Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 3 Охрид обоен во боите на Барса. Од 21 до 27 август ќе се одржи летен камп на Барселона. Започна брендирањето на СРЦ „Билјанини Извори“ и терените за фудбал во боите на овај светски позанат клуб. Овој настан го става Охрид на мапата на светските градови кои биле домаќини на еден ваков фудбалски камп кој е привилегија за градот. Сето ова е резултат на ангажманот на Локалната и спортските работници кои изминативе 4 години ги презедоа во делот на развојот на спортот, истакна на денешната прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески. Изградени се голем број...
Локалната интензивно гради и за време на летната сезона
Post Views: 3 Се уредува тротоарот и велосипедската патека на булевар Туристичка, наспроти музичкото училиште. Тоа е дел од програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Со неа е предвидено тротоарот од пресекот на булевар Туристичка до улицата Асном, во должина од 415 метри да биде реконструиран и да биде направен на исто ниво со велосипедската патека со што ќе се добие поголем простор, а и безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе биде подобрена. Граѓаните велат дека добро е што тротоарот ќе се реконструира, но стравуваат дека дрворедот кој се наоѓа таму...
Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур
Post Views: 2 И ова лето граѓаните реагираат дека просторот околу маркетот Рамстор е несреден и натрупан со пакети , палети и стока. Местото на производите им е на рафтови или во магацин а не околу маркетот, на тревникот и тротоарот. Сето тоа создава една грда слика во самиот центар на туристички Охрид веднаш до градскиот плоштад и Летница. Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор да ја чуваат стоката околу самиот маркет . Не ретко се сличува и на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина да се чуваат цели палети со вода и безалкохолни...
Новата патека од мостот до хотел Парк веќе не личи на нова
Post Views: 5 Патеката од мостот до хотел Парк по која секојдневно минуваат голем број граѓани кои ја користат за рекреација, но и како пат кој води до најблиските плажи, од кога се направи не е воопшто измиена. Остатоци од сладолед, овошје, стакло и други отпадоци оставиле зад себе несовесни граѓани. Од Локланата велат дека службите на ЈП „Комуналец“ од 5 часот наутро до 9 часот ја чистат патеката и ги отстрануваат отпадоците, ги празнат корпите и контејнерите и го одлагаат сметот на паркинг просторот кај Центарот за обука на вода од каде се подига, но признаваат дека патеката...
Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец
Post Views: 7 Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец. Ова лето не се реализирала ниту една тура, велат од Охридската капетанија. Со отварањето на граничниот премин кај Св. Наум сите бродови добија одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Но интересот на патниците опаѓа. Воспоставени се сите норми и принципи за минување на границата по воден пат. Донесено е од страна на МВР и царинска управа отварање привремен граничен премин што е пракса секоја година наназад. На барање на...
Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење
Post Views: 10 Жителите на Подмоље веќе шести ден се оставени без вода за пиење, бидејќи бушотината што ја направиле со сопствени средства сега не можат да ја користат поради личните интереси и внатрепартиските калкулации на градоначлниците на Охрид и Дебарца, Никола Бакрачески и Игор Трајковски, ова беше истакнато на денешната пресс конференција која ја одржаа советниците од СДСМ. Ваквото однесување на градоначалниците не само што е безобразно и неодговорно, итовремено е и нехумано, бидејќи стотици домаќинства се оставени без вода при вакви тропски температури. Одговорност...
плажите и ова лето окупирани со лежалки
Post Views: 4 Деновиве на охридските плажи нема место игла каде да се фрли. Продолжениот празничен викенд го наполни градов со гости кои се разладуваат во водите на езерото. Но со гужвата уште повеќе дојде до израз дека некои концесионери на плажите не ги почитуваат одредбите од договорот 40проценти од просотор да го остават слободен, без лежалки за посетители кои не сакааат да користат урбана опрема. Од локалната самоуправа информираат дека инспекторите во неколку наврати излегле на терен и забележале неправилности и непочитувње на одредбите од договорот. НО додаваат дека...
Охридско семејство веќе неколку месеци бара правда поради недозволеното поставување на далекувод од страна на ЕВН во нивниот имот
Post Views: 5 Во имотот на семејството Џамтоски од Охрид, кој се наоѓа во селото Лескоец пред неколку месеци, речиси преку ноќ е поставен далекувод од ЕВН Македонија. Сопствениците на парцелата тврдат дека претходно ниту биле информирани ниту консултирани за поставувањето на овој објект и бараат тој да биде отстранет од имотот или да им се плати оштета бидејќи со неговото поставување вредноста на парцелата е повеќекратно намалена, а и им е оневозможено да ја искористат за тоа што планирале. Веднаш пријавив во полиција, а после тоа дури затекнав и работници кои го поставуваа на...