Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 2 58 милиони денари е вкупната проценета штета од серијата земјотреси што ова лето го погодија Охридскиот регион. Ова е бројка со која официјално излезе Општинската комисија за проценка на штети. До неа поднесени биле 854 барања за проценка на штети, 802 за индивидуални објекти и 52 за деловни објекти. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари. Извештајот на Оштинската комисија се најде и пред советниците во градскиот совет. Откога беше усвоен, истиот, ќе биде испратен до соодветната владина комисија. Во...
И на крај жешко
Post Views: 4 На охридските советници очигледно иако се на крај на нивниот мандат сеуште не им недостасува енергија. На денешната 73та седница која воедно е и предпоследна во овој состав, три сати жестоко дискутираа само на една точка која не беше ниту предвидена во дневниот ред туку денес беше додадена на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Бурната дискусија се водеше за донесување или не на Заклучок за неприфаќање на нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год. и акционен план произлезен од стратегијата донесена на...
Охрид се гради
Post Views: 1 Во Охрид интензивно се гради сред сезона.До реадакцијата на ТВМ телевизија од почетокот на јуни месец редовно стигнуваат реакции од граѓани дека во центарот на градот на неколку локации се гради дури и ноќе до раните утрински часови. Најреволтирани се станоиздавачите од мал обем , на кои им заминуваат туристите кои платиле апартман за да одморат а не да слушаат мешалки за бетон и да голтаат прашина. Всушност тоа и беше мотивот на градскиот совет кога пред десеттина години донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци во интерес на...
Подземните контејнери, проблем за ЈП „Охридски Комуналец“
Post Views: 4 Новите подземни контејнери кои неодамна беа поставени наспроти маркетите Тинекс и Рамстор, нов проблем за ЈП „Охридски Комуналец.“ Иако во нив се одлага голем дел од отпадот кој граѓаните, кафулињата и останатите угостителски објекти како и маркетите во овој дел од градот го создаваат, добар дел од отпадот завршуваше и пред контејнерите. Несовесните го оставаа пред нив правејќи цела планина од смет и создавајќи грда слика во центарот на градот. Имавме проблеми посебно во ноќните часови кога се оставаа цели вреќи со отпад до самите подземни контејнери поради тоа...
Ајдарски од Бугарија е победник на Меѓународниот Олимписки Пливачки Маратон
Post Views: 5 Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште. Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски. Боите на...
Матурантите и официјално и кажаа збогум на гимназијата
Post Views: 4 Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите...
Есенва ќе се шетаме по уредена патека до Билјанини извори
Post Views: 6 Пешачката патека од мостот према Билјанини извори полека ама сигурно го добива својот лик. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства. Интензивно се работи на нејзиното уредување бидејќи рокот за комплетна реализација на овој проект е 12 месеци. Градежните работи започнаа во октомври минатата година. Патеката требаше побргу да биде пуштена во употреба, но поради некои технички проблеми работите се пролонгираа. Динамиката сепак е запазена и таа ќе биде пуштена во употреба до крајниот рок....
Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски
Post Views: 5 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК. На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем...