Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Нова можност за отварање сопствен бизнис

Post Views: 1 Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична  соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис. За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и...

Продолжи со читање

Денес се е во знакот на црвената боја

Post Views: 3 Денес се слават Св.Трифун и Св.Валентин и се е во знакот на црвената боја. Со црвено вино и црвени срцa се одбележуваат овие два празници од кои едниот е православен, а другиот католички. Некои граѓани го слават едниот, некои другиот, некои наоѓаат време и за двата празника, а некои воопшто не слават. Свети Трифун е светецот кој во православието е познат по своите добри дела, скромност и верба во Христа. Тој е познат по чудата што ги правел. Една од приказните вели дека свети Трифун ја спасил царевата ќерка која била болна. Свети Трифун е и заштитник на лозјето и...

Продолжи со читање

Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната

Post Views: 11 Туристичките агенции од Охрид лути на Локалната. Поголемиот дел од нивните сопственици тврдат дека таа има селективен однос и дека за некои  е мајка а за други маќеа. Ваквата реакција е резултат на тоа што за учество на  саемот во Белград кој се одржа неодамна од Секторот за локален економски развој не добиле никаква покана. Од десеттината локални  агенции кои работат во Охрид, официјално била поканета само една.  Филип Стефаноски, регионалниот директор на Т.А. „Летс травел“ вели дека покана од официјални лица кои работат во туристичката бранша и од Локалната...

Продолжи со читање

Охриѓанка изгоре во пожар

Post Views: 3 Седумдесет годишна охриѓанка изгоре во пожар. Пожарот избувнал во стан во зграда на булеварот „Туристичка“, рано утрово каде жената која била неподвижна живеела сама. Пожарот го пријавиле соседите. Дојдов јас утрово на работа, јас тука работам, видов чад, соседката повика помош и излеговме сите. Сакавме да ја спасиме жената, но не успеавме. Викнавме брза помош и пожарна, дојде и полиција, но не успеаја да ја спасат жената. Жал ми е многу. На брзина се се случи, вели соседка која била очевидец на настанот. Противпожарната служба пристигнала во 7часот и 15...

Продолжи со читање

Ново адреналинско доживување во Охрид

Post Views: 2 Ново адреналинско доживување во Охрид. Викендов успешно беше реализирана зимската OffRoad тура од Кичево до Охрид. Седумдесетина џипови од цела Македонија и двесте учесници беа дел од овој настан во организација на OffRoad клубот од Охрид. Турата била доста тешка поради временските услови кои постојано се менувале. Учесниците се бореле со кал, снег и мраз, но никој не се откажал од ова авантуристичко патување и сите пристигнале на целта. Најтешко било на планинските врвови, каде снежната покривка достигнувала и до еден метар висина, велат учесниците кои ги...

Продолжи со читање

Ќе се става ред во каналот Студенчишта

Post Views: 1 Ќе се уредува каналот Студенчишта, а се поизвесна станува и изградбата на марина. Градоначалникот Јован Стојаноски вели дека овој капитален проект мора да се реализира, но најпрво треба да се заштити Студенчишкото блато бидејќи неговото значење за Охридското езеро е огромно. Веќе е договорено да се направи ревизија на Студијата за Студенчишкото блато, разговорите со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за одбрана се во завршна фаза и ако студијата за блатото покаже дека може да се гради марина на тој потег тоа и ќе се направи, вели Стојаноски....

Продолжи со читање

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник

Post Views: 4 Со пригодна свеченост во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, синоќа, основното училиште што го носи името на великанот, го одбележа патрониот празник. Учениците и нивните професори несебично се потрудија да направат една богата културно уметничка програма која го задржа вниманието на присутните кои ги имаше во навистина голем број. Би сакала да им се заблагодарам на нашите ученици на нашите наставници за целокупната подршка која ни ја даваат за да го постигниме она што сме го зацритале. За патрониов празник имавме голема раздвиженост, имавме многу пофалени...

Продолжи со читање

Прличева визита

Post Views: 2 Охриѓани го чествуваат делото и името на вториот Хомер, Григор Прличев. Денес во неговата родна куќа се одржа познатата прличева визита. Градоначалникот Јован Стојаноски во обраќањето пред присутните меѓу кои имаше и потомци на Прличеви рече дека Григор Прличев е вонвременски охриѓанец, гордост на градот. Дека тој бил и ќе остане човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја и придонеаол за национално будење. Стојаноски кажа дека културното шестдецениското институционално чествување на...

Продолжи со читање