Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Акција на „Жито леб“:Купи еднo, земи две

Post Views: 198 Купи една земи две. Оваа акција денес и утре се спроведува во сите продавници на Жито леб. Купувачите со еден производ од жито леб добиваат еден гратис. Акцијата е на иницијатива на АД Жито леб, а се спроведува заедно со компанијата Огри чие седиште е во Скопје. Новите производи кои денес купувачите можеа да ги вкусат се направени од целозрнести брашна и содржат голем процент диететски влакна, богати се со протеини и се многу здрави за конзумирање во секојдневната исхрана. Има и хроно леб кој е доста актуелен за сите кои спроведуваат хроно диета, а ќе има и уште...

Продолжи со читање

ИЗИС:Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува

Post Views: 160 Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува, тврдат од ИЗИС. Тие Денес на пресс конференција кажаа дека опасноста од силен земјотрес е помината па сега се преминува кон утврдување на штетите од претходните. Од она што го знаеме од други земјотреси тлото пополека се смирува. Можеби ќе потрае уште некое време да има послаби потреси , но ќе се смири. Ние со една поголема екипа веќе сакаме да излеземе на терен и да направиме уште една контрола на оние објекти каде се пријавени оштетувања, вели Вероника Шендова- раководител на одделот за конструкции и материјали во...

Продолжи со читање

Користењето на педалинките да се стави во законска рамка

Post Views: 145 Реквизитите за забава во вода мора да се стават под контрола. Од Охридската капетанија велат дека во водите на езерото има околу 150 педалинки кои покрај што се навистина добро средство за рекреација и забава преставуваат и потенцијална опасност доколку правилно не се користат. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски смета дека и овие реквизити мора да се стават под некоја законска одредба со која ќе е регулирано како ќе се користат бидејќи досега не се внесени во Законот за внатрешна пловидба, освен задолжителното носење на спасоносни елеци кои мора...

Продолжи со читање

Ново научно дело од областа на нумизматиката

Post Views: 143 Збогатена збирката на научни дела од областа на нумизматиката. Охриѓанката Сања Битрак, археолог и нумизматичар вработена во Археолошкиот музеј во Скопје го престави пред охриѓани научното дело „Монетарна циркулација на Плаошник – Охрид во римскиот империјален период“ на кое работела повеќе 6 години вложувајќи го сето свое знаење и искуство. Книгата содржи 287 примероци на монети пронајдени на локалитетот Плаошник во периодот од 2001 до 2010 година. Монетите се ковани од сребро и бронза од 31 година п.н.е до 337 од нашата ера, односно од времето на владеењето...

Продолжи со читање

Tрадиционалната вечера-Ифтар

Post Views: 143 Oхриѓини од различни националности синоќа беа дел од Ифтарот или вечерата која се практикува за време на рамазанските пости . На плоштадот кај Чинарот на отворено ИВЗ и Локалната самоуправа организираа заедничка вечера. По залезот на сонцето и ударите на тапанот кој го означија почетокот на Ифтарот, турци, албанци, египѓани и македонци седнаа на заедничката вечера. Покрај големиот број на граѓани и претставниците на исламската верска заедница од Охрид беше присутен и градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници. Бакрачески кажа дека е горд што пред 4 години,...

Продолжи со читање

„Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници

Post Views: 181 Дневниот центар за грижа на лица со интелектуална попреченост „Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници. Со донацијата од австралиската амбасада во РМ во висина од 5 926 австралиски долари се набави нова опрема за кујната на центарот, техника и мебел. Денес во посета на центарот беше австралиската амбасадорка Џулијан Фини, која го помага центарот веќе две години. Ја придружуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој изрази огромна благодарност од оваа нивна соработка. Со реализацијата на овој проект кој беше потпишан во декември значително се подобрија...

Продолжи со читање

Пеш до врвот „Магаро“

Post Views: 162 Пеш до врвот „Магаро“. Планинскиот маратон кој го реализираа двајцата вљубеници во планините, Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески, заврши успешно. Тие изодеа пеш 50 км по Галичица, од Охрид до врвот „Магаро“ и назад до Велестово. Целта на овој нивни пионерски подвиг била да ги поттикнат граѓаните да се раздвижат и да биат дел од природата. Мотото на овој маратон беше„Движи се, да не заборавиш да одиш“. Секој може во текот на денот да најде половина или еден час за да направи некоја физичка активност. За потфатот трениравме секојдневно три и пол месеци. Оваа траса...

Продолжи со читање

Охридската капетанија ветува безбеден сообраќај во езерските води

Post Views: 200 Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Покрај вообичаените мерки кои се превземаат пред почетокот на летото набавен е и полесен пловен објект од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. На терен постојано ќе има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото. Ние имаме еден нов метод на работа, а тоа е проактивното работење што подразбира постојано присуство на инспекторите во водите на Охридското Езеро и честа посета на останатите природни и вештачки езера. Проактивното...

Продолжи со читање

Во градов има недостиг од контејнери

Post Views: 534 Граѓаните кои живеат во зградите на булевар „Туристичка“ на влезот на Охрид се жалат дека нема доволно контејнери каде да го одлагаат сметот. Објаснуваат дека на тој потег има шест згради, а само два контетјнери. Поради тоа многу често може да се забележи неубава слика околу контејнерите каде има секаков вид на отпад. Бараат од ЈП „Комуналец“ да постават барем уште неколку контејнери, посебно летово кога во тој дел од градов доаѓаат станари кои не живеат тука преку цела година. Скрческа објаснува дека контејнери има но дека во зимскиот период повлекувале дел од нив. Ние...

Продолжи со читање

Има ли решение за дивата депонија во Струга

Post Views: 164 Проблемот со депонијата во Струга, министерот за животна средина Садула Дураку, министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко како и ВД Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун ги седна на маса. Но, и после едночасовен разговор тие не излегоа со конкретно решение за овој горлив проблем. Рекоа дека во моментов се формирани специјални тела составени од експерти кои ќе работат на случајот за да се најде некое краткорочно решение за депонијата која ги труе граѓаните на Струга, а во меѓувреме ќа се бара и простор за изградба на регионална депонија со што трајно ќе...

Продолжи со читање

Столици и маси насекаде

Post Views: 183 Градот блокиран со столици и маси  поставени на летните тераси. На улицата „Гоце Делчев“ или позната како старата чаршија неколкуте ресторани  буквално го имаат узурпирано просторот па минувачите не можат да се разминат. Дополнителен метеж создаваат и подвижните реклами поставени на средината од старата чаршија кои ги има на секој чекор па оние кои шетаат можат да се сопнат на нив. Истата слика е и во центарот на градот. Речиси целокупната урбана опрема на летните тераси на градскиот плоштад е поставена надвор од жолтата линија која годиниве наназад требаше да биде...

Продолжи со читање

Стружани и денес протестираа

Post Views: 137 Со блокирање на крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан тие сакаат да го свртат вниманието кон проблемот со дивата депонија која го загадува градот. Од претставници на Владата на РМ им било ветено дека ќе се бара решение за проблемот. Ако не се исполнат ветувањата, стружани од среда ќе ги радикализираат протестите. Блокирана крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан. Граѓаните на Струга и денес на ваков начин протестираа, со цел да го свртат вниманието на јавноста...

Продолжи со читање