Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории

Post Views: 3 ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политиката на унапредување на положбата на ранливите категории. Континуирано се стимулираше наталитетот, се доделуваа стипендии за талентирани ученици и студенти, комуналните трошоци на семејствата со социјален ризик се субвенционираа, беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Новата Локална самоуправа предводена од Д-р Митко Тилевски и тимот-советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како приоритетен проект за охриѓани го најавува „Проектот за изградба на социјални станови“.Од сопствени средства ќе изградиме станови во...

Продолжи со читање

Центарот за јавно здравје од Охрид набави вакцините против сезонски грип

Post Views: 4 Се набавија вакцините против сезонски грип. Центарот за јавно здравје од Охрид од 10ти октомври ќе започне со имунизација. Вакцините кои ќе се примаат штитат од 2 типа на вируси на грип бидејќи според СЗО овие видови ќе бидат најзастапени оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Има 3000 вакцини , а од оваа количина 1680 се наменти за охриѓани, 720 за Струга и 600 за Дебар. Од досегашната пракса најчесто се вакцинираат повозрасните лица, но и помладите со хронични заболувања, а исто така и вработените кои се во директен контакт со...

Продолжи со читање

Стојаноски: Инфраструктурата во градов приоритет на новата Локална

Post Views: 3 Кандидатот за градоначалник од СДСМ Јован Стојаноски на денешната пресс конференција зборуваше за подобрувањето на инфраструктурата во градов.Токму затоа, го санираме и довршуваме колекторскиот систем, затоа што тоа е најголем механизам за заштита на нашето езеро. Поставуваме нова мрежа, но ја санираме и старата која често е причина за поплавени улици и загадување на езерото, рече Стојаноски.За овој значаен проект имаме сигурен и отворен пријател во Владата на Република Македонија која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање на партнери кои би се зафатиле со...

Продолжи со читање

Охрид сеуште без современа градска библиотека

Post Views: 2 Охрид, градот на Св. Климентовиот Универзитет, градот на словенската писменост сеуште без современа градска библиотека. Иако уште пред три години беше најавено преселување на библиотеката во просториите каде беше сместена НУ Фестивалот „Охридско лето“ тој проект не се реализира. Охриѓани со носталгија се сеќаваат на старата библиотека каде се собираа да прочитаат книга, весник или едноставно само да поразговараат. Тие се желни за еден современ простор каде книгата ќе им биде на дофат. Инаку, уште во 2013та год. со одлука на тогашната Влада на РМ започнаа...

Продолжи со читање

Едрењето се враќа на голема врата

Post Views: 3 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид на која учествуваа четиринаесет едрилици со трочлeн екипаж од Македонија и Србија кои се натпреваруваа во две категории. Регатата има ревијален карактер целта е да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината, рече Стефан Ставрески од Јахтинг клубот Акватика. Интересот за едерењето од ден на ден се повеќе расте. Бројот на едрилоци се зголемува, но проблем...

Продолжи со читање

Трговијата со луѓе се уште постои во Македонија

Post Views: 4 Лани, во Македонија шест лица биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе. Жртвите биле три малолетнички и три возрасни лица. Пет од нив биле сексуално злоставувани и една била присилена на брак. Ова не е реалната состојба бидејќи кај нас сеуште многу малку се пријавува трговијата со луѓе додека во соседните држави веќе отворено се зборува на оваа тема и таму веќе се идентификувани 100 до 150 лица. Поради тоа се организира едномесечна кампања под слоганот „Што гледаш? Биди нивниот глас!“ која има за цел да ја подигне јавната свест и да ги поттикне граѓаните...

Продолжи со читање

По еден загинат на работно место секоја недела

Post Views: 1 По еден загинат на работно место секоја недела. 42 смртни случаи годишно поради повреда на работното место. Ова е билансот во државава поради немањето соодветна безбедност и заштитата на работниците на работното место. Како најопасни професии кои земаат најголем данок во човечки животи се оние во земјоделството, во транспортните дејности, полицијата, градежништвото, а високо на оваа скала се наоѓа и новинарството. Затоа македонското здружение за заштита при работаГи седна на маса граѓанските асоцијации со цел подигнување на капацитетите во однос на безбедноста и...

Продолжи со читање

Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар

Post Views: 5 Пазарувањето на привремениот зелен градски пазар се претвора во кошмар , и за купувачите и за пазарџиите и за учесниците во сообраќајот. Ако ве носи патот кон оваа локација, посебно со автомобил, наоружајте се со големо трпение. Сообраќајниот хаос до т.н место градски пазар навистина ќе ве извади од кожа. Иако постои знак забрането паркирање и задржување улицата која води кон влезот на подзмените гаражи на зградата во непсредна близина на пазарот е најчесто попречена за движење од паркирани возила кои вршат дотур на стока. Тротоарите околу пазарот се претворени...

Продолжи со читање