Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

ОСУ„Св.Климент Охридски“ синоќа го одбележа својот патронен празник

Post Views: 2 Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните...

Продолжи со читање

Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание

Post Views: 3 Проф. Др Никола Бошале е годинешниот добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид. Ова го соопшти градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски кој ја доделува наградата на предлог на стручна комисија. До комисијата пристигнале шест предлози, од кои пет ги исполнувале критериумите. Инаку, Никола Бошале е доктор по социологија, но со своите истражувачки потфати навлегува длабоко во повеќе области како што се туризам, екологија, археологија, етнологија, архитектура, културна антропологија. Бошале е роден...

Продолжи со читање

Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети

Post Views: 0 Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Едната локација е во централното градско подрачје до Амамот, другата кај Горна Порта. Избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион кои се носители на овој проект , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Локалната е ангажирана околу обезбедување на приклучоци за струја, поставување на броила, приклучок за вода и канализација во овие...

Продолжи со читање

Се изготвува план за зачувување на Белчишкото блато

Post Views: 1 Започна изработката на планот за зачувување на Белчишкото блато. Ова блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување и е специфично заради големите карстни извори, различните типови влажни живеалишта и особено поплавените евлови шуми. Во овај резерват живее и најголемата популација на видрата. Предвидуваме понатака активности кои би се однесувале на мониторинг на сите тие животни, на живеалишта кои се присутни таму, изградба на...

Продолжи со читање

„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар

Post Views: 2 Нова премиера на Охридскиот народен театар. Утревечер охридската публика ќе има можност да ја види најновата претстава „Баал“, работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Андреј Цветановски. Ова е четврта соработка со Цветановски кој ја режираше и првата претстава на театарот во Охрид, „Метаморфози“. Тој после пет години повторно соработува со нашите актери и не го крие задоволството од крајниот ефект велејќи дека заедно создале една моќна претстава. Во овој текст, Брехт созадава антијунак којшто треба да ги сруши сите маски и лицемерни постапки на едно...

Продолжи со читање

На ФТУ се обучуваат кадри кои ќе ја подобрат услугата во угостителството

Post Views: 4 Недостигот на стручни кадри во угостителството причина за ФТУ заедно со ГИС да спроведат обуки на кои ќе се добијат знаења и искуства како да се подобри ситуацијата во овај сегмент од туристичкото стопанство. Деновиве на овој факултет се врши интензивна едукација на педесеттина кандидати кои сакаат да бидат истакнати во својата професија. Обуките се дел од проектот Промоција на вработувањето во туристичкиот сектор кој е финансиран од Владата на Германија со средства во висина од 20 000евра, а ФТУ се јавува како организатор на обуките. Тие првично беа споредени во...

Продолжи со читање

Едукација на децата за справување со дрогата треба да се започне уште во градинките

Post Views: 8 Се повеќе се намалува возрасната граница на лицата кои се зависници од наркотични супстанции и дроги. Многу често помош бараат деца и на возраст од 12 години кои веќе навлегле во темниот свет на дрогата, вели Д-р Весна Лаброска, шеф на одделението за превенција и третман на болести на зависност од дрога при општата болница во Охрид. Таа апелира сите институции заедно да работат на превенцијата како не би дошла една личност во контакт со дрогата, бидејќи како што објаснува од нејзиното долгогодишно искуство многу е тешко да се спротистават на оние кои истата ја...

Продолжи со читање

Локалната ќе им излезе во пресрет на жители од улицата „Вардар“

Post Views: 7 Локалната вети дека ќе им излезе во пресрет на 50-тината жители од Кошишта кои бараат на дел од улицата „Вардар“ да се вратат скаличките кои ги имало претходно на улицата. Граѓаните од Кошишта, од улиците Кирил и Методиј, Стив Наумов и Гоце Делчев пред извесно време доставија барање до редакцијата на ТВМ во кое наведуваат дека дел од улицата Вардар е изменета по изградбата на индивидуалната станбена зграда сопственост на поранешниот секретар на општина Охрид, Димитар Спасески, а ветил дека по завршување на градбата ќе ја врати улицата во првобитна состојба. Она...

Продолжи со читање