Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год

Post Views: 5 12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на...

Продолжи со читање

Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња

Post Views: 4 Кучињата скитници потенцијална опасност за граѓаните, но опасност демнее и од домашните кучиња чувани во несоодветни услови. Ефто Стојаноски, долгогодишен дресер на кучиња вели дека многу сопственици ги чуваат кучињата во двор кој не е ограден, без да бидат врзани со синџир, а се почеста е глетката на кучиња кои се шетаат без заштитна маска. Јас предлагам такво куче врзано со синџир во двор без ограда веќе да нема. Мора соспствениците да си обезбедат безбедна ограда, а ако станува збор за поагресивно куче тоа не смее да биде воопшто во двор туку мора да се чува...

Продолжи со читање

Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 2 Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Додаваат дека околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен, истакнаа на денешната прес конференција. Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто с`е уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот...

Продолжи со читање

Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот

Post Views: 5 Се санираат потпорните ѕидови во стариот дел од градот. Поголемиот дел од нив поради временските услови и нивната дотрајаност попуштаат. На некои места направени се вистински свлечилишта. Најалармантна е состојбата на патниот правец кон Горна порта, на пресекот на улиците “Нада Филева“ и „Кирил и Методиј“, каде има и интензивен сообраќај и поголема оптовареност на теренот. Од Локланата велат дека интензивно се работи на терен да се санира овој потпоре ѕид. Она што можам сега дефинитивно да го кажам е дека на јавен повик е избрана фирма која ќе ги врши градежните...

Продолжи со читање

Доделени стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците

Post Views: 4 Доделени се стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. За основците се доделени 40 стипендии и 40 за средношколците во висина од 1500ден. По 15 стипендии и за основците и за средношколците се за талентирани ученици и по 25 се за ученици од социјално ранливи категории. Овие стипендии се во износ од 1500ден. И денес заврши целата формалност околу доделувањето и тие ќе им бидат распределени на учениците, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локаланата самоуправа. Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од...

Продолжи со читање

Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип

Post Views: 4 Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Од 40тата недела во 2017 заклучно со 52та недела пријавени се само 38 заболени. 32ца од нив се на возраст од 15 до 64 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани за 97,4% има помалку заболени. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од...

Продолжи со читање

Хотелските капацитети исполнети за новогодишните и божиќните празници

Post Views: 4 Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните и божиќните празници. Нивните капацитети биле исполнети и до 90%. Гости имало најчесто од соседните држави, а најбројни и овојпат биле оние од Србија. Минатава нова година, почнувајќи од 24ти декември кога почнаа да доаѓаат гости за католички божиќ во Охрид навистина можеше да се забележи една поголема раздвиженост, посебно за новогодишните празници па и за православниов божиќ па хотелите беа многу добро исполнети, но не можеме да кажеме дека се работи за некаква зимска туристичка сезона, вели Крсте...

Продолжи со читање

Охриѓани забрзано се подготвуваат за големиот христијански празник-Рождество христово-Божиќ

Post Views: 2 Пред Божиќ, зад Божиќ кај да си дома да си. Оваа стара поговорка се кажува и денес и не само тоа таа и се применува. Сите православни христијани за најголемиот празник Божиќ, кога се слави раѓањето Христово се во своите домови со најблиските, правејќи ги сите оние обичаи и симболи поврзани со овој ден. Празнувaњето на Божиќ започнува да се слави со Бадник, денот пред Божиќ охриѓани забрзано се подготвуваат за достојно да ги дочекаат овие убави денови. На градскиот пазар денес беше прилично раздвижено. Се купуваше овошје, зеленчук, костени, ореви и се она што е...

Продолжи со читање