Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Новите директори се навистина нови

Post Views: 9  Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“  дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на...

Продолжи со читање

Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со голем број проблеми

Post Views: 3 Семејствата на лица со попреченост на локално ниво се соочуваат со недоволни социјални, здравствени и образовни услуги. Ова го покажува извештајот „Од закон до реалност“ на Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината Птица – Скопје“, по истражувањето спроведено во три општини низ Македонија – Охрид, Боговиње и Берово. Целта на проектот е јакнење на капацитетите на семејствата кои имаат деца со попреченост. Истражувањето е направено преку фокус групи, каде низ директните сведоштва на родителите се пренесени условите и проблемите со кои се...

Продолжи со читање

„Нискоградба“ остана со кратки ракави

Post Views: 4 Одржувањето на дел од водоснабдителниот систем Од ЈП „Нискоградба Охрид“ преминува во МЈП „Проаква“. Официјално ова треба да биде потврдено е на Седницата на Општина Охрид која ќе се одржи во четврток. Ова се јавило како потреба по направените сондажи во двете претпријатија. Раководителот на РЕ „Водовод, канализација и колектор, Струга“, Ваит Ајро вели дека се докажало дека пред две години се направила голема грешка кога се одлучило со дел од водоснабдителниот систем во Охрид да стопанисува „Нискоградаба“.„Јас лично бев против да се превземат одредени услуги од МЈП...

Продолжи со читање

Дали ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна

Post Views: 6 ТП единица да се премести во простории од некогашната касарна. Ова неодамна го најави градоначалникот Јован Стојаноски кој рече дека после целосно ставање во функција на просторот на поранешната касарна „Михајло Апостолски“ кој ќе и припадне на локалната, противпожарната и уште неколку институции од градов планирано е да се дислоцираат таму. Но Стојаноски додаде дека претходно ќе се разговара со надлежните дали за нив е прифатливо ваквото решение и дали им одговара ваквата промена на локациајта. Од ТП единица велат дека оваа идеја е стара и датира уште од пред пет...

Продолжи со читање

Патот на плашицата

Post Views: 14 10 февруари. Телефонски повик до редакцијата на ТВМ. Се јави  познат екологист од Охрид. Новинари брзајте, земете камера и доаѓајте во каналот „Студенчишта“. Се случи природен феномен. Јата на плашици се собрани во каналот. 11 февруари, нов момент. Не е феномен туку еколошка катастрофа. Помор на плашицата. Тогаш претседателот на Спортското риболовно друштво Св. „Апостол Петар“,  Радован Димитриески рече дека „Каналот Билјанини извори, наместо туристичка атракција стана мистерија“. На терен излегоа и сите надлежни институции. Меѓу нив беше и државниот инспектор за...

Продолжи со читање

ОК на ВМРО ДПМНЕ обвинува дека СДСМ продолжува со партиски вработувања

Post Views: 6 Охридската ВМРО ДПМНЕ денес со нови обвинувања упатени кон СДСМ. Велат дека партијата на власт продолжува со партиски вработувања и политички реваншизам и како што Дамјан Манчевски јавно признал СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и распишала нови огласи за привремено вработување. Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна...

Продолжи со читање

Мерко: За два месеци ќе се реши проблемот со дивата депонија во Струга

Post Views: 7 Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко. За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава,...

Продолжи со читање

Прашања кои заслужуваат одговор

Post Views: 4 Каде се 50те милиони евра, пари на граѓаните кои Локалната ги потроши за овие седум години, а за возврат не направи ништо? Како се создадени нови долгови од околу 15 милиони евра кога Градоначалникот Александар Петрески рече дека пред три години сите заостанати долгови Локалната ги исплатила? Зошто од страна на Општината се бојкотираат проектите како изградба на здравствен дом, изградба на покриен базен, реновирање на спортската сала во Велгошти и изградба  на нови игралишта. Ова се прашања кои Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ ги упатува до Градоначалникот на...

Продолжи со читање