еден час треба да се наплаќаат 40 ден. нив им биле побарани 100ден. со образложение дека сигурно ќе се задржат подолго од еден час со оглед што биле тргнати на забава во блиските усгостителски објекти на плажите. Реагираат и на уреденоста на паркингот кој освен што е пошлунчен нема никакви други услови кои би требало да се нудат на еден современ паркинг простор. А при врнежи...
Започна петтото издание на Фестивалот за култура „Дримон“
Post Views: 160 Под мото „Градиме нови генерации“ денес во Струга започнува петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „Дримон“. На ова културно збиднување кое ќе трае пет дена ќе има дваесетина настани во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе настапат над 40 учесници. На фестивалот публиката ќе гледа внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, изградени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социокултурна сцена. Тимот на Иницијативата за независен...
Дебрчани ќе почекаат за референдум
Post Views: 153 Денешната седница на советот на општина Дебрца, прекината. На неа по иницијативата на градоначалникот Игор Трајкоски требаше да се расправа за распишување референдум на кој жителите требаше да се изјаснат за планот за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Градоначалникот изрази жалење за ваквиот тек на настаните. Советниците од СДСМ ја напуштија седницата со што беше оневозможена поддршката на одлуката за референдум каде што жителите ќе го искажат своето мислење по ова прашање и ќе добиевме највисок правен акт за спречување на изградбата на...
Каде е градежниот инспекторат?
Post Views: 170 Во Охрид интензивно се гради сред сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци, тоа не ги попречува инвеститорите да градат. Побаравме одговор од Локалната самоуправа дали градежниот инспекторат е запознаен со ваквата состојба низ градов, дали инспекторите се излезени на терен и што е превземено. Од таму го добивме следниот одговор: Од општинскиот инспекторат е направен увид на две локации каде се одвиваат градежни работи, при што е укажано на почитување на одлуката на Советот на Општина Охрид...
Охриѓани го освојуваат Азискиот континент
Post Views: 243 Охриѓани го освојуваат Азискиот континент. Нашиот сограѓанин, познатиот џез музичар, композитор и гитарист, Владимир Василевски-Четкар на неодамнешната азиска турнеја во Тајланд ги наполни концерните сали. Четкар настапи на најпознатиот џез фестивал Хуа Хин, на кој се претстави со авторска музика, а отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бeше мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката. Четкар беше придружуван од тајландскиот бенд „Фанкшн“, како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна...
Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион
Post Views: 170 Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион. Денес преставници од Министереството за животна средина и просторно планирање пред охриѓани и останатите присутни на јавната расправа ги презентираа предностите од изградба на една ваква регионална депонија и бенефитите ко ќе се добијат од истата. Целта на јавната расправа беше да се објасни дека оваа регионална депонија која е неопходно час поскоро да се изгради нема да ја загрози или загади животната средина. Со овој проект ќе бидат опфатени сите нестандардни депонии и ѓубришта кои се наоѓаат во...
Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“
Post Views: 221 Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“. Уште два дена остануваат децата кои се дел од овој камп да уживаат во спортско рекреативните содржини кои им беа организирани како и во меѓусебната дружба која ќе ја паметат. Ова е втора година како Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт го организира овој камп и тие се презадоволни од тоа како се протекло. Сите активности ги реализиравме ни останува уште утре целосно да ја заокружиме програмата. Впечатоците се крајно позитивни. Мислам дека сите ќе си одат со позитивни импресии. По завршувањето на овој...
Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ со петиција бараат да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси
Post Views: 188 Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по...
Глисерите и скутерите ќе мора и ова лето да ја почитуваат забраната за пловење
Post Views: 153 И ова лето сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август со која не смеат да сообраќаат во езерото од 11 ди 19 часот. Иако тие имаа поднесено иницијатива за укинување на оваа забрана од Охридската капетанија било констатирано дека со тоа во голема мера ќе има нарушување на безбедноста во водите на езерото, па затоа таа останува на сила. Заклучокот е донесен врз основа на податоците кои ги имаме за периодот кога нема забрана. Констатирано е дека воопшто не се почитуваат правилата па ова е резултато...