Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 148 Нова туристичка содржина во градов. Спортската манифестација Охрид трчаТ која за прв пат се одржа викендов атрактивна за гостите, но и за охриѓани кои масовно се приклучија трчајќи по охридските улици. Целта на овај настан кој беше во организација на Асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт е да се промовира здравиот начин на живот и да се оттргне младината од пороците. Охрид сам по себе е многу убав, има природни реткости и културни знаменитости. Но сепак му недостасуваа содржини. Ние тоа треба да го подобриме со ваков вид на настани. Сите видовме каква енергија...
Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости
Post Views: 182 Музејот на охридскиот бисер Филеви, магнет за странските гости. Речиси и да нема турист кој дошол во градов оваа сезона, а кој не ѕирнал што се случува во овој автентичен простор во непосредна близина на катедралната црква Св. Софија. Покрај што таму можат да се купат убави и уникатни парчиња накит изработен од охридски бисер, може на лице место да се види како бисерот се изработува, со каква емулзија тоа се прави, кој е начинот за да се дојде до тие сјајни перли кои красат многу дами. Семејството Филеви веќе 100 години ја негува традицијата на изработка на оригинален...
Како ќе функционира градов летово
Post Views: 153 Охриѓани прашуваат каков режим на сообраќај ќе има ова лето во градов. Бидејќи секоја година со одлука на совет се носи ново сообраќајно решение кое важи во текот на летната сезона, а мандатот на советот заврши уште на 24 март, се јави дилема како ќе биде решено ова прашање. Сообраќајниот режим е многу важен бидејќи во Охрид на лето речиси и да не може да се вози поради големиот метеж кој го создаваат зголемениот број возила со кои доаѓаат туристите. Со летниот режим кој функционираше години наназад дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел...
Украдени садници кај спомениците на паднатите борци
Post Views: 312 Зимзелените дрвца кои беа засадени во Спомен паркот на паднатите борци од активностите на здружението „Брег на младоста“, откорнати и украдени. 20тина стебла на ела од пред една недела ги нема во паркот. Група на вандали украле 15 елки при тоа не почитувајќи ја историјата на паднатите борци и заштитената флора на Националниот парк Галичица, но и непочитувајќи ги младите кои за прв пат засадија садници и се радуваа на своето постигнато дело, вели Теа Петкоска- претседател на младите волонтери на здружението „Брег на младоста“. Волонтерите на здружението „Брег на...
Брендот Лорис стигна и во Охрид
Post Views: 174 Нова парфимерија во градов. Брендот Лорис стигна и во Охрид. Околу 450 копии на оригиналните парфеми, спакувани во идентично шише можат да се купат сега и кај нас. Не се работи за фалсификати туку парфемите се производ на турска компанија, маслата се идентични како кај оригиналите и имаат трајност од 6 до 8 часа, многу повеќе и од оригиналните парфеми, објаснува сопственикот на парфимеријата, Јосиф Ќурчиески. Има парфеми од речиси сите познати брендови, машки и женски како и спрејови за тело, гелови за туширање, ролони. Ваква парфимерија е отворена во Скопје и многу...
Охриѓани подготвени да трчаат
Post Views: 148 Охриѓани подготвени да трчаат. Големиот спортски настан „Охрид трчаТ“ кој е во организација на Асоцијацијата за спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги обедини граѓаните од различни возрасни и социјални категории. Досега се пријавени околу 150 охриѓани кои трчајќи сакаат да дадат свој допринос во промоцијата на спортските настани кои се одржуваат во Охрид. Како спортска дисциплина е избрано трчањето бидејќи атлетиката е основа на сите спортови, но и здрава навика за добар психофизички живот. Oвој настан организаторите планираат да прерасне во традиција. Целта...
Општинскиот пазарен инспекторат ги чешлаше вилите во градов
Post Views: 187 Општинскиот пазарен инспекторат во координирана акција со Државниот пазарен инспекторат и со туристичките инспектори од Локланата самоуправа, ги чешлаа вилите во градов. Проверуваа дали во согласност со нивната категоризацијата поседуваат решение за работа. Контролирани биле преку 60 субјекти на територијата на Општина Охрид и тоа во Велестово во Коњско и Рача. Оваа акција била на иницијатива на ХОТАМ бидејќи ваквите приватни субјекти кои го прекршуваат законот преставуваат нелојална конкуренција за хотелите. Тие сите поседуваат решение за категоризација меѓутоа...
„Спортот и семејните вредности“
Post Views: 154 „Спортот и семејните вредности“. Под ова мото во спортската сала од Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг на кој учествуваа основци од речиси сите училишта во градов и нивните родители. Тие низ игра ги одгатнуваа спортските задачи кои беа навистина интертесни и предизвика воодушевување и кај учесниците и кај публиката. На присутните им се обрати поранешниот Европски првак во карате, Наташа Илиевска Јордановска која рече дека задоволството...
Матурска парада за убав завршеток на средношколските денови
Post Views: 188 Точно напладне по единаесетти пат на плоштадот „Св. Климент Охридски“ се слушнаа звуците на штраусовиот Лилјак. Матурантите од охридските средни училишта облечени во црвени и жолти маички, пред многубројната публика во која покрај родители и нивни блиски имаше и многу љубопитни минувачи, го танцуваа матурскиот квадрил. Како и секоја година, така и оваа, преку матурската парада, младите ја пратија универзалната порака за ненасилство и мир. Парадата засекогаш ќе остане во нивното сеќавање како една убава завршница на средношколските денови. Оваа парада сигурна сум...
Паскали Бунташеска: се е шпекулација околу реконструкцијата на Али пашината џамија
Post Views: 187 Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска денес свика пресс конференција за како што рече еднаш конечно да се разрешеле дилемите на граѓаните околу реконстркцијата на Али пашината џамија која се наоѓа во центарот на градот и да завршат шпекулациите околу ова тема. Бунташеска и официјално ги потврди информациите кои ги објави ТВМ пред неколку дена дека висината на минарето на џамијата навистина ќе биде 32 метри.Според нашите конзерваторски принципи и според сите закони за конзервација доколку постојат...
Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност
Post Views: 247 Реконструкцијата на Али Пашината џамија ја разбранува охридската јавност. Деновиве се поставуваат многу прашања околу нејзиниот изглед, висината на минарето за кое се шпекулира дека ќе биде високо 32 мери, а граѓаните прашуаваат и дали е добиено одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на овој верски објект кој се наоѓа во центарот на градот. Директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Тања Паскали Бунташеска не открива колку точно метри ќе биде високо минарето но вели дека ќе се градело минаре...
Утре е меѓународниот ден на мајката
Post Views: 328 Утре е меѓународниот ден на мајката. Овој ден нема исто значење со 8ми Март, денот на жената. Денот на мајката е посветен на сите мајки во светот со цел да се истакне нивната улога во семејството, при подигнувањето на децата и како една од основните клетки на општеството, но и како важен дел од општествените процеси која придонесува за прогрес во истите. Женскиот центар „Бисера“ веќе петнаесеттина години го одбележува овој ден. Инаку овој ден ЖЦ „Бисера“ како манифестација го одбележува на ниво на општина Охрид и досега имавме голема поддршка од сите локални самоуправи...