Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охридските автори го добиваат заслуженото место

Post Views: 455 Охридските автори го добиваат заслуженото место помеѓу делата во библиотеката „Григор Прличев“. Во оваа национална установа од нејзиното основање постои катче на роднокрајни автори, но во последно време се прават напори што повеќе да се афирмираат истите и да се запознаат граѓаните со нивното творештво. Во библиотеката има еден до два примероци од секоја книга која е издадена во Македонија, а е од роднокрајните автори. Застапени се околу 80тина кои пред се пишуваат поезија и проза и во нив не влегуваат оние кои пишувале стручна литература или научни трудови. Треба...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа својот патрон

Post Views: 257 Охрид го одбележа својот патрон. Свечената академија по тој повод традиционално се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодна програма во која беше вклучена и Гимназијата „Св. Климент Охридски“ која исто така празнуваше. „Деновиве Охрид живее во духот на својот учител, во духот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Го славиме најголемиот етичар и хуманист, првиот словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија – олицетворена во сегашната Македонска православна црква – Охридска архиепископија, рече во дел од своето обраќање градоначалникот...

Продолжи со читање

Внимавајте кога купувате преку интернет

Post Views: 304 Во последно време купувањето преку интернет станува сè попопуларно. Најмногу онлајн купувачи своите нарачки ги прават во ноќните часови и тоа преку мобилен телефон. И додека купувањето преку мобилен звучи како најбрз и наједноставен начин за шопинг, постојат повеќе пропусти на кои наишле. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема. „Основна работа е дали веб страната го има она http.s,бидејќи тоа  значи дека страната има заштитен систем, особено за плаќање преку интернет. Ако нема тогаш ризикот е на самите купувачи,...

Продолжи со читање

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија

Post Views: 550 Хотели, приватни станоиздавачи од мал обем од Охрид и од Струга ги отворија своите капацитети за настраданите од соседна Албанија. Во разорниот земјотрес многу од жителите останаа без покрив над глава, бидејќи нивните домови беа срушени. Семејства од Драч и околината уште утрото по стравотниот земјотрес од 6,4 степени се упатиле кон Македонија и побарале засолниште сместувајќи се во хотели во Охрид и Струга. Хотелиерите велат дека постојано пристигнуваат резервации од Албанија, од Драч и Тирана каде тлото не мирува.За да им излезат во пресрет на жителите од соседството...

Продолжи со читање

Нова премиера на Охридскиот народен театар

Post Views: 275 Хотел ни на небо ни на земја. Нова премиера на Охридскиот народен театар. Преставата која е во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Текстот е од најпознатиот современ француски писател, Ерик Емануел Шмит и бил инспирација за Ѓоргиески да ја режира драмата. Тој за првапат соработувал со охридската екипа актери и навистина е презадоволен од енергијата и флуидот кој што се создал. За нас режисерите секој нов терен, секоја нова екипа...

Продолжи со читање

Охриѓани денес непријатно разбудени од сон

Post Views: 348 Охриѓани денес непријатно разбудени од сон. Во четири часот земјотресот со јачина од 6.4 степени според Европската макросеизмичка скала кој ја погоди соседна Албанија и се почувствува во целиот регион ги вознемири граѓаните на Охрид.Не вознемири зошто два пати тресеше, првиот пат послабо, а вториот пат многу силно, вели еден граѓанин.Секој жив човек ќе се исплаши од таа работа, поготово оние кои се во високите згради, додава друг.Моментално сум во стан и не ме вознемири зошто не ми е прв пат, кажува еден охриѓанец.Во 3.56 ме разбуди, ме вознемири и слегов долу пред...

Продолжи со читање

Туристичките водичи се обучуваат за управување со ризиците во авантуристичките тури

Post Views: 262 Спасителната служба на планина врши обуки за туристичките водичи за управување со ризиците во авантуристичките тури. Обуките преставуваат освежување на знаењата од прва помош и презентација на основните техники за безбедна евакуација на повредени лица на тешко пристапни места. Водичите се членови на здружението Експлор од Охрид кое ги обединува сите водичи кои работат во авантуристичкиот туризам, па дури и водичите кои работат со тури на културно историските знаменитости. Целта е двонасочна, да обезбедиме меѓусебна соработка и да бидат запознаени со кои капацитети...

Продолжи со читање

5 години нуркачки центар „Амфора“

Post Views: 424 15 години нуркачки центар „Амфора“. Зад овој јубилеј стојат голем број реализирани проекти, стотина обучени нуркачи кои имаат сертификат кој важи насекаде во светот, многу залагање и ентузијазам. Идејата за отворање ваков центар потекнува од 2004год., а се јавила како потреба наметната од меѓународни стандарди според кои нуркачкиот центар мора да има раководител, мора да има соодветен простор, мора да има сертифициран инструктор меѓународно признат, комплети за прва помош, нуркачка опрема која е сервисирана и да ги исполнува сите услови за едукација на нуркачи. Милутин...

Продолжи со читање

Учениците знаат што е демократија

Post Views: 260 Учениците знаат што е демократија и се залагаат да не бидат прекршени нивните права. Во рамките на новиот концепт за граѓанско образование денес во училиштето „Христо Узунов“ се одржа отворен ден на демократијата. Овие отворени денови не се многу чести, но секогаш кога имаме интересна тема ја обработуваме. Учениците навистина се потрудија да покажат преку интересна програма и точки што за нив значи демократија, вели Оливија Пирузева, директор на ОУ „Христо Узунов„ Овој проект досега е спреоведен два пати во осмо одделение и сега прв пат во деветто одделение. Во...

Продолжи со читање

Македонија пат и ова година стави забрана за користење на патниот правец кој води низ Галичица

Post Views: 326 Охрид се поинтересна дестинација за сите оние кои ги сакаат алтернативните форми на туризам, планинарењето и зимските спортови. Галичица привлечна и за домашните и за странските посетители, но тешко пристапна. И оваа година како и децении наназад Македонија пат стави забрана за користење до 1ви април на патниот правец кој води низ Галичица од ресенското село Царина до Трпејца. По се изгледа ова е најлесниот начин за решавање на проблемот бидејќи патот е руиниран и опасен за користење и тоа не само на зима туку и во летните месеци. Наместо државата сите овие изминати...

Продолжи со читање

Лео Нелоски, дете научник

Post Views: 682 Лео Нелоски, дете научник. Овај 11годишен ученик во Основното училиште „Григор Прличев“ освои прва награда на државниот натпревар по физика одржан по повод Месецот на науката. Тема на натпреварот бил Паскаловиот закон, неговите карактеристики и примена во секојдневниот живот. Многу интересно е што Лео е ученик во шесто одделение, па предметот физика сеуште не го изучува. Но, неговата дарба за природните науки, математиката и физиката му овозможува со посебна леснотија да ги совладува. Сам ги учам, едноставно ми е без разлика што не учам физика. Интересно ми е, тие...

Продолжи со читање

Пропадна и вториот тендер

Post Views: 313 Пропадна и вториот тендер распишан од страна на Општина Охрид за изнаоѓање најдобар изведувач за промена на старите излози. Секторот за поттикнување и развој на туризмот при Министерството за економија пред една година даде иницијатива за промена на некои излози во чаршиите во неколку градови во државава. Од охридскиот сектор за туризам и локален економски развој аплицираа со проект за промена на шест излози. Тој беше прифатен и на општинава и беа доделени 700 000ден. Треба да се менуваат четири излози на улица Климент Охридски и два на улица Илинденска. Фирмата...

Продолжи со читање