Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “

Post Views: 3 Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “. Советот на родители од ова донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда. Телевизија ТВМ неодамна пишуваше за овој проблем и за состојбата во која се наоѓа училиштето. Главниот влез во централната училишна зграда е опасен заради напукнувања на...

Продолжи со читање

Уметникот е ангел без крилја

Post Views: 5 Уметникот е ангел без крилја, ангел, без крилја ангел. Вечерва се промовира овој проект во кој учествуваат тројца автори кои творат во различни медиуми, а на тема ангел или ангелското или бескрајното. Тоа е она што го поврзува божественото со човечкото, редот со нередот и патолошкото со физиолошкото. Авторите се Блаже Крстаноски-Блажески, еминентен скулптор по потекло од Охрид кој работи и твори во Сиднеј, Австралија, Билјана Поп Стефанија, архитект кој се занимава со ангелското, преточено во мозаици и Драган Спасески Охридски, кој преку компјутерската графика се...

Продолжи со читање

Едукација на родители на деца со аутизам

Post Views: 1 Во Охрид расте бројот на деца со аутизам. Нивните родители многу пати поради немање доволно знаење и информации не знаат како да се справат со состојбата во која се наоѓа нивното дете. Ова било причина повеќе на иницијатива на дефектолозите од ОУ Св. „Климент Охридски“ да се организира едукација на родители на деца со аутизам. Обуките ќе се одржат на почетокот на септември, тие се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски...

Продолжи со читање

Отчет

Post Views: 2 Градоначалникот Никола Бакрачески денеска даде отчет пред граѓаните за сработеното во  неговиот мандат. Тој рече дека ваквото јавно излагање ќе биде сведоштво за идните генерации како оваа постава на локална самоуправа, во еден исклучително тежок период на долгови и политички кризи постигна вредни резултати.  Градоначалникот потенцира дека најпрво се зафатиле со подобрување на организираноста и ефикасноста на администрацијата што било пресудно за реализација на зацртаните програми.  Почитувани, со сигурност можам да кажам, за првпат во историјата на Охрид,...

Продолжи со читање

Училиштата во градов, подготвени за новата учебна година

Post Views: 2 Основните училишта во градов забрзано се подготвуваат за новата учебна година. Распустот беше искористен за да се реновираат, исфарбаат, за да се уредат училниците, а се работеше и на дворните површини. Во уредувањето на ОУ „Христо Узунов“ биле вклучени и вработените. Директорот Тони Симоноски вели дека сите заедно работеле за училиштето на 1ви септември да светне во полн сјај. Деновиве сме во фаза на правење дератизација и дезинсекција, а поради земјотресите кои го зафатија нашиов регион летово ние направивме и една сеизмолошка анализа на нашата зграда и можам...

Продолжи со читање

Мауцкер делумно ќе се исчисти

Post Views: 3 Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште пред две години Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти и тогашната директорка на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место две години подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ тогаш неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа бидејќи немаа ниту механизација ниту кадар за тоа. Трабаше да...

Продолжи со читање

И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици

Post Views: 1 И оваа учебна година во општина Охрид се формираа паралелки со помалку од 24 ученици. Оваа одлука беше донесена на седница на совет од страна на градските избраници, а оправданоста на истата се наоѓа во фактот што доколку не се превземе ваков чекор многу работни места на одделенски и предметни наставници треба да згаснат, а и неколку училишта посебно во руралните средини ќе треба да се затворат. Одлуката е за поздравување, но од друга страна организирањето на ваквите паралелки непотребно го троши и така тенкиот буџет на општината. За да не се случи конфликт...

Продолжи со читање

НАБИЗИ – успешна бизнис приказна

Post Views: 27 Синоќа се отвори баумаркетот НАБИЗИ кој се наоѓа на патот од Струга према Ќафасан. Таму има од игла до локомотива. Може да се најде бела и црна техника, санитарија, мебел, електрика, апарати за домаќинство и што уште не. Идејата за отварање на еден ваков комплекс се родила пред две години и успешно се реализира. Во НАБИЗИ вложени се повеќе од  2 мил евра. Овој комплекс е по теркот на европските од каде се земани примери и искуства. Камбер вели дека го следат светскиот тренд и работат со најпознати фирми од областа на градежништвото.  Камбер Бизати, еден од...

Продолжи со читање