Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 186 Во Охрид пристигна брендот „Вили“ под кој се препознаваат едни од најдобрите сендвичари во државава. Ова име веќе 13 години успешно опстојува на пазарот и им нуди на љубителите на брзата храна висок квалитет и посебно уживање. Покрај во Македонија, сендвичарите „Вили“ шест години ги имаше и во Србија каде исто така успешно работеа создавајќи свој препознатлив имиџ, вели сопственикот Вили Ракичевиќ. Плескавиците се од јунешко месо, запазен е хасап системот, имаме и сопствено производство на месо и на целиот асортиман. Значи имаме квалитет, но и пристапни цени и затоа...
Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоз
Post Views: 147 Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината. Планот кој...
Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов
Post Views: 168 Одбележана 112 годишнината од херојската смрт на Христо Узунов. Денеска пред споменикот на војводата во Градскиот парк, свежо цвеќе положија делегации на Општина Охрид, институции, политичките партии и невладини организации. Пред спомен-обележјето на Христо Узунов се одржа историски час и културно-уметничка програма. Христо Узунов е човек кој се бореше за нашата слобода, една маркантна личност која и ден денес со гордост ја спомнуваме. Среќна сум што за неговото име и дело знаат и помладите генерации па и тие со гордост го спомнуваат, вели советничката Оливија Пирузева...
За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар
Post Views: 174 Започнаа подготвителните работи околу изградбата на новиот зелен пазар. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека тие ќе траат околу дваесеттина дена кога ќе вршат заштита на околните објекти од можни оштетувања поради градежните зафати кои ќе се прават. Потоа уште дваесеттина дена ќе се работи на подготвување на подлогата по што ќе се започне со градба на објектот. Ќе се работи и во летниот период. Имавме досега некои проблеми но за среќа ги надминавме . Како проблем уште остана една линија од канализацијата....
Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници
Post Views: 183 Во охридскиот регион нема опасност од ширење на мали сипаници. Тоа се должи на високиот степен на имунизациоја, велат епидемиолозите. Во првото тромесечие на 2016 процентот за прва вакцинација од МРП бил 92, а за ревакцинација 95. Додека пак во првото тромесечие на 2017та процентот нешто паднал, но сепак е доста висок и за прва вакцинација изнесува 87 за ревакцунација 92. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека во други градови и помали места во државава постои реална опасност од епидемија од морбили поради нискиот степен на имунизација. Тоа пред...
ВМРО ДПМНЕ: Пресметана хајка врз поранешните директори
Post Views: 208 Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ преку политички монтирани случаи сака да го руши угледот на поранешните директори од ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека политичкиот прогон е секојдневно присутен и дека СДСМ води нарачана, и пресметана хајка врз поранешните директори на ВМРО-ДПМНЕ поднесувајќи преку институциите неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел. Се работи за партиски нарачки, класичен дегутантен пример на политички монтирани случаи, базирани на погрешни претпоставки и лажни конструкции а целта е рушење на угледот на личноста...
Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд
Post Views: 167 Хотелиерите задоволни како измина продолжениот велигденски викенд. Капацитетите речиси полни, понудата солидна, а гостите задоволни. Ова на некој начин е и почеток на туристичката сезона која ни престои. Се надеваат дека таа ќе биде поуспешна од минатата бидејќи покрај традиционалните гости од земјите од Бенелукс кои доаѓаат со востановените чартер летови, оваа година ќе имаме чартери и од Полска. Тоа ќе биде и новитет во регионот бидејќиполските туристи ќе ги има во доста голем број. За нив се подготвува и посебна анимација со самата агенција која ги организира...
Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост
Post Views: 162 Охридските деници уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Членките на женскиот лајанс клуб Деница денес на грдскиот плоштад продаваа велигденски јајца украсени од нив самите и готвачот со рецепти „Готвиете Деници“ кој неодамна го промовираа по повод 5тиот роденден. Имајќи во предвид дека во клубот членуваат успешни жени, сопруги, домакинки и професионалци во она што го работат сакавме за нашето петгодишно постоење да оставиме еден убав белег и со таа цел го создадовме куварот „Гответе со Деници“ кој првично беше промовиран на традиционалниот бал под маски кој се...
Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна
Post Views: 141 Децата од основното училиште „Григор Прличев“ ја покажаа својата хумана страна. Со продажба на свои ракотворби и цртежи тие собираа пари кои ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Ваквите акции ја развиваат нивната свест и желбата некому да се помогне. Нивната креативност и имагинација навистина воодушевуваат. Овој денешен хуманитарен велигденски хепенинг има и забавен карактер. Посетителите на штандот кој се наоѓа во просториите на маркетот Кам на ул. 7 Ноември ќе можат да уживаат во убавата предвелигденска атмосфера. На крајот има и еден симболичен натпревар во...
Почна празничната еуфорија
Post Views: 160 Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата. Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 250 до 280 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со долгогодишно...
Задолжителна вакцинација за патување во Азија и Африка
Post Views: 218 Нема патување во одредени азиски и африкански држави, доколку граѓаните не се заштитат од заразните заболувања кои таму се присутни. Охридските туристички агенции имаат добра соработка со охридскиот ЦЗЈЗ и постојано се интересираат кои вакцини треба да ги примат нивните патници кои посетуваат некои поегзотични земји. Со ЦЗЈЗ соработуваат и градежните фирми, кои посебно во летниот период испраќаат работници на работа во странство. Бараат совети и добиваат совети. Посебно оние кои патуваат во странство прашуваат како треба да се заштитат и како можат да бидат вакцинирани...
Заврши судскиот процес за случајот „Лизгалиште“
Post Views: 161 Заврши судски процес за случајот „Лизгалиште“. Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески уште пред три години го тужи советникот од ЛДП Дејан Блажески за клевета бидејќи проектот за лизгалиштето на охридскиот плоштад го нарекол штетен и криминален, а при тоа го споменал неговото име како потписник на договорот. Блажески пак, тврдеше дека никаде не споменал дека договорот е криминален туку дека имал основано сомнение за контроверзен договор. Спасески во овој спор првенствено бараше оштета од 5000 евра , за наводно изнесени клевети во врска со градското лизгалиште,...