Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Не се важни парите туку љубовта

Post Views: 9 Подигањето на спомен- обележјето посветено на празникот Богојавление- Водици, се поизвесно. На наредната седница на Советот на општина Охрид ќе биде формиран Одбор , кој ќе треба да се погрижи околу реализацијата на иницијативата на годинешниот кум на манифестацијата „Водици“, Ванчо Чифлиганец. Кумот не открива колку пари ќе го чини подигањето на ваквиот споменик, но вели дека тоа и не е толку важно. Чифлиганец потенцира дека оваа иницијатива е дадена со љубов и со желба споменикот што поскоро да се изгради. За таа цел апелира до надлежните институции да ја забрзаат...

Продолжи со читање

Награди за најуспешните

Post Views: 11 Славица Танеска, ученичка во седмо одделение во ОУ “Григор Прличев“, Јулија Митревска ученичка во осмо одделение во ОУ “Григор Прличев“ и Христина Ристеска од ОУ “Кочо Рацин“, се добитнички на првата , втората и третата награда на распишаниот ликовен конкурс од страна на Здружението на граѓани Богојавление. Тие не го криеја задоволството од добивањето на едно вакво признание.На конкурсот кој го распиша Богојавление уште пред три месеци  биле испратените 60 цртежи од учениците од сите основни училишта во општина Охрид. Ликовниот уметник Славко Упевче, член на...

Продолжи со читање

Минатото оживува

Post Views: 10 Објектите градени помеѓу двете светски војни, нова атракција за туристите. Завод и музеј заедно со факултетот за архитектура и дизајн при америчкиот колеџ во Скопје скенираа 16 куќи во градов за кои ќе се изготви документација, а потоа ќе се изработи елаборат за нивна валоризација. Со овој проект ќе се донесат поединечни решенија за секој објект и ќе се одлучи каква ќе биде нивната понатамошна намена.Тања Паскали Бунташеска, директора на Завод и музеј вели дека сопственцте ќе имаат одредени поволости и ќе може да конкуаат за добивањефинансики средства за нивна...

Продолжи со читање

Нема плажа без гњаважа

Post Views: 6 Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор.Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура.Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се...

Продолжи со читање

Велигденските јајца солени

Post Views: 6 Охриѓани за еден шаблон јајца  од својот буџет треба да издвојат од 230 до 280 ден. Се стравува дека како што наближува Велигден цената ќе се искачи и до 300 ден. Граѓаните се видно изреволтирани поради превисоките цени на јајцата во очи празникот.Продавачите на јајца велат дека има реални причини зошто цените се повисоки од лани. Регионт на Балканот го потресува таканаречена кајгана криза.Тоа е поради екстремно ниските температури кои ги имавме оваа зима и поради ригорозните прописи во ЕУ кои забрануваат одгледување на кокошки-несилки во жичени кафези, бидејќи тоа...

Продолжи со читање

Култура на високи потпетици

Post Views: 7 Драгана Боцеска уште четири години ќе директорува со Националната установа Центар за култура Григор Прличев. Вака одлучила министерката за култура откако ги разгледала апликациите и на двајцата останати кандидати кои го посакувале ова престижно директорско место. Канчевска-Милеска по втор пат и дава доверба на Боцеска. Ова е првата година од нејзиниот втор мандат. Боцеска кажува дека продолжува да работи со полна пареа објаснувајќи дека на повидок е реализација на голем број проекти. Министерството за култура од својот буџет издвоило околу 4 мил денари за проекти од...

Продолжи со читање

Опција продолжува со превентивните програми за ХИВ/СИДА

Post Views: 9 Министерството за здравство целосно ќе ги финансира превентивните програми на граѓанските здруженија и невладини организации за заштита од ХИВ/СИДА. Здружението на граѓани Опција Охрид е една од 15те организации на ниво на Македонија која доби финансиска подршка од националниот буџет на РМ. Оваа граѓанско здружение веќе 13 години ги спроведува овие превентивни прегледи на територија на Охрид и Струга. Овие невладини организации успеаја стапката да ја одржат во една нормала. Македонија се смета како една држава во која што стапката на ХИВ СИДА е сведена на...

Продолжи со читање

Која е вистината

Post Views: 8 Старомодни тезги, лоши услови за работа, несоодвни хигиенски услови, најлони и ламарини наместо кров. Така изгледа охридскиот градски пазар. И покрај ветувањата од Градоначалникот дадени уште во неговиот прв мандат, Охрид нема современ пазар Само да потсетиме пазарот требаше да биде на три ката. На едниот беше предвидено да се продава зеленчук и овошје, на вториот млечни производи, а на третиот требаше да има ресторан. За тоа што досега не е реализиран овој проект единствен виновник е ВМРО ДПМНЕ, тврди Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој вели дека не...

Продолжи со читање