Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 10 71 милион денари повеќе од една година чекаат во Министерството за Транспорт и врски Општина Охрид да се сети и да ги подигне. Овие средства се грант кој го издвоила Владата за Охрид, за изградба на систем за водоснабдување и одведување на отпадни води. За подигање на овие пари Општина Охрид не мора да изготви проект туку треба само да донесе одлука на совет и да прецизира за што точно ќе бидат искористени. Што е многу важно истите се неповратни. Локалната исто така може да дојде и до пари преку претпристапна помош во вид на грантови од Европската унија. Општините...
Охридското езеро го демнат нови опасности
Post Views: 4 Урбанизацијата на крајбрежниот дел, нерешениот проблем со колекторскиот систем кај Радожда, Трпејца и Љубаништа, немањето субјект кој стопанисува со езерото, проблемите со рибниот фонд се повеќе го загрозуваат Охридското езеро. Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за Охридското езеро вели дека крајно време е да и се застане на патот на сериозната агресија што му се прави на езерото. Затоа денес претставници на институции од централно и локално ниво за заштита и управување со Охридското Езеро, како и претставници на невладиниот сектор од Охрид и Струга седнаа...
Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа
Post Views: 8 Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа за решавање на проблемите во сообраќајот и за воведување смс систем на паркинзите во градов. Планирано е поставување рампи во стариот дел на градот на двата негови влеза со што ќе се регулира сообраќајот во летниот период. Овај пат Локланата ќе се потруди да понуди издржливо решение кое во најголем дел ќе одговори на она што значи предизвик за зголемениот сообраќај и зголемениот број возила во текот на летниот период. Во тек се анализи што нам како на локална ќе ни биде попрактично и финансиски поисплатливо, вели...
Книгата се враќа кај читателите
Post Views: 7 Само во првите два месеци од оваа година во НУ библиотека „Григор Прличев“ се запишани 200 нови членови. Директорката на оваа установа Гордана Змејкоска вели дека радува овој податок бидејќи библиотеката повторно си го добива своето вистинско значење како место на книгата каде се спојуваат минатото и сегашноста. Уште повеќе влева надеж тоа што младата читателска публика се враќа. Во последно време почнува да се враќа младата читателска публика. Во еден период имавме многу млада читателска публика, потоа еден период малку тоа замре, па се зголеми бројот на...
Владата на РМ ќе го послуша УНЕСКО
Post Views: 3 Извештајот на Владата на РМ во кој му го објаснува на УНЕСКО напредокот во имплементацијата на препораките од Реактивната мониторинг мисија на организацијата за заштита на природното и културното светско наследство, пред очите на јавноста. Македонската влада во овој извештај на 22 страници кој содржи 3 анекси, објаснува дека презела соодветни мерки и активности со кои е отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско културно наследство на УНЕСКО. Владата се откажува од проектот за изградба на ски центар на Галичица, се стопира и проектот...
Од Здружението „Совест“ предлагаат да се спроведе референдум
Post Views: 6 Али пашината џамија во Охрид предизвика жолчна дебата која се водеше синоќа на МАКФАКС. Михаил Трендафилов-Нанче, претседателот на здружението „Совест“ ги кршеше копјата со неговиот соговорник Валентино Димитровски од Управата за заштита на културното наследство. Трендафилов ги бранеше ставовите на граѓаните во здружението дека на Али-пашината џамија се работи без одобрение за градба со тешка градежна механизација што го уништува просторот наоколу каде што претходно имало црква. Од здружението стравуваат дека Охрид ќе ја изгуби автентичноста и обвинуваат дека...
„Проаква“ си ја сака и канализацијата
Post Views: 8 Дали одржувањето на канализациониот систем од „Нискоградба“ повторно се враќа во „Проаква“? Ова е идеја на Директорот на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски со цел двата системи водоводниот и канализациониот повторно да бидат под една капа. Старкоски објаснува дека со тоа Нискоградба ништо не губи и не се намалува нејзиниот буџет. Тој вели дека Проаква и сега врши фактуртирање на канализацијата и отпадните води, само во овој случај би се изменило само водењето на основните средства на канализациониот системРаководителот на РЕ „Водовод канализација и колектор Струга“,...
Охрид конечно ќе добие современа библиотека
Post Views: 8 НУ библиотека „Григор Прличев“ до налето ќе се пресели во новите простории. Со тоа ќе се реализира одлуката на Владата на РМ донесена уште во 2013та а со која просториите каде беше сместена НУ Фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест. Постапката која започна пред пет години се оддолжи поради немањето доволно срества за дозавршување на работите. Во првата фаза од овој проект беа направени погрубите градежни работи како малтерај, поставување изолација, менување на подот, а во втората фаза се уредуваше внатрешниот дел....