Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива

Post Views: 228 ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти. Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на ниво...

Продолжи со читање

Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата

Post Views: 158 Акцијаштвото во Охрид се враќа на голема врата. Се поголем број млади луѓе стануваат дел од Здружението „Брег на младоста“. На почетокот на минатата година имало околу педесеттина младинци, а сега има речиси 200. Осмоодделенката Теа Петкоска од ОУ „Кочо Рацин“ веќе два месеци е дел од тимот и е лидер во своето училиште.Мотивот беше солидарноста и хуманоста која се промовира преку ова здружение. Идејата е сите да се сплотиме заедно како една екипа која ќе го претставува не само нашиот град, туку и нашата земја воопшто, вели Теа. Во здружението „Брег на младоста“ од...

Продолжи со читање

„Анималија“ прави куќарки за бездомните кучиња

Post Views: 169 Од денес НО „Анималија“ отвори штанд на кој ќе се прават куќарки за бездомните кучиња. Локацијата е во близина на кафулето Конект па сите љубители на животните кои сакаат да им помогнат и да ги заштитат од овие ниски температури можат да се приклучат на акцијата.Сакам да им заблагодарам на маркетите Тамаро и Тинекс кои донираа голем дел од материјалите од кои ќе се прават куќарките. Исто така добивме донации од најлони и прекривки од граѓаните и од Црвен крст. Сите тие се собрани во пунктот на Анималија и од нив ќе изработиме куќарки кои ќе ги поставиме низ целиот...

Продолжи со читање

Мразот не е опасност за Охридското езеро

Post Views: 184 Делови од Охридското езеро под мраз. Поради ниските температури кои на моменти се спуштија и под 15тиот степен под нулата, на делови од крајбрежјето на езерото може да се забележи мраз. Ваква појава има наспроти хотелот Палас, на Мазија кај плажите Метропол и Градиште на некои помали површини од источниот дел на  езерото. Тоа е ништо. Тоа е еден промил од Охридското езеро. Оваа појава нема воопшто да има никакво негативно влијание врз растителниот и животинскиот свет во езерото, вели Д-р Трајче Талевски од Хидробиолошки завод.Д-р Талевски објаснува дека можеби ќе...

Продолжи со читање

Доделени наградите за најубаво украсен двор

Post Views: 160 Семејствата Гигер, Неданоски и Тасески годинава имаа најбаво украсени дворови во Охрид. Новогодишните и божикните празници за овие семејстасекогаш преставуваат голем мотив за своите дворови да ги претворат во вистинска бајка. Од нивната убавина секојдневно се воодушевуват случајните минувачи, а не остана имуна ниту општинската комисија која веќе години наназад распишува конкурс и избира најубаво украсен двор во градов. Годинава на конкурсот се пријавиле девет учесници па не било лесно да се избере кој двор е најубав.Им се заблагодаруваме на учесниците за нивните...

Продолжи со читање

Охрид окован во мраз

Post Views: 166 Охрид окован во мраз. Десеттина сантиметри снег  кој наврна пред една недела и кој не се исчисти навреме поради ниските температури, замрзна па сега градот е едно големо лизгалиште. Уште еднаш излегоа на површина сите слабости и пропусти во функционирањето на надлежните служби и претпријатија. Иако надлежните уште пред  да заврне снегот одржаа неколку состаноци и будно ја следеа состојбата, на терен изгледа дека не се справија најдобро со не толку големиот по обем снежен нанос. Причината ја гледаат во ниските температури. Можеби на граѓаните им изгледа дека градот...

Продолжи со читање

Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција

Post Views: 212 Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе  чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро. Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување...

Продолжи со читање

Градскиот пазар празен на-10

Post Views: 151 Охридскиот пазар речиси празен. На температури под -10 ретко кој од пазарџиите се охрабрил да излезе и да ја продава својата стока. Тие се жалат дека пазарот нема никакви услови за работа. На зима смрзнуваат, а на лето не се издржува од пеколните горештини. Поради ваквите температури трпат и производите. Повеќето од нив им измрзнале. Пазарџиите прашуваат кога конечно ќе се направи затворениот пазар кој се ветува години наназад. Велат дека последен пат им било кажано дека во септември минатата година ќе започнат градежнитѕе работи околу изградбата на современ затворен...

Продолжи со читање

Расте бројот на заболени од грип

Post Views: 165 Расте бројот на заболени од грип во општина Охрид. Почнувајќи од 40тата до 48та недела седмично имало од четири до шест заболени од грип, но после 48та недела тој број нагло расте. Последнава недела се пријавени 300 заболени од грип. За овој период од годината не е карактеристична олку висока бројка на заболени што зборува дека годинава многу порано започна сезоната на грип.  Тестираните примероци на вирусот покажуваат дека станува бор за грип од типот АХ3. ЗА лекување на вирусот не се препишува лекот тамифлу кој годиниве наназад се покажа како делотворен.Тамифлу...

Продолжи со читање

Новогодишните празници бериќетни за охридските угостители

Post Views: 143   Охридските угостители со позитивни впечатоци од тоа како изминаа новогодишните празници. Локалите полни, понудата разновидна, а гостите задоволни. Најважно од се е дека во сите угостителски објекти забавите поминале без никакви инциденти, вели Михаил Мишев, претседател на еснафот на охридските угостители. Покрај домашните еден добар процент од гостите беа од странство што ни дава за право да се надеваме дека ќе имаме успешна летна сезона, додава тој.Јас не можам да разберам од каде доаѓаат такви дезинформации. Ние навистина не вршиме ама баш никакви корекции на...

Продолжи со читање

Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет

Post Views: 168 Во стариот дел на градот по улиците утрово насекаде беше расфрлан смет од домаќинствата. Мештаните уште вчера утрото го извадија сметот од своите домови за ЈП „Комуналец“ да го подигне како што е предвидено со програмата за подигање на отпад во која стои дека понеделник и четврток се  денови одредени за тоа, но камионот на „Комуналец“ не помина вчера. Сметот не беше подигнат ниту утрово па кучиња и мачки го разнесуваа по улицата.Токму денес од ЈП „Комуналец“ не информираа дека имале мал технички дефект на едното возило и задоцнале да го подигнат отпадот. Сега е веќе...

Продолжи со читање

Внимавајте што и од каде купувате

Post Views: 155 Внимавајте што и од каде купувате. Внимателно читајте ја декларацијата на производите и нека не ве залажуваат празничните попусти да пазарувате од непроверени места, советуваат од Организацијата на потрошувачи. Посебно да се води сметка од каде се купуваат детски играчки да не се увезени на црно и да немаат некои вештачки бои и материи кои можат да бидат опасни по здравјето на дечињата. Отворете очи и кога купувате храна и пијалоци, вели Вангел Спироски, од охридската ОПМ. Тој додава дека за време на празниците и пред тоа граѓаните многу често купуваат техничка стока...

Продолжи со читање