Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 158 Основното музичко училиште „Методи Патче“ го доби највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“-Патрон на Охрид за 2016 година. Одлуката ја донесе градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на предлог на родители и на специјалната комисија во која членуваат истакнати поединци од општествениот живот во градов. Градоначалникот рече дека посебно му причинува задоволство што наградата ја добива оваа реномирана образовна институција која 50 години твори и континуирано создава музички таленти кои Охрид достојно го преставуваат во земјата и...
Наумоски: Ќе ставиме крај на принципот нишај врата, земај плата
Post Views: 159 Ние ќе ставиме крај на принципот нишај врата, земај плата, каде непознат број на партиски послушници не одработуваа ниту еден работен ден, а земаа плата на товар на секој граѓанин. СДСМ по 11ти декември ќе воспостави јавен регистар на администрацијата во кој ќе биде објавен вкупниот број на вработени во јавниот сектор, меѓутоа ние нема да ги бркаме луѓето од работа по принципот на ДПМНЕ, ние ќе ги ставиме во функција на граѓаните. Ќе воведеме флексибилно работно време кое ќе започнува од 7 и 30 и 8 часот и ќе трае до 15 и 30 односно16 часот попладне. Институциите...
Арнаудов: Следуваат многу проекти во патната инфраструктура на Охрид
Post Views: 150 Предвидена е реконструкција на патот с.Лескоец-с.Долно Лакочереј-с.Горно Лакочереј во должина од 4,6 км Исто таканзначаен проект е реконструкцијата на локален пат во Рача во вредност од скоро 4 милиони денариКако еден од позначајните проекти за градот Охрид е изградбата на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 км. Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во охридскиот регион но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните...
Се избра фирмата која ќе го украсува градот
Post Views: 163 Се избра фирмата која ќе го украсува градот за Новогодишните и божикните празници. Јавниот повик заврши и на електронското наддавање тендерот го доби фирмата „Металват“ од Скопје. Од понеделник таа треба да добие работен налог од Локалната и да започне со украсување на градот. Изјава Томе Џамтоски- портпарол на Локланата самоуправа.Како што и претходно кажавме таа фирма ќе го украсува централното градско подрачје, а наша тенденција е секоја година да се шириме од централното грдско подрачје према периферијата на градот. Ќе се украсува и таму, но со оние реквизити...
Паднаа уште пет дрва во градов
Post Views: 160 Паднаа уште пет дрва во градов. Исечени се стеблата на дрвата кои се наоѓаа во близина на Охридска банка и ЕВН. Граѓаните изреволтирани од уништувањето на зеленилото во градов велат дека од една страна се прават некакви акции за пошумување и садење дрва, а од друга страна повеќегодишни стебла се сечат без мерка.Од Локланата самоуправа објаснуваат дека уште пред неколку години се барало одобрение за сечење на дрвата на ова место. Барањето го доставиле од ЕВН и се однесува само на три стебла со образложение дека се стари и преставуваат опасност за минувачите и за просториите...
Охрид ја засади својата иднина
Post Views: 188 15 садници на дрвото туја денес беа засадени во паркот по кејот на езерото во рамките на 17тата акцијата Ден на дрвото. Охридските советници , политичари и граѓани засадија по едно дрвце со надеж дека еден ден тие ќе израснат во високи стебла кои ќе го красат паркот.Тоа е еден од начините можеби и симболичен на кој ја покажуваме континуираната грижа за животната околина, општината со низа активности кои што се во нејзина надлежност постојано работи на подобрување на квалитетот на животната средина и на нејзината заштита. Ова е една извонредна можност да се приклучиме...
Во охридско- струшкиот регион вчера се случија три сообраќајни незгоди
Post Views: 176 Синоќа на улицата „15-ти Корпус“, во близина на бензинската пумпа „Навис“ се случи тешка сообраќајна незгода. Од СВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 62- годишен охриѓанец на кого налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движело од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“.На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци.Основната...
Шекеринска: Планот за живот во Македонија гарантира дека младите од целата држава ќе останат тука
Post Views: 146 Во Охрид сите граѓани велат дека ова е проблем број еден, дека градот се празни, младите заминуваат, затоа што тука не гледаат ниту шанса за пристоен живот ниту шанса за било каква работа. Нашиот план за живот во македонија го има овој проблем како приоритет број еден. Во тој план предвидуваме 140 милиони евра насочени кон домашните компании за да создаваат нови работни места и да обезбедуваат повисоки плати. Дополнително ќе обезбедиме за сите домашни мали и средни претпријатија кредити во износ од 15 000 евра со камата од само 1% за ад можат тие да се развиваат...
Арнаудов: Поголем дел од програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ е посветена на младите и нивниот правилен развој
Post Views: 172 Во Охрид во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности за љубителите на кошарката е предвидена изградба на четири кошаркарски игралишта. Предвидена е реализација на проектот за популаризација на повеќе спортови: ракомет, фудбал, ватерполо, кајак, веслање, едрење, бадминтон, пинг-понг, одбојка на песок вклучувајќи на истите и бесплатни часови за обука чија што целна група се деца, младинци и други посетители. Исто така за општина Охрид е предвидено реализација на проектот локални младински совети, а токму преку овој проект...
ЦИВИЛ: Изборите ни од далеку нема да бидат фер и демократски
Post Views: 228 Не престануваат притисоците, заканите и уцените врз граѓаните во предизборниот период за предвремените парламантерани избори во Македонија, тврдат од Цивил. Особено на мета се вработените во администрацијата и најсиромашните граѓани во државата. Тие секојдневно трпат разни манипулации и злоупотреби од страна на политичките партии. Ова го регистрирале теренските набљудувачи на Центарот за слобода Цивил во изминатиот период. Од таму велат дека најалармантна е состојбата со злоупотребата на малолетниците. Се вршат притисоци и врз децата за жал и на малолетниците преку...
Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат
Post Views: 135 Локалната ги определи локациите каде политичките партии ќе можат бесплатно да се рекламираат. Тоа е просторот од оградата на ОУ „Григор Прличев“ каде ќе се постави тараба на која ќе може да се лепи пропагандниот материјал. Но неколку изборни циклуси по ред веќе многу ретко можат да се забележат билборди и плакати од кандидатите за изборите, а сѐ помалку ги има и традиционалните лепачи на плакати. Партиите го сменија начинот на кој им ги претставуваат своите политики и програми на гласачите. Покажува времето во кое живееме дека се помалку се користи рекламирањето...
Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип
Post Views: 150 Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Засега се пријавени само 15 и тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување. Годинава охридскиот Центар за јавно здравје набави 3000 вакцини против сезонски грип. Од оваа количина 1680 биле наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Вакцините...