Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија

Post Views: 140   Охрид е домаќин на спортските игри на телесните инвалиди од Македонија. Овие игри се одржуваат по четврти пат, а нашиот град по прв пат е нивни домаќин. Трудови инвалиди од повеќе градови од државава се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини, како што се трчање на 100 метри, шах, домино, пикадо, фрлање ѓуле. Ваквите средби за овие лица значат можност да излезат од своето секојдневие и да поминат убави моменти заедно со останатите луѓе кои својот инвалидитет најчесто го добиле на работното место.Овие спортски игри значат многу за нас бидејќи се дружиме, спортуваме,...

Продолжи со читање

Во градов имаме ново зелено пазарче

Post Views: 139 На просторот во близина на кружниот тек кај охридската болница, никна мини пазарче. Десеттина продавачи секој ден тука ги нудат своите производи. Има од се по нешто, пиперки, патлиџани, грозје, тиква, костени, ореви и друг сезонски зеленчук и  овошје. Продавачите велат дека ова место го избрале за да ги продаваат своите производи поради тоа што е многу фреквентно и има доста купувачи, а и им е поблиску до нивните домови.И оние кои купуваат зеленчук и овошје на ова импровизирано зелено пазарче се задоволни од понудата и цените по кои тоа се продава.Од пред една година...

Продолжи со читање

Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо

Post Views: 142   Граѓаните кои чекаат градски превоз на потегот од хотел Дончо па према излезот на градов сеуште се под ведро небо. Освен знакот дека тука има автобуска постојка ништо друго не асоцира на тоа. Нема ниту стојалиште,ниту  покрив, ниту пак клупа. Локалната самоуправа  неодамна на пет локации во градов постави нови автобуски постојки. Сите пет локации се на бул „Туристичка“. Две од нив се кај маркетот „Тамаро“ во непосредна близина на ул. „Абас Емин“, една кај зградата на Печијаре, стојалиште има помеѓу Охридската гимназија и ОУ „Григор Прличев“ и една веднаш после...

Продолжи со читање

Хаотична 61ва седница на градскиот совет

Post Views: 111 Надмудрувања, исмејување, убедување, гласање и прегласување беше одликата на 61вата седница на градскиот совет. Предлог Одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште во приватна сопственост заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење – катна гаража го вжешти микрофонот на говорницата, но и главите на советниците. Додека од опозицијата се обидуваа да докажат дека катна гаража на градов му е потребна, но дека таа не треба да биде лоцирана на паркингот кај Ривиера за кој простор денес се дискутираше, од позицијата...

Продолжи со читање

ОПЦИЈА од Охрид се приклучува кон протестот на Владата и Министерството за здравство

Post Views: 160  Граѓанските организации кои спроведуваат активности за превенција и рано откривање на ХИВ помеѓу групите изложени на најголем ризик во Република Македонија бараат од пратениците, Владата, Министерството за финансии и Министерството за здравство да го коригираат скратениот буџет за заштита на населението од ХИВ. За реализација на националната програма за ХИВ за 2017 година неопходни се најмалку 65 милиони денари од буџетот на Република Македонија, а предвидени се само 27 милиони денари. Од невладините организации велат дека овој износ не е доволен да ги покрие ниту...

Продолжи со читање

Како ни се хранат децата додека се на училиште

Post Views: 157 Пециво со сирње и спанаќ и јогурт имаа денес децата на мени во училишната менза на ОУ „Христо Узунов“. Ова е едно од ретките основни училишта во градов каде има училишна менза и каде исхраната на учениците е организирана. Пред десетина години во училиштето имало кујна во која се подготвувал и топол оброк, но од пред три години кујната се дава под концесија. Како најдобар понудувач се јавува познатата охридска фирма „Жито леб“ која ги исполнила сите услови одредени од училиштето, а понудила и најдобра цена. Според договорот храната која им се дава на учениците треба...

Продолжи со читање

Колку охриѓани го почитуваат Законот за јавна чистота

Post Views: 138 Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните ќе заработат казна за тоа. Каква е состојбата во нашата Општина околу пишувањето казни по овој основ? Во овај период кога граѓаните се подготвуваат за зимскиот период немаме пријави бидејќи не е забележано дека е нарушен законот за јавна чистота во тој дел. Веруваме дека граѓаните ја имаат свеста подигнато на тоа ниво да не го...

Продолжи со читање

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник

Post Views: 153 Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денес се прошета на Плаошник. Таа  изврши увид во градежните активности што се спроведуваат во рамки на проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет и изрази задоволство од динамиката и квалитетот со кои тие се спроведуваат. Милевска нагласи дека посебно е важен  начинот на кој се спроведуваат истите и грижата што се води во насока на заштита на откриеното богато културно-историско наследство. Локалитетот Плаошник зафаќа простор од 31 илјада метри квадратни од кои, како што рече министерката Милевска,...

Продолжи со читање

„За посреќно детство“ повторно меѓу охриѓани

Post Views: 165  „За посреќно детство“  повторно меѓу охриѓани. Оваа традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција започнува утре во 11 часот со старт на трката од плоштадот кај Чинарот. Целта на трката ќе биде на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде ќе се одржат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Акцијата е во организација на Црвен крст Охрид, а во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, и традиционалниот партнер на акцијата, Стоматолошки Центар...

Продолжи со читање

Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема

Post Views: 155 Бездомните кучиња кои гравитираа во централното градско подрачје од завчера ги нема. Од здружението за заштита на животните „Анималија“ имаат индиции дека некој ги има собрано и ги има однесено на друга локација. Се сомневаат дека кучињата се однесени на депонијата Буково. Климент Арнаудов волонтер во здружението Анималија потенцира дека оваа постапка е нехумана и противзаконска. И некои од граѓаните ни посведочија дека е извршена хајка на бездомните кучиња имаме и доказен материјал од слики. Се надевам дека некој од граѓаните и ќе посведочат за ваквиот немил настан....

Продолжи со читање

Во градов има зголемена појава на глодари, се жалат граѓаните

Post Views: 160 Граѓаните од стариот дел на градот се жалат дека има зголемена појава на глувци. Пред еден месец на тоа реагираа и граѓаните од населбата Бараки „Гоце Делчев“ и од  улицата „Дејан Војвода“. Од Центарот за јавно здравје тогаш информираа дека на почетокот на септември ќе се изврши дератизација со кој требаше да бидат опфатени 3000 шахри во охридскиот регион, но досега ваков зафат не е направен.Заради неповолните временски услови не можевме да ја спроведеме дератизацијата на почеток на септември како што беше планирано така да ќе се спроведе во среда, четврток и петок...

Продолжи со читање

Доаѓа време на нова енергија во економската политика во Македонија, тврдат од СДСМ

Post Views: 150   Претседателот на комисијата за економија, Драган Тевдовски денес во посета на Охрид. Тој рече дека со неговиот тим разговарале со сопствениците на мали бизниси и со граѓаните во врска со економската состојба во државава и во градов и речиси сите кажале дека многу тешко врзуваат крај со крај. За да порасне животниот стандард  на мнозинството граѓани кои секојдневно работат и живеат од своите плати, а не од приходи од капитал потребно е да растат платите во Македонија, рече Тевдовски. Тие имаат пакет мерки со кои ќе ја подобрат економијата во државава.Освен што...

Продолжи со читање