Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

УНЕСКО треба да даде мислење дали она што се прави на Али пашината џамија

Post Views: 6 Министерството за култура ќе бара проценка и мислење од УНЕСКО дали она што се прави на Али пашината џамија во Охрид е во согласност со светските практики. Од министерството ќе уптата прашање до УНЕСКО дали организацијата за заштита на светското наследство оправдува реконструкција на објект во неговите оригинални димензии. Она на што во следниот период ќе инсистираме е да не се создаде ситуација да тоа минаре се изгради, а без да побараме претходно мислење од УНЕСКО, а потоа и политички договор, вели Роберт Алаѓозоски- министер за култура . Неодамна...

Продолжи со читање

Охридскиот регион претрпе големи штети од обилните врнежи

Post Views: 3 Десеттина граѓани денес ги пријавиле штетите од вчерашните поплави. Уште вчера во утринските часови од повеќе населени места во градов и околината имало голем број јавувања од граѓани кои претрпеле штети од обилните врнежи кои го зафатија регионов во изминатите денови. Се јавиле од Опеница, Косел, Долно, Горно Лакочереј, Орман улица Железничка, Дејан Војвода. Од првичните проценки оштетувања ќе има на 445 00 метри квадратни или околу 40 до 50 хектари. Најкритично е во село Орман каде се поплавени стамбени објекти и многу земјоделски површини со раноградинарски...

Продолжи со читање

Расте бројот на заболени од Алцхајмерова деменција

Post Views: 23 Се поголем е бројот на лица кои имаат алцхајмерова болест или деменција. Причини за тоа има повеќе, а најчесто е стресниот живот и емоционалните проблеми на граѓаните како и нездравиот начин на живеење. Д-р Драган Илиевски, претседателот на Здружението за Алцхајмерова болест вели дека таа е една од најстрашните болести која се уште не е доволно проучена и за која современата медицина нема пронајдено конкретен лек. Поради тоа денес во Струга и Охрид се одржа бесплатно предавање „Превенција и рана дијагностика на Алцхајмеровата болест-деменција“. Најважна е...

Продолжи со читање

На паркинзите во Охрид конечно ќе се воведе смс систем на наплата

Post Views: 5 Летово на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“ ќе се воведе системот за наплата преку смс пораки. Овој начин на плаќање беше најавен уште пред неколку години, но тогашната локална власт не успеа да го имплементира. Со овој систем во голема мера ќе се зголеми процентот на наплата, вели директорката Гордана Јованоска. Ќе имаме посовремен начин на наплата што му доликува на град како што е Охрид. Овој систем требаше да биде и досега воведен, но никогаш не е доцна. Ние веќе работиме на таа проблематика. Локалната изготвува и студија за спроведување на...

Продолжи со читање

Охрид ќе организира гастро тура

Post Views: 1 Врвни европски готвачи со мишелин ѕвезди ќе дојдат во Охрид за да ги збогатат мениата во угостителските објекти со интересни јадења, но и да им ги пренесат на нашите кувари тајните на гастрономијата. Охрид ќе организира гастро тура . Оваа активност на Секторот ТЛЕР е дел од годинешната програма која има за цел да ги прошири активностите со кои градов ќе привлече повеќе гости и ќе даде поквалитетна понуда. Ќе имаат можност со локално произведени производи да ги збогатат менијата во угостителските објекти. Ќе пробаме да направиме некои нови јадења кои ќе се...

Продолжи со читање

Расте бројот на заболени од грип

Post Views: 2 Во Охрид се зголемува број на заболени од грип. Во третата недела од месец јануари имало само 15, а во четвртата бројката двојно се зголемила на 38. Заболените се на возраст од 15 до 59 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Испратени се анализи, брисеви од грло и нос од пациенти со клиничка слика на грип меѓутоа резултатите сеуште не се готови. Испратени се во институт за Јавно здравје во Скопје, вели Д-р Јованка Стурлакова-Епидемиолог. Според овие податоци во овој период од...

Продолжи со читање

Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам

Post Views: 2 Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам. Моментално на терените на СРЦ „Билјанини извори“ тренираат 11 фудбалски екипи од земјава и околните држави. Подготовките се веќе на средина, а поради поволните временски услови започнале порано од вообичаеното. Охрид како град можи да нуди многу во однос на зимските подготовки и за развој на спртскиот туризам. Потребна е работа, нам како јавно претпријатие ни треба да ги подобриме условиоте, да направиме уште еден терен со природна трева, Гордана Јованоска- директорка на ЈП „Билјанини извори“. Македонските...

Продолжи со читање

Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината

Post Views: 3 Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината. Тој рече дека се знае точно колку општината должи, но дека сега не е вистински момент за да се каже тој податок бидејќи во тек се преговорите со доверителите за опростување на дел од долгот или на дел од каматите. Ние дневно како општина губиме по 10 000 евра. Толку растат долговите на општината. Или претворено во број на вработувања секојдневно губиме по две вработувања во рамките на општината, кажа градоначалникот. Стојаноски посочи дека покрај финансискиот долг проблем на општината...

Продолжи со читање