Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Од утре започнува имунизација против сезонски грип со комерцијални вакцини

Post Views: 239 Од утре започнува имунизација против сезонски грип, но со комерцијални вакцини. Цената на вакцината е 650 денари и е од француско потекло и е четворовалентна и со висок квалитет. Вакцинирањето ќе се врши од 8 до 14 часот. Бесплатното вакцирање ќе започне од 25 Ноември. Право на имунизација против сезонски грип без надомест имаат лица над 65 год., лица со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници и деца на возраст од 6месеци до 5 години. Сите тие мора да имаат упат од матичниот лекар со назначен термин за вакцинирање. Оваа вакцина е обезбедена од Министерството...

Продолжи со читање

Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка денес заседаваше во Охрид

Post Views: 210 Денес во Охрид се одржа 9-тата сесија на Мешовитата македонско-руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Комисијата, која се реактивира по период од пет години, ги разгледа можностите за унапредување на економските и трговските односи, кои во моментов, според заедничката оценка на двете земји, се на многу ниско ниво. Ние од наша страна ги запознавме со нашите планови дека планираме да инвестираме во зејоделството кај нас, пред се ги промовиравме откупно-дистрибутивните центри, ги запознавме со можностите како може да се инвестира...

Продолжи со читање

Собранието на РМ да прогласи кризна состојба поради напливот на бегалци, бараат експертите

Post Views: 284 Бегалската криза не е проблем кој ќе се реши до Нова година и треба сериозно да се пристапи кон решавање на истиот, велат експертите. Само со прогласување на кризна состојба од страна на Собранието, Македонија може да се справи со напливот на бегалци кои влегуваат на нејзина територија, додаваат тие. Проф. Марина Митревска  од Инститиут за безбедност, одбрана и мир, кажа дека мора да се направи една тампон зона кај Гевгелија доколку сакаме да ја контролираме ситуацијата со мигрантите.Неопходно е да се прогласи кризна состојба а тоа може да го направи само Собранието...

Продолжи со читање

Отворен Саем на книгата во НУ „Григор Прличев“

Post Views: 220 Книгата, нашиот најдобар пријател. Колку оваа реченица има значење во сегашноста кога за жал се помалку се чита. Верни на пишаниот збор сеуште се оние од повозрасните генерации, додека на младите поинтересно им е да се занимаваат со своите мобилни телефони и други технолошки достигнувања. НУ Библиотека „Григор Прличев“ прави напори да го зголеми интересот за книгата, посебно кај оваа популација. Од денес во оваа национална установа отворен е Саем на книгата. Првиот ден мина во знакот на посетители, ученици од средните училишта во Охрид.На продажба се дела од капиталните...

Продолжи со читање

Ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“ работи со полн капацитет

Post Views: 213 Бесплатно сместување, три оброци, солидни услови и максимална безбедност, нуди ученичкиот дом во склоп на Средното стручно општинско училиште „Ванчо Питошески“. Овој дом има капацитет од 120 легла, а моментално се зафатени 116. Во него се сместени основци претежно од училиштето „Ванчо Питошески“, но има ученици и од други средни училишта во градов. Единствен услов за да имаат право да аплицираат за сместување во домот е да доаѓаат од град во кој нема такво училиште. Трошоците околу сместувањето и храната целосно паѓаат на Министерството за образование. Тоа е една...

Продолжи со читање

Шест години печалење на црно

Post Views: 272 Повеќе од шест години некои од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје работат на диво, вели градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. Никој во минатото не направил ништо по ова прашање, па некои со години печалеле бесправно, вели градоначалникот. Тој побара сите надлежни институции да се заангажираат и ваквата неправда да се корегира.Во однос на сите тие плажи коиштo периодот наназад стопанисувале во Општина Охрид, има податоци од кои и јас самиот се изненадив. Има плажи кои години наназад функционираат, меѓутоа нивните договори не се...

Продолжи со читање

Родители гневни на тоа како се отстранува азбесниот кров на ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 378 Револтирани и загрижени родители за здравјето на своите деца кои посетуваат настава во ОУ „Христо Узунов“ реагираат за начинот на кој се изведува реконструкциајта на кровот на училишната зграда. Според тврдењата на родители, поткрепени со фотографии, замената на азбестните плочи се врши без запазување на минимум стандарди. Велат дека таблите се фрлаат од покривот во дворот на училиштето при што се кршат и се шири прашина со азбестни влакна. И самите работници немаат никаква лична заштита при работата, додаваат родителите. Градежните работи кои ги финансира Општината...

Продолжи со читање

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе половина година не функционира

Post Views: 218 Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата веќе пола година не функционира. Уште во месец Мај заврши мандатот на претседателот на совет и на неговите членови, а од тогаш до сега не е конституиран нов. Овој Совет кој е во рамките на Локалната самоуправа има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид, едукација на целните групи за почитување на сообраќајните правила и прописи и подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Затоа многу е важно тој како тело и понатаму да постои. Сигурно ќе има нов совет и нови членови бидејќи...

Продолжи со читање

Пак се сече

Post Views: 216 Паркот пред хотелот „Инекс Олгица“ во месноста Горица 2, остана без седум повеќегодишни стебла. Минувачите и вљубениците на природата викендов беа непријатно изненадени. Прашуваат зошто дрвата се исечени, коментирајќи дека тие се најголемото обележје на овој дел од градот. Од хотелот информираат дека се работи за превентивна сеча од безбедносни причини на четири кедери и три бора, кај коишто е настанато сушење од врвот на дрвото, што било констатирано од надлежниот инспекторат и комисија при локалната самоуправа. Од хотелот „Инекс Олгица“ појаснуваат дека се исечени...

Продолжи со читање

Фекалии на неколку метри од храна

Post Views: 219 Дефект на канализациона шахта од која се излеваа фекалии го блокира пристапот до градскиот пазар од страната на булавар „Туристичка“. Проблемот е присутен повеќе од една недела. Вработените во аптеката Зегин за дефектот, како што велат, уште тогаш информирале во ЈП „Нискоградба“. Екипи од ова јавно претпријатие дошле на терен, но не можеле да интервенираат бидејќи шахтата се наоѓа во самата аптека поради тоа што објектот бил доградуван. Денес проблемот ескалира, па од сабајле екипите од „Нискоградба“ работат со цел да изнајдат решение и да го спречат излевањето на...

Продолжи со читање

Македонскиот литературен јазик го снемува

Post Views: 218 Јазикот е нашата татковина, рекол големиот Блаже Конески. Но, за жал полека ама сигурно стандардниот Македонски литературен јазик го снемува, заменет од некои извитоперени кованици и примеси од странските јазици. Годинава само неколку средношколци се запишале на Филозофскиот факултет во Скопје за да го изучуваат Македонскиот јазик и да можат да ги учат наредните генерации како правилно да говорат и пишуваат. Причини за тоа има многу. Најголем проблем е вработувањето, затоа младите тешко се одлучуваат да студираат на Филозофскиот факултет. Друга причина е непочитувањето...

Продолжи со читање

Реконструкцијата на кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО

Post Views: 209 Проектот за кејот испратен во УНЕСКО. Иако општината има правосилно одобрение за градба, има и Стратегиска оценка за влијание на животна средина реконструкција за кејот ќе чека зелено светло од УНЕСКО. , вели Градоначалникот Константин Георгиески. Проблемите што ги имаме со УНЕСКО се поради недостаток на таа комуникација. Години наназад државава немала никаква комуникација со УНЕСКО и со нивните советодавни тела, информациите кои стигнувале во УНЕСКО биле од Охрид СОС, ОД 21/42 и такви слични организации кои не дека се нерелевантни туку не се целосно точни и нашите...

Продолжи со читање