Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 2 Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните по изминати 100 дена од неговото назначување на оваа функција. Тој рече дека и отчетот е дел од ветувањата кои ги дал за време на кампањата дека ќе работи транспарентно, а охриѓани ќе бидат информирани за се она што се случува во општината. Градоначалникот кажа дека иако времето е кратко, а и периодот во кој беше назначен бил турбулентен заедно со неговиот тим успеале да реализираат некои проекти од суштинско значење за градот. Листата на проекти на општина Охрид за 2018 година е следна: Во лошо време беа...
Охридските угостители незадоволни од новите тарифи за поставување урбана опрема
Post Views: 4 Поставувањето урбана опрема многу ќе ги чини угостителите. Советот на Општина Охрид даде предлог одлука за воведување нови тарифи за поставување урбана опрема со што угостителите и сите оние кои ќе сакаат да постават урбана опрема ќе треба да плаќаат за 60% повеќе средства од тоа што било досега. Ова предизвика негодување кај еснафот поради што испратиле и допис до локалната во кој ги наведуваат сите пропусти во оваа предлог одлука, како и негативниот ефект што ќе ја има истата доколку се донесе во таа форма. Од охридскиот еснаф на угостители покрај тоа што...
За Али Пашината џамија во Охрид ќе се дискутира на седница на Влада
Post Views: 1 На седница на Влада која ќе се одржи идната недела ќе се дискутира за активностите на Али Пашината џамија во Охрид. Ова доаѓа еден месец откако Министерот за култура Роберт Алаѓозовски изјави дека проектот за конзервација и реконструкција на џамијата е стопиран и дека ќе се преиспитува од страна на стручни лица од ресорното министерство. После тоа следуваше период на затишје, но граѓаните деновиве повторно реагираат дека на локацијата која е заградена со високи лимови и на кои има ознаки забрането фотографирање и снимање повторно се работи. Ги запрашавме од...
Охрид ќе добие уште еден мини зелен пазар
Post Views: 5 На паркингот кај општата болница ќе биде направен мини зелен пазар. Ова го најави директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска која рече дека идејата за организирање на еден ваков пазар токму на ова место произлегла од продавачите на зеленчук и овошје кои досега на нелегален нанчин го продаваа истото кај кружниот тек во близина на болницата. Пратејќи ги анализите и потребите на граѓаните на територијата на општина Охрид во делот на територијата околу болницата во соработка со основачот на јавново претпријатие ќе направиме еден организиран мини зелен пазар...
Локалната не обелоденува до каде е проектот за градскиот Кеј
Post Views: 2 Се санираа некои делови на кејот кои неодамна беа оштетени поради неповолните временски услови. Но, бидејќи санацијата не беше направен веднаш кога бекатонките со кои е поплочен кејот беа извадени, гостите кои го посетија градов за време на новогодишните, божиќните празници и Водици го видоа во не баш најубаво светло. Ова е причина повеќе новата локална власт што побрзо да започне со реализацијата на проектот за санација и реконструкција на кејот кој започна уште во 2015та год. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека на најрепрезентативното шеталиште во...
Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%
Post Views: 6 Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%. Оваа мерка на локaлната ќе стартува од оваа година , а целта е што повеќе да се стимулираат приватните станоиздавачи да уплаќаат туристичка такса, а со тоа да прикажуваат реално колку гости имале во текот на туристичката сезона. Но, за да добијат субвенции има еден услов со кој општината на некој начин се заштитува од злоупотреба на оваа поволност која ја нуди. Субвенциите кои ќе ги добијат од нас ќе мора да ги инвестираат во осовременување на своите сместувачки...
„Зегин“ и оваа година ја подржа манифестацијата Богојавление- Водици
Post Views: 4 „Зегин“, најголемиот фармацевтски бренд во Македонја и оваа година ја подржа најмасовната црковно-народна манифестација Богојавление- Водици. Таа како општествено одговорна компанија веќе 29 години ширум Македонија се јавува како донатор. Годинава „Зегин“ донираше околу 5000 маици, 30 телевизори 35 таблети и 10 лап топ компјутери низ цела Македонија. Ние како компанија секогаш донираме за потребите на општеството па годинава организираввме и хуманитарен караван на кој беа доделени преки 100 пакетчиња за дечињата со посебни потреби, рече Марина Бебекоска,...
Иван Лотески најсреќен во Охрид
Post Views: 2 Иван Лотески најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. Овај 27годишен варошанец за Водици се капи од својата 12-та година, а ова е прв пат да го фати крстот. Чуството е одлично прекрасно, се чуствувам многу убаво, скокам веќе 14 години и го чекав овај момент многу долго. Секоја година бев среќен ама оваа сум најсреќен. Ова е еден од најубавите празници за охриѓани и да го славиме уште помасовно, да има мир и љубов кај сите, многу здравје и нека е за многу години, им порача Лотески на сите...