Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Голем број граѓани се собраа да го чествуваат големиот празник Митровден

Post Views: 163 Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, голем број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад, а собирот беше збогатен со музичка програма.Николина Велјаноска од црковниот одбор на Св. Димитрија вели дека убаво е на овој ден кога ќе се види насобраниот народ кој го чествува Митровден.Ова е веќе...

Продолжи со читање

Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава засади бели рози

Post Views: 231 Паркот наспроти хотел Гарден вчера беше разубавен со 25 нови садници на бели рози. Женскиот Лајонс Клуб „Деница“ од Охрид и годинава ја продолжи традицијата на засадување бели рози. „Со оваа наша активност сакаме да дадеме свој мал еколошки придонес, а истовремено и да ја разубавиме глетката на паркот низ  кој секојдневно минуваат голем број љубители на природата“ – изјавија од Лајонс Клубот „Деница“, заблагодарувајќи се и на стручната  помош од страна на вработените во ЈП „Комуналец“ –Охрид. Дениците сакаат на Охрид покрај епитетот „бисер на Балканот“ да му...

Продолжи со читање

Започна вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 147 Започна вакцинирањето против сезонски грип. Редица од граѓани чекаа пред амбулантата на епидемиологија да се вакцинираат. Најголемиот дел од нив беа повозрасни лица кои кажуваа дека редовно се вакцинираат секоја сезона. Имаше и такви кои за прв пат годинава ќе примат вакцина против сезонски грип. Од Центарот за јавно здравје велат дека вакцините кои се примаат штитат од 3 типа на вируси на грип. Според СЗО овие видови ќе  бидат најзастапени во оваа и наредната година. Вакцините се набавени од холански производител. Најчесто, се вакцинираат повозрасните лица, но и...

Продолжи со читање

Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав

Post Views: 140 Конгресниот туризам во Охрид зема се поголем замав. Хотелските капацитети во градов во есенскиот и пролетниот период се полнат од овој вид туризам. Охрид со своите убавини е примамлив за гостите токму тука да ги одржат своите конгреси, но во слободното време и да уживаат во тоа што им се нуди. Хотелот Метропол има долга традиција за организирање конференции, семинари и конгреси. Од почетокот на септември до сега се организирани 18 големи конференции и  триесетина семинари. За таа цел имаат адаптирано неколку конгресни сали кои ги нудат сите услови за одржување на...

Продолжи со читање

Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“

Post Views: 149 Целосно се ревитализира манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“. По седумгодишна активна работа на конзервација и ревитализација заврши проектот со кој му се врати сјајот на овоај значаен средновековен споменик и еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во светски рамки. Станува збор за исклучително важен проект спроведен со грант на Фондот за културна заштита на Амбасадата на САД.Kонзерваторските зафати се изведени со највисоки конзерваторски стандарди и со примена на најсовремени техники и материјали. Поставен е нов покрив, нов...

Продолжи со читање

Се уништуваат хоризонтлните сопирачи на брзина во градов

Post Views: 159 Хоризонталните сопирачи на брзина во градов се оштетени. Од секторот за комунални дејности нив ги постави во корелација со СВР Охрид со цел да се зголеми безбедноста на пешаците. Посебно се оштетени оние кои се наоѓаат на Булеварот Туристичка и пред основните училишта во градов. Од Локалната тврдат дека хоризонталните забавувачи на брзина се во ваква состојба поради несовесното однесување на возачите. Во моментов тече акцијата за санација и репарација на хоризонталните забавувачи на брзина. Тоа го прави Секторот за комунални дејности заедно со јавните претпријатија,...

Продолжи со читање

5000 евра за правните лица, а 1000евра за физичките кои не го исчистиле оџакот

Post Views: 300 Високи казни за сопствениците на објекти кои навреме не си ги исчистиле оџаците, а кои се греат на дрва или друг огревен материјал. Правните лица ќе плаќаат и по 5000 евра, а 1000 евра ќе плаќаат физичките лица. Тоа е предвидено со измените во Правилникот за одржување во исправна состојба на оџаците. Но во Охрид има еден проблем. Граѓаните реагираат дека оџаците мора да се чисти, а во градов немаме оџачарска служба или овластен оџачар кој ќе го направи тоа.Не е во ред бидејќи немаме оџачарска фирма, всушност казните се многу високи а чистењето на оџакот е од 500...

Продолжи со читање

Адам и Лилит ќе запливаат во Охридското езеро.

Post Views: 142 Во Охридското Езеро ќе запливаат два црни лебеди. Членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“  преку својот почесен член од Белград, Србољуб Алексиќ, директор на Зоолошката градина „Бео Зоо Врт“, издејствуваа донација од зоолошката на два црни лебеди. Тие се донесени од Белград и се ставени во карантин. Денес женката која побрзо се адаптира на овдешните услови треба да биде пуштена во водите на езерото, а по некое време тоа ќе се направи и со мажјакот. Двата црни лебеди ги добија имињата Адам и Лилит. Овааа иницијатива е со цел Охридското езеро да стане уште поатрактивно,...

Продолжи со читање

Котларата во училиштето Браќа Миладиновци во Стругa претставува потенцијална опасност

Post Views: 213 На училиштето  „Браќа Миладиновци“ од Струга му се заканува опасност. Котларата која се наоѓа во оваа образовна институција е стара повеќе од четириесет години, па речиси и да не функционира. Таа е дотраена, руинирана и небезбедна, раскажува директорот на ова училиште, Шкелким Алиу. Состојбата во котларата внатре е многу страшна и може од една искра да дојде до голем пожар и да дојде до голема катастрофа. Во моментов имаме три тони нафта во резервоарите и страшно е ако избувни пожар може  да настрада и училиштето и децата, вели  Алиу.Училиштето бара и очекува помош...

Продолжи со читање

ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции од денес достапна до корисниците

Post Views: 158 За туристичките атракции на Охрид и на останатите општини од Југозападниот регион од денес сите корисници на андроид уреди ќе можат да се информираат преку ГИС апликацијата за културните, природни и други атракции – „Southwest Macedonia Attractions“ која  е достапна на „Play store“. Апликацијата претставува водич за туристите низ регионот, но и корисна алатка која треба да придонесе за поголема промоција на туризмот, велат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Овој продукт е една алатка која ќе им послужи на туристичките водичи и работници...

Продолжи со читање

Училиштето „Ванчо Питошески“ денес го прослави својот патронен празник.

Post Views: 153 Средното општинско стручно училиште „Ванчо Питошески“ денес го одбележа својот патронен празник. Директорката Весела Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа.  Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште, подвлече директорката. Гордост и чест е да се биде...

Продолжи со читање

Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права

Post Views: 140 Како до бесплатна правна помош доколку ни се повредени човековите права. Денес охриѓани имаа можност да се запознаат како да си помогнат доколку се најдат во ваква ситуација. Тимот на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права заедно со лица вработени во Македонското здружение на млади правници, граѓаните кои беа на градскиот плоштад ги информираа за  активностите предвидени во проектот, со посебен фокус на бесплатната правна помош за жртви на повреди на човекови права, како и правното застапување пред домашни и меѓународни судови. Отворена е и бесплатна телефонска...

Продолжи со читање