Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 195 Од Охрид секојдневно заминуваат млади лица кои се во потрага по подобри услови за живот. Според едно истражување кое го направи Младинскиот совет од Охрид дел од младите заминале во Скопје каде и планираат да останат и да формираат семејства, а добар дел заминале во странство и тоа во Германија, Австрија, Америка и Австралија.Поголемиот дел се заминати таму во потрага по работа, заминуваат и поради тоа што во странство многу лесно можат да го решат стамбеното прашање, а и заради тоа што лесно наоѓаатвработување по струка, Димче Каневче, Младински совет -Охрид.И истражувањето...
Од неодамна и Охрид има лиценциран медијатор
Post Views: 198 Охрид го доби првиот лиценциран медијатор. Од 2006 год. во именикот на Комората на медијатори на РМ биле регистрирани околу 170 медијатори, од кои 5 биле од Охрид. Со донесување на нов Закон за медијација во 2013г., се воведе обврската сите медијатори да се лиценцираат. Постапката за лиценцирање започна од февруар 2016г. и до сега на Листата на медијатори на интернет страната на Министерствово на правда има податоци за 13 лиценцирани медијатори, од кои само еден во Охрид. М-р Гордана Атанасова, првиот лиценциран медијатор во градов кажува дека медијацијата е алтернативна,...
Југозападниот дел на Македонија затрупан со диви депонии
Post Views: 177 Југозападниот дел на Македонија затрупан со диви депонии. Во Охрид, Струга, Кичево, Дебар и уште неколку помали општини има вкупно 97 депонии од кои 87 се диви. И тие неколку кои се легални немаат никакви услови за одлагање смет. Треба да имаат глинеста подлога, има критериуми колку треба да се одалечени од населени места. Треба да има комплетна инфраструктура. Кај нас тоа не е случај. Имаме измешан отпад, комунален, пластика, хартија, стакло. Некаде околу 46.000 тони или 231 килограм по жител годишно се собира отпад, рече Мирјана Лозаноска-директор на Центар за...
Вљубено такси за сите вљубени охриѓани
Post Views: 168 Вљубено такси за сите вљубени охриѓани. Inside Auto, охридскиот дилер на возилата на Citroën организира целодневно бесплатно такси-возење со Citroën C4 Cactus под слоганот „Од Citroën со љубов“. Екипа составена од два члена во текот на целиот ден бесплатно ги пренесуваат сите вљубени во градот до саканата дестинација или пак до нивниот сакан или сакана и заедно им подготвуваат изненадувања за Св Валентајн-Денот на вљубените. Иако не е наш православен празник, но љубовта сите нас не обединува, младите се повеќе го почитуваат, па затоа и ние се одлучивме да го одбележиме...
Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште
Post Views: 181 Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори...
Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1
Post Views: 141 Десетина канделабри на пешачката патека од мостот према Горица1 немаат капаци за заштита на жиците за струја. Од Локалната велат дека не станува збор за недокомплетирање на канделабрите или чекање на капаците дополнително да се монтираат бидејќи тие одат заедно со целиот столб, туку дека ова е дело на несовесни граѓани кои ги крадат заштитните капаци. Екипи од Локланата во изминатиов месец во два наврати интервенирале на оваа патека, но појавата продолжува и понатаму. Ни преставува голем проблем во Секторот за комунален развој бидејќи ние канделабрите ги нарачуваме...
Македонија и Албанија немаат договор за висината на котите на езерото
Post Views: 163 Република Македонија нема потпишано меѓународен договор со Република Албанија со кој ќе бидат дефинирани максималната и минималната кота на нивото на водата во Охридското Езеро. Иако двете држави во повеќе наврати одржувале конференции и средби на кои се дискутирало на оваа тема не се нашло заедничко решение. Таков договор е неминовен за соодветна регулација на езерото преку испустот на Црн Дрим, велат експертите. Тони Маркоски, директор на ХЕС Црн Дрим кажува дека моменталната регулација на езерото се прави врз основа на одлука на Извршниот совет на РМ во 1980...
Се интензивираат работите на пешачката патека од мостот до Билјанини извори
Post Views: 158 По краткиот прекин поради лошите временски услови повторно се интензивираат работите на рекреативната патека од мостот кај езерската полиција до Билјанини извори. Ќе се дозавршува ископувањето на ровови во постоечкиот канал, транспорт на ископаниот материјалот и одведување на водата која што е во каналот за да се вршат градежните работи. Потоа започнува изградбата на двометарската платформа која ќе се наоѓа на десната страна од постоечкиот канал, која што освен визуелен аспект ќе има и големо техничко значење со тоа што ќе обезбедува и пристап до пловните објекти....
Сензорната соба од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој
Post Views: 143 Сензорната соба која есенва се отвори во рамките на ОУ „Св. Климент Охридски“, од голема помош за децата кои се со пречки во својот психички развој. Дефектолозите велат дека со помош на методите кои се применуваат во оваа соба веќе се гледаат првите резултати кај овие деца. Тука се стимулираат аудитивните сетила, визуелните, сетилата за допир, рамнотежа, зголемување на концентрација и внимание. Се работи на релаксација, рекреакција на децата, но не како во некоја игротека, туку има точно поставена цел која треба да се реализира, објаснува дефектологот Билјана Аслимоска. Придобивки...
АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град
Post Views: 155 Охрид доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во нашиот град. На простор од 600 метри квадратни, на два ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Охрид. Овај бренд постои веќе 23 години и успешно работи со 8 други продажни центри во државава. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите цени, а секако не...
Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права
Post Views: 167 Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во македонското Здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна...
Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија
Post Views: 174 Улицата „Јордан Мијалков“ е претворена во вистинска депонија. Градежен шут има насекаде, а сега несовесните граѓани почнале да си фрлаат и комунален отпад. Жителите во оваа населба се жалат дека од сите страни се затрупани во ѓубре. Не можат да отворат прозорец, ниту пак да излезат на тераса. Се обратиле повеќепати до Локланата, но депонирањето на шут и ѓубре продолжува и понатаму.Ние ги испраќаме до Општинскиот инспекторат од каде во неколку наврати превзедоа определени мерки за расчистување на овој потег од дотогаш депонираниот градежен шут. Станува збор за несовесни...