Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога

Post Views: 2 Долго најавуваната катна гаража на паркингот зад Ривиера ќе се гради, но неизвесно кога. Агенцијата за стопанисувања со станбен и деловен простор кои се инвеститори на овој капитален проект не откриваат детали околу динамиката со која течат работите. Од таму велат: Изградбата на катната гаража во Охрид, во близина на Центарот за култура “Григор Прличев“ е предвидена со Годишната Програма за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Македонија , меѓутоа текот на активностите кои ќе се превземаат за нејзина изградба ќе зависи...

Продолжи со читање

Повторно на површина исплива проблемот што Охрид нема марина

Post Views: 0 Охрид има идеални услови за развој на наутичкиот туризам и се поголем е бројот на граѓани кои набавуваат пловни објекти, но тие нема каде да се усидрат. Немањето марина повторно актуелна тема откога во градов се зголеми бројот на едрилици кои нема каде да се сместат. Во моментов има десет, а набавени се уште десет вакви пловила за кои нема место на градското пристаниште кое во моментов е најсоодветно место за нивно усидрување. Затоа денес се одржа состанок помеѓу капетанија, здружение на бродари и здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг и сопственици на...

Продолжи со читање

ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми и на јавните капалишта во градов

Post Views: 3 Охриѓани и туристите веќе ќе немаат причина за дилема каков е квалитетот на водата што ја пијат од јавните чешми во градов. ЦЗЈЗ ќе врши мапирање на сите артерски чешми од кои ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат еднаш месечно, а податоците ќе бидат редовно ажурирани на веб страната на центарот. Ќе има и посовремена можност за граѓаните да видат со каков квалитет е водата што ја пијат од конкретна чешма. Се планира да се направи апликација која може да се инсталира на мобилен телефон. Овие новини се со цел да бидеме што потранспарентни. Граѓаните имаат...

Продолжи со читање

Новиот менаџерски тим на Општата болница во Охрид оптимистички настроен околу одблокирањето на нивната жиро сметка

Post Views: 5 Финансиската состојба на Општата болница во Охрид е незавидна. Таа има наследен долг од околу 2,5 до 3 милиони евра. Жиро сметката на оваа здравствена установа е блокирана, а секојдневно доспеваат нови побарувања од правни лица кои извршиле услуги за болницата, а не им се исплатени. Директорката на болницата Славица Малеска Стојадиновиќ вели дека оваа состојбата ја затекнала кога пред три месеци била назначена за прв човек на оваа установа. Се обративме и до државниот завод за ревизија од каде ќе се направи контрола и тогаш точно ќе знаеме колкава е висината на...

Продолжи со читање

1 инкубатор за интензивна нега ќе му бидат донирани на Општата болница во Охрид

Post Views: 3 Општата болница во Охрид ќе добие 1 инкубатор за интензивна нега. Ова е одлука на Владата која на 34-та седница реши на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Инкубаторите ќе бидат наменети за гинеколошкото одделение кое се повеќе прераснува во регионално.Состојбата во која што се наоѓа болницата гледано од финансиски аспект е таква што секоја донација е добредојдена. Ние располагаме со инкубатори, но секој понов модел нормално дека ќе има подобра примена и ќе си го најди своето место за подобрување на состојбата во нашето...

Продолжи со читање

“Камера 300” плодна за охриѓани

Post Views: 3 Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец освои златен медал на “UNICA” на 25-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм “Камера 300”, што се одржа во Битола. Во конкуренција на 41 филм, меѓународното жири предводено од проф. д-р Стефан Сидовски, во кое членуваат истакнати филмски работници од повеќе европски држави, одлучи златниот медал на “UNICA” за филм кој поттикнува разбирање помеѓу народите, да му припадне авторот на краткометражниот документарен филм “Страсна недела- Бигорски манастир”....

Продолжи со читање

Решавањето на проблемот со кучињата скитници, еден од проритетите на Општина Охрид

Post Views: 4 Решавањето на проблемот со кучињата скитници, еден од проритетите на Општина Охрид. Таа во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. презема почетен план за решавање на овој долгорочен проблем. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување, а ќе се бара и трајно решение за определување локација за стационар. Градоначалникот Јован Стојаноски денес одржа состанок со претставници на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, „Охридски комуналец“, „Анималија“ и полицијата.Во соработка со Центарот за развој на...

Продолжи со читање

Нема укинување на Законот за заштита од пушење

Post Views: 6 Нема укинување на Законот за заштита од пушење. Од еснафот на угостители од Охрид велат дека тие биле иницијатори на само некои измени на законот и додефинирање на работите, а не и негово целосно укинување. Пратеникот Томислав Тунтев кој беше предлагач на ова барање во Парламентот на РМ вели дека во овој момент не постои никаков нов предлог закон што го изготвила Владата ниту пак нов предлог што е во владина процедура, ниту пак некакви работни групи изготвиле некаков нацрт текст. Во овој момент во собраниска процедура е предлогот на седум пратеници за измени во...

Продолжи со читање