Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 3 Охридските галеристи бараат да се реализираат ветувањата за отварање галериски простор каде уметниците ќе можат да ги излагаат своите дела. Малубројните галерии во градов се претесни за во нив да можат да се претстават барем поголемиот дел од сликарите, било локални, било национални. Потребата од национална и градска галерија се наметнува од два аспекти. Едниот е потребата на уметниците за свој репрезентативен простор, а другата е потребата на туристите да посетат една галерија во која ќе можат да добијат впечаток за современата уметност со која располага нашиов...
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид
Post Views: 4 Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид. Синоќа на отварањето присуствуваа голем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, како и истакнати личности од јавниот и политичкиот живот. Присутните ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски. Ова ќе биде канцеларија каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат, да муабетат и да разменуваат свои ставови и мислења за различни теми од општественото живеење. Ова е прва канцеларија на оваа партија надвор од Скопје. Охрид во многу...
Дива депонија во строгиот центар на градот
Post Views: 4 Дива депонија во строгиот центар на градот. Во непосредна близина на охридската капетанија постојано има планина со отпад. Ова место години наназад е црна точка каде несовесни граѓани си одлагаат се и сешто. Не ги плашат ниту реакциите од околината, ниту посетите на комуналните инспектори. Несовесно оставен отпад кој е мета на мачки и кучиња скитници кои го растураат насекаде. ЈП „Охридски комуналец“ редовно го подига, но луѓето се немоќни. Очигледно е дека се работи за отпад од угостителските објекти, истечено масло, киселина, коски од риба. Ужасна слика која е...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата со раководните лица од СВР – Охрид
Post Views: 4 Транспарентноста и отчетноста на институцијата пред граѓаните како нејзин сервис ќе се новите принципи на работа на полициските служби, рече денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при средбата со раководните лица од СВР – Охрид. На средбата министерот беше информиран и за актуелната безбедносна состојба во подрачјето што е под ингеренција на СВР-Охрид. Таа генерално е добра, но и понатаму ќе се работи за нејзино подобрување во повеќе аспекти, подвлече Спасески. Еден од клучните проблеми особено на СВР – Охрид е недостатокот на кадровски...
Осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро
Post Views: 3 Со положување на свежо цвеќе и поклонение, денес беа одбележани осум години од трагичната бродска несреќа во Охридското Езеро во која загинаа 15 бугарски туристи. Претставници од локалната самоуправа, здружението „5ти Септември“, претставници од Ротари клубот, Капетанијата како и Бугарскиот културно-информативен центар од Скопје им одадоа достојна почит на жртвите во овој немил настан.Заменик-градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев, вели дека оваа несреќа не потсетува и опаметува во насока на подобрување на услугите кои се нудат на туристите од аспект на нивна...
Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот
Post Views: 1 Родителите на деца со аутизам имаат ретка можност да се едуцираат како да се однесуваат со своите најмили кои се во ваква состојба. Во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство, дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, денес и утре, во Охрид, во општинската зграда, се одржува петтата по ред бесплатна обука наменета за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. Но, иако овој проблем станува се поголем и поприсутен во државава, а и во...
Д-р Јован Стојаноски, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ
Post Views: 4 Се поизвесно е дека СДСМ градоначалничката трка во Охрид ќе ја трча со професор Д-р Јован Стојаноски. Оваа одлука иако сеуште не е официјално потврдена е донесена од највисокото партиско раководство во Скопје. Овај избор за многумина не е изненадувачки бидејќи професор Стојаноски доби најголема доверба на внатрепартиските избори кои партијата ги спроведе уште во февруари оваа година на кои покрај него како можни кандидати за градоначалник беа и Науме Јованоски, Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо...
Галеријата „Букефал“, место кое туристите со задоволство го посетуваат
Post Views: 4 Туристите кои го избрале Охрид како дестинација многу ретко одминуваат еден простор на сред чаршија во кој дише уметноста. Галеријата „Букефал“ најпрво ги привлекува со својот излог, а потоа влегуваат внатре и потонуваат во боите на сликите на најеминентните, но и на младите македонски уметници. Посетители во галеријата се љубителите на уметност. Јас ги делам на луѓе кои сакаат уметност и на оние кои не чуствуваат потреба за тоа. Од цел свет имаме посетители и кога ме прашуваат дали делата се на македонски автори јас велам дека на македонски, но и на...