Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Поради административни пречки доцни изградбата на новата болница во Струга

Post Views: 10 Доцнат работите околу изградбата на новата болница во Струга. Министерот за здравство Венко Филипче уште пред една година најави дека болницата ќе се гради на државно земјиште, од десната страна на магистралниот пат Струга – Ќафасан. Но, засега нема никакви градежни работи на терен.Тоа што административно ни ја успори постапката беше што имаше мораториум за градба. Со оглед на тоа што локацијата беше надвор од централното градско подрачје на патот за Ќафасан, во интензивна соработка со градоначалникот Мерко се направи административно изземање од тој мораториум за...

Продолжи со читање

„Дедо и внук“ ја освојува македонската публика

Post Views: 14 Првиот долгометражен филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ја освојува македонската публика. Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Тој вели дека е многу задоволен како публиката го доживува филмот. Многу се радувам и на самата премиера ама и на патот по кој филмот допрва ќе оди. Пред се ме радува како...

Продолжи со читање

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста

Post Views: 9 Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Привршува монатажата на документарецот за кој инсертите се снимени при пренуркувањето на езерото од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. Тој пред четири години заедно со негови колеги од Охрид, Дубровник и од Албанија ја реализира оваа несекојдневна мисија и пренурка 84 километри од Албанска и Македонска страна на езерото. Направи голем број подводни фотографии, како и снимање и позиционирање на места од интерес на научната јавност. Снимени се толку материјали што можат...

Продолжи со читање

Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се прошири во новите простории на пролет

Post Views: 13 Библиотеката „Григор Прличев“ никако да се прошири во новите простории. Направени се сите подготовки за преселба, останува уште да се постават уредите за ладење и греење кои се неопходни за одржување на книжниот фонд. Од библиотеката велат дека минатава година Министерството за култура не им обезбедило средства за таа намена.Ние и покрај конкурирањето минатата година за средства од Министерството за култура за доопремување во смисла на тие грејни тела не добивме средства. Тој конкурс се повтори како и секоја година, па конкуриравме за идната година и некаде во...

Продолжи со читање

Охридските автори го добиваат заслуженото место

Post Views: 10 Охридските автори го добиваат заслуженото место помеѓу делата во библиотеката „Григор Прличев“. Во оваа национална установа од нејзиното основање постои катче на роднокрајни автори, но во последно време се прават напори што повеќе да се афирмираат истите и да се запознаат граѓаните со нивното творештво. Во библиотеката има еден до два примероци од секоја книга која е издадена во Македонија, а е од роднокрајните автори. Застапени се околу 80тина кои пред се пишуваат поезија и проза и во нив не влегуваат оние кои пишувале стручна литература или научни трудови. ...

Продолжи со читање

Охрид го одбележа својот патрон

Post Views: 9 Охрид го одбележа својот патрон. Свечената академија по тој повод традиционално се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ со пригодна програма во која беше вклучена и Гимназијата „Св. Климент Охридски“ која исто така празнуваше. „Деновиве Охрид живее во духот на својот учител, во духот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Го славиме најголемиот етичар и хуманист, првиот словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија – олицетворена во сегашната Македонска православна црква – Охридска архиепископија, рече во дел од своето обраќање...

Продолжи со читање

Внимавајте кога купувате преку интернет

Post Views: 7 Во последно време купувањето преку интернет станува сè попопуларно. Најмногу онлајн купувачи своите нарачки ги прават во ноќните часови и тоа преку мобилен телефон. И додека купувањето преку мобилен звучи како најбрз и наједноставен начин за шопинг, постојат повеќе пропусти на кои наишле. До Организацијата на потрошувачи во Охрид пристигнати се голем број поплаки токму на оваа тема. „Основна работа е дали веб страната го има она http.s,бидејќи тоа  значи дека страната има заштитен систем, особено за плаќање преку интернет. Ако нема тогаш ризикот е на самите...

Продолжи со читање

Охридските и струшките хотелиери нудат сместување за настраданите во земјотресот во соседна Албанија

Post Views: 7 Хотели, приватни станоиздавачи од мал обем од Охрид и од Струга ги отворија своите капацитети за настраданите од соседна Албанија. Во разорниот земјотрес многу од жителите останаа без покрив над глава, бидејќи нивните домови беа срушени. Семејства од Драч и околината уште утрото по стравотниот земјотрес од 6,4 степени се упатиле кон Македонија и побарале засолниште сместувајќи се во хотели во Охрид и Струга. Хотелиерите велат дека постојано пристигнуваат резервации од Албанија, од Драч и Тирана каде тлото не мирува.За да им излезат во пресрет на жителите од...

Продолжи со читање