Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање

Post Views: 220 Добивањето сместување во државните студентски домови доведено во прашање. Некои студенти тврдат дека за да добиеш соба во дом покрај потребната документација наведена во конкурсот треба да имаш и добри врски и соодветна партиска припадност. Од охридскиот студентски дом „Никола Карев“ тврдат дека кај нив немало ниту ќе има вакви случаи. Додаваат дека постапката за аплицирање за сместување во државните студентски домови е крајно транспарентна што нема речиси никакви можности за било каква злоупотреба. Право на пријава во државните студентски домови имаат редовни студенти...

Продолжи со читање

Реакции по забраната за јавно емитување на музички дела на автори членови на ЗАМП

Post Views: 147 Од денес стапи на сила забраната за јавно емитување на музички дела на автори членови на Здруженито за заштита на авторските музички права (ЗАМП). Со ваквата одлука на ЗАМП не смее да се емитува музика во етерот, се додека здружението не ја отповика истата, односно не си ги реши проблемите со Министерството за култура.  Изведувачите со различни реакции, слушателите и гледачите збунети што се случува, а медиумите се уште не знаат како да постапат. „Одговорно тврдам дека ние како медиум, а сметам дека и поголемиот број на радија и телевизии во Македонија, со ништо...

Продолжи со читање

Во Охрид има само три згрижувачки семејства

Post Views: 144 Во Охрид има само три згрижувачки семејства. Центарот за социјални работи преку разни програми прави напори да ги стимулира граѓаните кои имаат можност за тоа да станат згрижувачко семејство бидејќи тоа е вистински благодет за децата на кои им е потребна ваква грижа. Згрижувачкото семејство е најблиската форма до семејството и многу поприфатлива од установите како што се домовите за деца без родители. Неодамна двајца обучувачи од Охридскиот Центар за социјална работа добија посебни сертификати за програмата ПРАЈД што е кратенка од родителски ресурси за информирање,...

Продолжи со читање

Охридските и струшките земјоделци ќе се едуцираат за бенефитите од употреба на органското ѓубриво

Post Views: 137 Само со добра едукација и информираност до поголеми приноси во земјоделството. Од тоа колку е плодна земјата зависи дали и какви приноси ќе имаме. Земјодеците многу често поради незнаење ги користат минералните ѓубрива кои ја испоснуваат земјата наместо да ги користат органските  кои се многу поквалитетни и помалку штетни и за растението и за човекот.  Покрај тоа што ќе ја зачуваме почвата и нејзиниот имунитет и плодност добиваме и поздрав производ. ПО трката за храна ние воопшто не внимаваме каква природа и почва понатака ќе оставиме. Земјата мора да се заштити...

Продолжи со читање

Оваа недела треба да завршат градежните работи на централниот објект на градинката „Јасна Ристеска“.

Post Views: 147 Се наѕира крајот на градежните работи во централниот објект на градинката „Јасна Ристеска. Уште во текот на летото започна реновирањето на овој објект кој е стар повеќе од педесет години. Беа направени крупни зафати како промена на кровот, уредување на санитарните чворови, средување на занималните и холот. Директорката Розе Костоска заедно со целиот тим настојуваа работите да се завршат до почетокот на новата учебна година, но поради повеќе причини работата се пролонгира.Уште на самиот старт очекувавме дека ќе ни е потребно повеќе време за да ги уредиме работите...

Продолжи со читање

Исламските верници од денес го прославуваат Курбан-бајрам

Post Views: 136 Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градоначалникот Никола Бакрачески на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честита празникот велејќи дека градот Охрид отсекогаш бил специфичен, посебен и уникатен поради почитувањето на традицијата и празниците, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува низ вековите живеејќи сите заедно...

Продолжи со читање

Охрид никако да го реши проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници

Post Views: 155 Охрид никако да го реши  проблемот со неколкуте локации во градов кои се собиралишта на нарко зависници. Стариот отпад, поранешниот „ Тафтинг“ кај чинарот во Горна влашка маала, карабината до управната зграда на Општата болница и поранешниот објект на МРТВ зад скалестата зграда, објектот на стариот авто-сервис на улицата „ Кленоец“ , приватен објект во населбата Карабегомала се само дел од критичнте места каде најчесто се собираат наркозависници и препродавачи на дрога.  Години наназад се прават напори овие места да се исчистат и уредат, но попусто. Уште минатата...

Продолжи со читање

Привршуваат работите за ентериерно уредување на Куќата на Робевци

Post Views: 275 Привршуваат работите за ентериерно уредување на Куќата на Робевци. Овие зафати кои започнаа уште пролетта се во рамките на проектот кој е дел од програмата на Владата за обнова на поставките во музеите низ Република Македонија, а за чија реализација од буџетот на Министерството за култура се издвоени три милиони денари. Ентериерното уредување е при крај останува уште да се набават потребните витрини и  до крајот на годината треба се да е завршено. Овој музејски простор треба да се отвори со нови поставки кои ќе бидат многу интересни за посетителите и тоа не само...

Продолжи со читање

Дали ќе згасне охридскиот атлетски маратон

Post Views: 141 Утре ќе се одржи 30тото, јубилејно издание на меѓународниот атлетски маратон. Ќе се трча 30 километарската патека од Св. Наум до Охрид во чест на 8ми септември Денот на Републиката. Но, оваа спортска манифестација која е една од најстарите во градов може да згасне поради немање финансиски средства. Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 кој е организатор на настанот уште на 15.08 доставило барање до Општина Охрид за таа да застане зад оваа спортска манифестација и финансиски да ја подржи бидејќи општината е генерален покровител на Маратонот, но од општината молк.Сеуште...

Продолжи со читање

Пензионерите до крајот на овој месец треба да ги добијат дрвата

Post Views: 149   Дел од пензионерите кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца стравуваат оваа зима да не останат без дрва. Велат дека минатата година поради недостиг на огревно дрво не им стигнале нарачките па биле принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Од здружението смируваат дека тоа нема да се случи оваа година бидејќи дрва има доволно за сите. Додаваат дека најголемиот дел од пензионерите кои купуваат дрва преку Здружението на пензионери веќе се снабдени. До крајов на месецов треба сите да го добијат огревното дрво, но доколку...

Продолжи со читање

Дали Охридско-струшкиот регион е подложен на феноменот водена бомба

Post Views: 157 Охридско-струшкиот регион според својата географска поставеност не е подложен на појава на феноменот водена бомба. Но за да има поточни податоци околу тоа, треба да се направат детални истражувања во кои ќе бидат опфатени сите фактори кои придонесуваат за да дојде до овој природен феномен кој се случи пред еден месец во околината на Скопје, кога настанаа големите поплави кои завршија со жртви. Стив Мек Нолти, професор од САД и претставник на Американските шумски служби кој веќе триесет години се занимава со научно истражувачка работа во оваа област, вели дека природните...

Продолжи со читање

Охридските пензионери и понатаму освојуваат медаљи

Post Views: 194 Охридските пензионери најдобри тркачи. Тие на 21виот републички спортски натпревар на пензионери во Македонија одржан на 3ти септември во Радовиш освоија две први места во трчање и едно во екипна конкуренција, женската екипа во стрелаштво, а охриѓанката Снежана Милошеска по втор пат досега е прогласена за најдобар стрелец. Сите овие резултати се постигнати со голем труд и ентузијазам на луѓето од третата доба. Благица Маркулеска која освои прво место во трчање вели дека тоа што е пензионер не ја спречило да се занимава со оваа дисциплина која ја сака уште од дете.Јас...

Продолжи со читање