Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски

Post Views: 5 ОИК и официјално ја прогласи победата на Јован Стојаноски од СДСМ и коалицијата за живот во Македонија за градоначалник на Охрид. Од денес тече рокот за назначување на градоначалникот и за преземање на функцијата. Согласно Законот за локална самоуправа примопредавањето треба да се изврши во рок од седум дена од завршување на изборите, вели Димитрија Вревезоски, претседателот на ОИК. Конституиран е и советот на Општина Охрид. Во него влегоја 11 советници од СДСМ и коалицијата За живот во Македонија, 10 од ВМРО ДММНЕ и коалицијата ЗА подобра Македонија, двајца од...

Продолжи со читање

Во Охрид и понатаму е голем процентот на случаи на семејно насилство

Post Views: 4 Оваа година во Охрид регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство. Од нив 14 дела се „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица. Во помал број случаи жртви се мажи. Најчесто сторителите на ова насилство се во алкохолизирана состојба. Семејните насилства...

Продолжи со читање

50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски

Post Views: 4 50 годишен континуитет на адвокатската дејност продолжена во Адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски. Традицијата започнала уште во далечната 1967 од страна на нивните родители кои исто така биле адвокати за со тек на време да добива различни форми на организирање на адвокатурата за конечно од пред седум години овие три презимиња да се соединат во едно Адвокатско друштво. Се носевме подолго време со таа идеја нашите посебни канцеларии да ги интегрираме во едно друштво бидејќи светските трендови се преселија и кај нас и се јави објективна неможност поединец...

Продолжи со читање

Тунтев: Гасификација на Охрид

Post Views: 4 Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, беше истакнатао на денешната прес конференција на СДСМ. Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до...

Продолжи со читање

Тилевски: Ќе изградиме современ кеј

Post Views: 1 Наш долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија па затоа треба се да направиме да го задржи епитетот што го има, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски. При тоа Тилевски го најави проектот за изградба на современо уреден кеј, како што рече, со чија реализација ќе се придонесе кон забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот...

Продолжи со читање

Стефаноска: Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид

Post Views: 5 Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Д-р Снежана Стефаноска.Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор...

Продолжи со читање

Одбележан Светскиот ден на срцето

Post Views: 2 Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година, традиционално се одбележа Светскиот ден на срцето. Овој настан има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Денес тимови од Заводот за кардиоваскуларни заболувања мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости. Онаму каде...

Продолжи со читање

Образованието во фокусот на денешната седница

Post Views: 3 Во фокусот на советниците на денешната 75 седница на совет беа условите за изведување настава во основните училишта во градов. Оваа дискусија беше иницирана од предлог одлуките за усвојување на годишниоте извештаи за работата и материјално -финансиското работење на ОУ. Советникот Кујтим Усеини посочи дека ОУ „Братство единство“ кое е едно од најстарите училишта во градов е во многу лоша состојба, а условите за настава се навистина под сите критериуми. Еве веќе месеци децава во Братство учат во услови кои се катастрофални. Години наназад сме оставени без никаква...

Продолжи со читање