Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Сезонски попуст,или трик

Post Views: 8 50 % попуст, 70% попуст, 30 % попуст. Речиси и да нема излог на кој не стои дека производите кои се продаваат се на попуст. Но, дали тоа навистина е така или е само маркетиншки трик со кој продавачите ги намамуваа купувачите да влезат во продавниците и да купат нешто мислејќи дека направиле добра финансиска зделка и заштедиле купувајќи на попуст. Многу често попустите не се реални и не се толкави колку што е назначено на излогот или пак на етикетата. Затоа купувачи, бидете внимателни и не наседнувајте на ваквите предизвици, посебно сега после празниците кога...

Продолжи со читање

Петар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро

Post Views: 13 Петар Рупески кој вчера беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои скокаа по Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тоа е традиција која се негува со децении наназад и која воопшто не била прекината, дури и во онај период кога фрлањето на крстот било забрането. Досетливите охриѓани водите ги осветувале на денешниот ден под изговор дека тоа го прават бидејќи завршува забраната за риболов. Рупески е пресреќен што е еден од продолжувачите на оваа прекрасна традиција и иако...

Продолжи со читање

Се одбележа Денот на рибарите

Post Views: 8 Денеска на Соборот на Свети Јовен Крстител, со капењето на рибарите во Езерото продолжуваат Богојавленските чествувања во градов. На тој начин се одбележува завршувањето на забраната за риболов на Охридското Езеро после зимскиот мрест. Многу граѓани од Охрид, но и од други градови на Македонија и пошироко дојдоа да бидат дел од оваа црковно-народна манифестација. И оваа година празникот покрај со капење во водите на езерото се одбележа и со приготвувањето и служење рибна чорба. Во казанот поставен на Градскиот плоштад професорите и учениците на ОУТУ „Ванчо...

Продолжи со читање

Христос се роди. Вистина се роди

Post Views: 6 Христос се роди. Вистина се роди. Од денес православните христијани ќе се поздравуваат со овај поздрав, славејќи го со тоа раѓањето на Исус Христос, Божик. Светите храмови во градов беа преполни со верници уште од раните утрински часови. Главната свечена литургија се одржа во црквата Св. Ѓорѓи каде чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. Дворот на црквата беше претесен да ги собере сите верници кои дошле да се помолат за здравје, среќа и благосостојба. Меѓу верниците во црквата Св. Ѓорѓи беше и претседателот на РМ Стево Пендароски кој заедно со...

Продолжи со читање

Откриени остатоците на античкиот град Дебрец

Post Views: 54 Откриени остатоците на античкиот град Дебрец. Тоа е град по чија местоположба истражуваа и трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век. Минатата година Филозофскиот факултет од Скопје спроведе истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, а годинава продолжија истражувањата во оваа општина на најзначајниот археолошки локалитет Требенишкото Кале. Денес се одржа промоција на резултатите и сознанијата од Проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019“. Сето ова што го правиме е во рамките на нашата заложба...

Продолжи со читање

„Армада“,нов брод во Охридското Езеро

Post Views: 10 Охридското Езеро ќе го крстари уште еден брод. „Армада“ е брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. Идеата на сопствениците да набават брод им тлеела одамна, но сега се создале услови за тоа. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи. Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да...

Продолжи со читање

Свечено отворен затворениот градски пазар

Post Views: 8 Охрид доби современ затворен зелен пазар. Денес во присуство на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, пратеници, градоначалникот на Охрид и Струга и други личности од јавниот живот, беше официјално отворен овој капитален објект. Ми преставува посебно задоволство и чуствувам голема радост што денес сме во Охрид да го отвориме зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет од 190 нови тезги направени по современи ХАСАП стандарди, рече Зоран Заев-премиер на Р.С Македонија. Пазарот е на површина од 6 779 метри квадратни, на три...

Продолжи со читање

Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица

Post Views: 5 Во Охрид нема регистрирани лица заразени од жолтица. Веќе 15 год. наназад ова заразно заболуцвање не е појавено во општинава. Но, откако во Скопје во изминативе три месеци од жолтица се заразило шеесет и едно лице, вработените од охридскиот Центарот за јавно здравје ги зголемија мерките на претпазливост. Од таму велат дека жолтицата не е високозаразна болест но мора редовно да се применуваат правилата за лична хигиена бидејќи таа е наречена уште и болест на нечисти раце. Посебно внимание треба да се одбрне во одржувањето на хигиената во градинките и училиштата...

Продолжи со читање