Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 3 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес ја одржа последната седница на собранието на здружението. На неа се дискутираше на повеќе точки меѓу кои беше усвоена и програмата за работа на ЗП за 2018, а беше донесен и финансискиот план за нареднава година. Претседателот на собранието, Димитар Спасески вели дека годинава што е на изминување може да се каже дека за здружението поминала доста успешно. Генерално ги реализиравме планот и програмата за 2017та год. Од материјално и финансово раборење90% се исполнети планираните активности така да можеме да бидеме...
Предновогодишна филмовизија
Post Views: 8 Предновогодишна филмовизија. Седумдесеттина гимназијалци се вклучени во подготовката на настанот на годината. Предновогодишниот концерт кој станува веќе традиција ги сплоти учениците од прва до четврта година во една прекрасна приказна проткаена со звуците од нумерите на познати домашни и странски филмови. Концертот целосно е во организација на гимназијата Св. „Климент Охридски“, а изведувачите со многу љубов и ентузијазам ќе покажат најдобро што знаат и умеат. Јас учествував и лани на овај концерт и можам да кажам дека тоа е едно феноменално чуство, тоа дружење...
Граѓаните треба да бидат креатори на животот во една локална заедница
Post Views: 4 Граѓаните треба активно да учествуваат во креирањето на политиките на градот. Многу пати од незнаење или недоволен интерес тие не ги бараат своите права и не се охрабруваат јавно да го кажат мислењето за работи кои ги засегаат како жители на една локална заедница. Затоа мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема „Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми“ која денес се одржа во Охрид. Односот локална власт-граѓани не почнува и завршува на денот на изборите туку треба континуирано да продолжи во...
Охрид има идеални услови за развој на винскиот туризам
Post Views: 7 Охрид има идеални услови за развој на винскиот туризам. Виното е важна компонента при креирањето на еден добар туристички производ, смета Будимир Соколовиќ, сопственик на вилата и винаријата мал Св. Климент. Тој кажува дека Хрватска и Словенија имаат направено бум со малите винарии кои се посетени од голем број туристи во текот на цела година. Неодамна охридските вина беа преставени на Винскиот салон во Скопје, „Винодонија“, каде посетителите имале можност да присуствуваат на едно комплетно ново доживување на поимот вино. Сe преставиле 40 винарии од земјава и од...
Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади
Post Views: 1 Сe поголем е бројот на граѓани кои биле нападнати или каснати од куче, а има и такви кои фатално завршиле. Ова било причина Ефто Стојаноски-дресер на кучиња од Охрид да изготви Предлог програма за заштита на луѓето од кучешки напади која денес беше презентирана пред охриѓани. Пред две години тој издал и книга на оваа тема, но институциите останале глуви на проблемот кој е се поевидентен. Стојаноски вели дека има начини како да се спречи оваа појава, а при тоа да не бидат загрозени кучињата, а граѓаните да бидат заштитени. Причини за вакво агресивно однесување на...
Сериозно се работи на решавање на проблемот на регулацијата на Охридското езеро
Post Views: 2 Се поставуваат темелите за трајно решавање на проблемот со управувањето на Дримскиот басен. Со тоа ќе се заштити и Охридското езеро кое истекува преку реката Црн Дрим, а кое поради лошата регулација години наназад е изложено на големи осцилации на водостојот кои се одразуваат врз живиот свет во него. Дримскиот процес кој се води повеќе години наназад и во кој учествуваат пет држави Македонија, Албанија Грција, Косово и Црна Гора веќе ги дава своите први конкретни резултати. Во текот на оваа година се изработени повеќе студии од различни области кои се тесно...
Осум резервнисти ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа
Post Views: 0 Осум припадници на резервниот состав при министерството за внатрешни работи ангажирани во СВР Охрид, останаа без работа. Синоќа без никакви претходни најави телефонски биле известени од денес повеќе да не доаѓаат на работа и да извршат раздолжување на опремата и оружјето. Тие денеска одржаа мирен протест пред зградата на СВР Охрид. Бараа началникот на секторот да ги прими и да им објасни кои се причините поради кои од денес нема да бидат ангажирани, но биле информирани дека до таа средба нема да дојде. Бараме од началникот или друго официјално лице да објасни...
Уапсени две лица во врска со вчерашна престрелка на булевар Туристичка
Post Views: 5 Пукотница во Охрид. Вчера попладнето на булевар „Туристичка“ е пукано од огнено оружје пиштол од засега непознат сторител, кој на С.М. (34) од Охрид му нанесол прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повреденото лице е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Клинички Центар Скопје. Веднаш после случувањето на настанот СВР Охрид лиши од слобода две лица кои околу 17 часот се доведени во полициската станица во Охрид. Во моментов насоките и заложбите се заокружување на овој казнено-правен настан и...