Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 189 Креативноста на наставниците и учениците од ОУ „Кочо Рацин“ нема граници. Тие од пластични шишиња и рециклиран материјал изработиле прекрасни кукли во народни носии. Проектот „Креативна работилница“ години наназад се спроведува во ова училиште, но идеата за ваквите изработки е на две колешки кои сакале да покажат каква е примената на куклите во образовниот систем. Бидејќи тоа е едно мое хоби со кое во слободно време со задоволство се занимавам, дојдов на идеа како можеме да направиме и со ученициве нешто интересно што не се прави во секое училиште , а го нема и...
Сугарески дециден – Туристичка ќе се реконструира
Post Views: 225 Туристичка ќе се реконструира. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денес при посетата на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски најави градежни зафати на патот од влезот на Охрид до Билјанини извори, како и на патниот правец Охрид-Св. Наум. Оваа есен, рече Сугарески Охрид ќе биде едно големо градилиште. Наредните денови ќе започнат градежните работи на Туристичка. Работите малку се пролонгираа поради туристичката сезона, но во наредните петнаесеттина дена ќе отпочне реконструкцијата на тој патен правец, рече министерот Сугарески.Оваа година исто...
Каде е флексибилноста
Post Views: 148 Родител чие дете е згрижено во градинката „Јасна Ристеска“ реагираше до нашата редакција на како што вели, некоректниот однос на директорката на оваа предшколска установа, Роза Костоска. Мајката која задоцнила 10 минути од дозволеното време за прием на децата, а тоа е 8.30 часот буквално била вербално нападната од директорката и тоа пред нејзините две деца на возраст од три и четири години. Не и било дозволено воопшто да објасни зошто доцни и дека има оправдана причина за тоа, само и било речено дека децата нема да бидат згрижени. Мајката реагира на нефлексибилниот...
Основното училиште Св. „Климент Охридски“ се промовира пред родителите кои имаат првачиња
Post Views: 151 Основното училиште Св. „Климент Охридски“ започна со своја промоција пред родителите кои имаат првачиња. Во градинката „Јасна Ристеска“ им ги презентираа предностите на оваа образовна установа и условите кои таму се нудат. Оваа година при прзентацијата акцен ставаат на успесите кои ги има постигнатo училиштето. Минатата недела на државните натпревари најголемиот број на први места ги освоија учениците токму од нашето училиште. Тоа зборува за реформите кои ги направивме и за трудот кој наставниот кадар континуирано го вложува. На регионалните натпревари освоивме...
„Рециклирање и имагинација“
Post Views: 197 Планетата Земја ни е една и единствена и сите треба да ја чуваме. Дечињата од градинката „Јасна Ристеска“ облечени во прекрасни костими од рециклирани материјали преку песна и игра ни ја пренесоа оваа порака. Приредбата беше дел од проектот „Рециклирање и имагинација“ кој тимот од градинката го реализира во сите групи. Овој настан предизвика радост и насмевки на детските лица. Тимот на воспитувачки од градинката повеќе од еден месец се подготвувале за денешниот настан. Покрај во учење песничките поврзани со планетата Земја многу труд бил вложен и во изработката...
Автентични фотографии од победата над фашизмот
Post Views: 223 Победата над фашизмот, доловена преку триесеттина автентични фотографии од Втората светска војна. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше отворена изложбата по повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот. Организатори на овај настан беа Амбасадата на Руската федерација во Република Македонија, Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид и Општина Охрид. Пораката која што ја праќа оваа изложба е дека не треба да го заборавиме 9ти мај и тоа што нашите минати генерации и претходници го вградиле за тоа што денес го имаме и треба да го чуваме и негуваме,...
Охриѓани добро обучени за пружање прва помош
Post Views: 149 Охриѓани посебно младите заинтересирани да се обучат како да пружат прва помош. Според податоците со кои располага Општинската организација на Црвен крст, 20 до 30% од населението знае да укаже прва помош правилно, вели Сашо Точко, претседател на Црвен крст Охрид. Денес по 46-ти пат се одржа Општинскиот натпревар по прва помош. На седум пунктови низ градов, младите активисти од Црвен Крст заедно со учениците од основните и средните училишта кои посетуваа обуки за прва помош, ги спроведуваа предвидените активности. Годинава околу 200 млади биле обучени за давање прва...
Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција
Post Views: 157 Охрид е најбезбеден град во државава, тврдат од охридската полиција. СВР Охрид е гарант на безбедноста на охриѓани, но и на туристите кои доаѓаат, истакна портпаролот на Секторот, Стефан Димоски на денешниот свечен прием по повод 7мај, Денот на македонската полиција. Тој додаде дека СВР Охрид е современа полициска организација која во сузбивањето на сите видови криминалитет практикува современи полициски методи тактки и стратегии.Состојбите во јавниот ред и мир се исклучително позитивни, во Охрид нема негово нарушување од поголем обем. Сите случаи се решаваат веднаш,...
Задолжителна дезинфикација на приватните станови наменети за туристичка дејност ќе се дезинфицираат
Post Views: 222 Приватните станови во кои се врши туристичка дејност ќе се дезинфицираат. Во рамките на своите законски надлежности и овластувања, а во пресрет на престојната туристичка сезона, Центарот за јавно здравје Охрид кај давателите на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор ќе спроведува задолжителна превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање угостителски услуги, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Тоа го санкционираат инспекциските служби… затоа ние апелираме да се направи навремено дезинфекција за да...
Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта
Post Views: 158 Започна уредувањето на крошната на Чинарот во населбата Кошишта кој е стар околу 500 год. Ова е дел од проектот за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата, а кој неодамна го изработи Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите и на стариот кочеџик кај црквата Св. Богородица Перивлепта, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мониторинг...
Охриѓани денес се потпишуваа за поддршка на граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи
Post Views: 263 Граѓанската повелба за реафирмирање на човековите права и слободи денес претставена пред граѓаните на Охрид. Иницијативата за овој настан е на Цивил Медиа од каде појаснуваат дека оваа повелба е документ кој ја реафирмира потребата од подобрување на условите, во кои граѓанското дејствување се гледа во последните години како жртва на сериозен притисок, како политички, така и од бизнис структурите. Граѓанската повелба е глобален документ, со кој се реафирмираат човековите права и слободи, потребата на граѓанките и граѓаните да учествуваат во донесувањето на одлуките...
Казна му е мајката
Post Views: 176 Просторот помеѓу улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои честопати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Уште пред три години Телевизија ТВМ го актуелизираше овој проблем, но сеуште никој не го реши. Уште тогаш од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа беа поставени два знаци за забрането запирање и паркирање и од едната и од другата страна на спојката непосредно до ресторанот...