Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Kанео-Лабино-Кошишта

Post Views: 206 Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео – Лабино – Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини, кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме...

Продолжи со читање

Општинските училишта подготвено го започнаа второто полугодие

Post Views: 146 Второто полугодие во сите училишта во Охрид започна без никакви проблеми. Навреме е извршена дополнителната дезинфекција на просториите што беше препорака од Комисијата за заразни заболувања поради зголемената појава на грип.Во текот на вчерашниот ден сублимиравме и речиси и да немаше отсутни. Секако добре дојдена беше и паузата која ја имавме за зимскиот распуст така што второто полугодие почна во најдобар ред,. Доколку и понатаму има некои инструкции или ние сами осетиме дека се зголемува бројот на ученици заболени од грип ќе преземеме дополнителни мерки, вели...

Продолжи со читање

Се најде фирма што ќе ги чисти приградските населби и руралните средини од врнежи од снег

Post Views: 154 Охридската фирма „Експрес Димакс“ при пообилни врнежи од снег ќе ги чисти населбите северно од булеварот „Железничка“, улиците под булеварот „Железничка“, и селата во рамките на Националниот парк Галичица. Ова фирма беше единствена која се јави на врториот јавен повик кој го распиша општината. Локалната уште пред еден месец го  распиша првиот тендер за изнаоѓање фирми кои ќе се нафатат да ги исчистат патиштата во руралните средини од снег и мраз и за таа намена од буџетот  издвои 1 500 000 ден.  Тендерот се состоеше од четири дела, но тогаш само четвртиот кој ги...

Продолжи со читање

Втор тендер за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“

Post Views: 207 Пропадна тендерот за поставување урбана опрема на улицата „Ванчо Николески“ и Кеј „Македонија“ наспроти хотел Палас. На првата локација со површина од 64м2 предвидено е детско игралиште за забава на отворено, а на другата локација со површина од 40 м2 на местото на постоечкиот шанк познат како Сквер Жиголо, предвиден е покриен или непокриен шанк. Општината по втор пат распиша јавен повик за овие локации. Немаше пријавени на тендерот. Деновиве е повторно распишан јавен повик кој ќе трае до 13ти февруари. Останува јавниот повик со истите услови и сигурни сме дека...

Продолжи со читање

Со јапонски искуства ќе се изнаоѓаат мерки за заштита на Охридското Езеро

Post Views: 154 Јапонски научници ќе ги споделат своите искуства со нивните македонски колеги во областа на заштита на едно од најпознатите нивни езера, а тоа е езерото Бива. Ова природно езеро е национално богатство на Јапонија заштитено со закон и меѓународни конвенции и организации, меѓу кои и УНЕСКО. Тоа е значаен воден ресурс кој со вода снабдува околу 15 милиони жители во префектурата Шига. Езерото е од тектонско потекло и се проценува дека е старо околу 4 милиони години. Се протега на површина од 670 километри квадратни и изобилува со жив свет. Тука живеат 58 ендемски видови,...

Продолжи со читање

Општина Охрид на седмото место по транспарентност

Post Views: 246 На последното истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, меѓу 81 општина, Град Скопје и 15 министерства, Општина Охрид е на седмото место на рангирање на генералната скала за транспарентност. Прва според истражувањето е општината Крива Паланка. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески рече дека истражувањето покажало дека според индексот на активна транспарентност во 2016 година, Општина Охрид во околу 70% проценти ги извршувала своите обврски кои ги имала во областа на транспарентност, со што ја добила оценката добро.Да бидам искрен рангирањето...

Продолжи со читање

Јасмина Маркоска по се изгледа ќе биде замената на советничката Жаклина Лазаревска

Post Views: 187 Јасмина Маркоска по се изгледа ќе биде замената на советничката Жаклина Лазаревска која од редовите на СДСМ речиси четири години го застапуваше гласот на граѓаните во општинскиот совет. На Лазаревска и престанува мандатот како советник бидејќи ќе седне во собраниските клупи како пратеник од 5ИЕ. Маркоска ќе го добие советничкото место бидејќи таа е наредна жена на листата за советници, а според принципот на рамноправна застапеност на двата пола во советот Лазареска треба да ја замени нејзина колешка, а не колега. Мандатот на нејзиниот наследник ќе биде верификуван...

Продолжи со читање

Раноградинарските култури ќе поскапат

Post Views: 168 Ниските температури, мразот и снегот кои го зафатија нашиот регион ги вознемирија земјоделците. Стравуваат каков ќе биде приносот на земјоделските производи, а и колкава ќе биде штетата врз овошките. На ниските темпаратури најотпорни се житните култури. Од нив  најиздржлива е пченицата потоа, ржта па на крај доаѓа јачменот. Пченицата може да издржи и до -25 степен, а јачменот до -10, но само кога станува збор за сертифициран семенски материјал кој што не е селектиран за отпорност на ниски температури. Позитивно е тоа што имавме една релативно добра снежна пшокривка...

Продолжи со читање

Охридскиот театар работи со полна пареа.

Post Views: 198     После премиерата на претставата „Стари времиња“, проектот „ИмпроВокација“ – серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава „Убавицата и ѕверот“, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата „Парламентарки“, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.

Продолжи со читање

Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици

Post Views: 187 Се е подготвено за големиот христијански празник Богојавление- Водици. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека општината заедно со јавните претпријатија ги завршија и последните подготовки за утрешната црковно-народна манифестација и се заблагодари на сите кои несебично помогнаа за и оваа година празникот да измине во најдобар ред и организација. Чествувањето ќе започне рано наутро со свечените литургии во сите храмови во градов по што во 9.45 литиите од црквите ќе се упатат на градското пристаниште каде во 10 часот ќе се изврши фрлањето на светиот крст во водите...

Продолжи со читање

„Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност

Post Views: 202 „Танцот со пастрмките“ пред очите на охридската јавност.  Во овој документарен филм  на меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски, кој премиерно беше прикажан синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ е прикажан мрестот на охридската пастрмка во месеците јануари и февруари. Докумантарниот филм „Танцот со пастрмките“ изобилува со ексклузивни подводни снимки. Најнесекојдневна и можеби неповторлива е онаа кога искусниот нуркач Милутин Секулоски бакнува матица која се мрести во водите на Охридското Езеро.Пастрмката за време на мрест е многу смирена, но...

Продолжи со читање

Општина Охрид и Јапонија ја продлабочуваат соработката

Post Views: 159 Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Јапонија. По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во Март...

Продолжи со читање