Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 5 Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето. Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска...
РУМОР полека но сигурно излегува од националните рамки
Post Views: 5 Познатиот охридски дизајнер Алек Бимбилоски и Лејла Гогова, неговиот партнер во модниот концепт РУМОР, беа дел од ревијата „Направено во Македонија: Современ дизајн накитен со минатото”. Овој моден настан се одржа во Скопје на иницијатива на сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Впечатоците по ревијата и присутноста на охридскиот бренд „Румор“ во Скопје, преку Галеријата Акантус со нас ја сподели дизајнерот Бимбилоски. Организацијата беше добра, но малку имаше предолги говори пред самиот почеток на ревијата, но во главно се протече во...
Водата во Струга небезбедна за пиење
Post Views: 5 Водата во Струга небезбедна за пиење. Тоа го покажаа денешните анализи од ЦЗЈЗ преку кои е констатирано дека има голема матност на водата, но за среќа не се забележани некои патогени бактерии. Веднаш алармиравме и ги известивме инспекциските служби и Агенцијата за храна и ветеринарство кои веднаш постапија согласно нивните процедури и согласно законските прописи така да донесено е решение водата да не се користи за пиење, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ. ЦЗЈЗ препорачува водата воопшто да не се употребува за пиење се до оној момент додека не се констатира...
Враќањето на поранешниот градоначалник Бакрачески на работа во Кардиолошкиот Завод ја разбранува охридската јавнос
Post Views: 5 Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за...
Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога
Post Views: 4 Охрид нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога. Од почетокот на оваа година, центарот, кој воедно беше регионален повеќе не функционира. Тој беше сместен во близина на детската градинка „Развигорче“ што предизвикуваше негодувања кај родителите кои бараа негова дислокација, а воедно центарот се наоѓаше на приватен имот кој со денационализација му се врати на сопственикот, па како најбезболно решение за државата беше овој центар да се затвори. Но, што е со лицата кои се на лекување од употреба на дроги, а нивниот број секојдневно расте. Се поставува...
Охридските угостители кројат најразлични стратегии како да привлечат гости
Post Views: 7 Охридските угостители изнаоѓаат најразлични начини како да ги наполнат своите локали во овој период од годината кога бројот на гостите драстично се намалува. Туристите кои дошле да го видат нашиот град во есенскиот период ретко ги посетуваат кафулињата и ноќните клубови, па така, целокупната работа и направениот каков таков промет зависи од мештаните. Тие пак бараат нешто ново во понудата што ќе ги натера да излезат, да се забавуваат и да потрошат некој денар. Мртвиот период начелно го пополнуваме со живи свирки кои претежно се од наши локални групи и уметници за...
Семафори најдобро решение
Post Views: 6 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, кажуваат децата. Директорот на училиштето, Тони Симоноски инсистира што поскоро да се стават во функција семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив...
Али пашината џамија и понатаму се гради без одобрение
Post Views: 6 Реконструкцијата и конзервацијата на Али пашината џамија која се наоѓа во строгиот центар на градот сеуште ја бранува охридската јавност. И покрај тоа што нема одобрение за градба од страна на Министерството за транспорт и врски, таму се вршат градежни работи, тврдат од Здружението за заштита и афирмација на културни вредности „Совест“. Зафатите на овој објект започнаа уште пролетта и уште тогаш се градеше на терен иако Завод и музеј имаше издадено само одобрение за конзервација и реставрација на објектот, вели претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче....