Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Охрид нема концертна сала

Post Views: 153 Охрид нема концертна сала. Иако овој проект години наназад беше најавуван како еден од приоритетните, сеуште не е ниту започната негова реализација. Концертната сала му е потребна на градов за да можат да се организираат музички настани од повисок ранг, но пoвеќе од потребна му е и на фестивалот Охридско лето. Тоа го истакна и директорот на овај реномиран фестивал, Оливер Арсовски, кажувајќи дека поради немањето концертна сала во градов повеќе настани од овогодинешното издание на Охридско лето, кои поради лошите временски услови не можеа да се одржат на отворено,...

Продолжи со читање

540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи

Post Views: 138 540 првачиња од општина Охрид денес за прв пат седнаа во училишните клупи. Почетокот на новата учебна година за нив е и ново поглавје во нивниот живот. Завршуваат безгрижните детски денови и почнуваат школските обврски, учење и надоградување за еден ден да станат личности кои ќе придонесат за поголем квалитет на живеењето во градов. По повод стартот на новата учебна година, заменик градоначалникот Ангел Јанев го посети основното училиште „Св.Климент Охридски“, каде  на учениците им посака успешен почеток и постигнување на што подобри резултати. Започнува една нова...

Продолжи со читање

Градинката „Билјана“ повторно ставена во функција

Post Views: 169 Од денес дечињата повторно се згрижени во објектот „Билјана“на градинката „Јасна Ристеска“.  Овој клон повеќе од еден месец беше затворен поради проблеми предизвикани од излевањето на канализационата цевка од зградата која се наоѓа над градинката, а  која поминува низ пералната на објектот. Направени се сите подготовки, објектот е дезинфициран, исчистен со помош на Центарот за јавно здравје, направена е комплетна дезинфекција на целиот инвентар, испрана е постелнината и објектот е ставен во функција, вели Розе Костоска- директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.Но проблемот...

Продолжи со читање

Фрескоживописот на црквата Св. Богородица Перивлепта целосно конзервиран

Post Views: 147 Завршува конзервацијата  на фрескоживописот во црквата Св.Богородица Перивлепта. Ова на својот твитер профил го потврди и  Американскиот амбасадор Џес Бејли  кој изрази големо задоволство од реализацијата на овој проект за  кој Амбасадата на САД во Скопје издвои средства во висина од 450.000 американски долари. Конзервацијата на фрескоживописот е само дел од проектот. Во активностите кои се одвиваа во и околу црквата, а кои траеа повеќе од три години, влегуваат и конзервацијата на архитектурата на црквата, како и на манастирската камбанарија и манастирскиот конак....

Продолжи со читање

Влезот во Охрид сеуште не е хортикултурно уреден

Post Views: 163 Северозападниот влез на Охрид сеуште не е хортикултурно уреден. Освен куќарката во стилот на старата охридска архитектура и една стрелка која е направена од левата страна на патот кога од Скопје доаѓаш за Охрид нема ништо друго што би асоцирало на тоа дека тука е влезот во најголемиот туристички центар во Македонија. Од Локланата ветуваа дека просторот кој меѓу охриѓани е познат како кај петљата ќе биде уреден, ќе биде засадено зеленило и цвеќиња, ќе бидат поставени и некои други содржини, а старите ќе бидат отстранети. Но еве и оваа сезона помина, а тоа не се направи....

Продолжи со читање

Охридската легенда хотелот Ривиера, со ново име и нов начин на работа

Post Views: 319 Добра понуда, прифатливи цени, убав амбиент, стручен персонал, ова е формулата за успешната сезона на хотел Нова Ривиера. Овај хотелски капацитет кој се наоѓа во центарот во градот од оваа пролет има нов менаџерски тим, нов начин на работа и нови гости. Околу 2000 туристи во изминативе три месеци престојувале токму таму. Имало гости од Црна Гора, Словенија, Бугарија, Србија и секако од Македонија. Во ниеден момент не се покајавме што влеговме во туристичкиот бизнис бидејќи Охрид е бисер балкански и има многу нешта што може да ги понуди, факт е дека не се искористени...

Продолжи со читање

Атлетскиот клуб „Охрид“ поради финанасиски проблеми може да згасне

Post Views: 143 На најстариот аматерски спортски клуб во градов му прети опасност од затворање. Атлетскиот клуб „Охрид“ кој е формиран уште во далечната 1977год и егзистира повеќе од 40 години, А кој е расадник на голем број атлетичари, поради финанасиски проблеми може да згасне.Блокирана е жиро сметката веќе 3-4 години и не гледаме излез дека може нешто да се направи единствено ако државата застане зад клубот или пак ако општината ни подаде рака па да излеземе од таа криза во која се наоѓаме моментално, вели Пецо Неданов- претседател на атлетскиот клуб „Охрид“. Атлетичарите од...

Продолжи со читање

Каков е импактот на туристите врз охридската економија

Post Views: 168   Англичани, Холанѓани, Белгијци, Турци, Израелци и од каде уште не ова лето пристигнаа гости во Охрид. Но многу често поставувано прашање е колкав е бенефитот од нив, односно каков е импактот на туристите врз охридската економија. Не е ретко да се слушне дека градот врие од гости, но дека тие се слаби потрошувачи. И навистина, некои гости полесно го отвораат кесето и трошат пари и вон она што им е предвидено во самиот аранжман, а некои пак се поскржави. Според светските анализи, англичаните според нивото на потрошувачка се на прво место, додека пак за холандските...

Продолжи со читање

Во ОУ „Христо Узунов“ се опремува кабинетот за дефектологот

Post Views: 161 Децата кои имаат пречки во својот развој и на кои им е неопходна помош од стручно лице, дефектолог, а кои учат во ОУ „Христо Узунов“ од новата учебна година ќе имаат кабинетска настава. Ова е една голема придобивка и за децата и за училиштето, вели директорот Тони Симоноски.Го опремуваме кабинетот за дефектологот кој беше вработен минатата година, а кој и тоа како беше потребен во нашето училиште. Правиме една сосема нова просторија во која дефектологот ќе има посебна настава со дечињата на кои им е потребно тоа, вели Симоновски.Летниот одмор во ОУ „Христо Узунов“...

Продолжи со читање

Охрид и Воден ја прошируваат туристичката соработка

Post Views: 157   Се зголемуваат можностите за подобра туристичка соработка помеѓу Охрид и Воден и зголемување на бројот на гости кои ќе ги посетуваат двата града кои се карактеристични по природните убавини и водни ресурси. Овие две општини со заедничкиот проект WaterNet пред една година добија средства од програмата за трансгранична соработка на ИПА фондовите. Денес, на ФТУ Охрид се одржа прекугранична изложба на која учествуваа сите партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ и факултетот Аристотелис од Солун.На оваа изложба, покрај трудовите кои  се презентираа, се презентира...

Продолжи со читање

Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња

Post Views: 161   Започна проектот за стерилизација на бездомните кучиња. Овој проект го спроведува општина Охрид, во соработка со здружението за заштита на животни „Анималиа“ и ветеринарната амбуланта „Маја Тамара вет“. Целта секако е намалување на бројката на бездомни кучиња во општината. Проектот се реализира со буџетски средства на општината во висина од 80 000 ден. и опфаќа стерилизација на бездомните кучиња, нивно привремено сместување во простор за таа намена со секојдневна грижа од волонтерите на „Анималиа“, активности за нивно вдомување, а доколку не бидат вдомени враќање...

Продолжи со читање

На булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа, повредено едно лице

Post Views: 153 Уште една сообраќајна незгода во градов. Попладнево, околу 13.30 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на училиштето „Григор Прличев“ се  судрија моторцикл и патничко моторно возило. Моторциклистот поради силината на ударот бил исфрлен на коловозот поради што се здобил со телесни повреди и итно е пренесен во охридската општа болница.Во сообраќајната незгода учесник е еден моторциклист кој најверојатно во момент на невнимание удрил во паркирано патничко возило од десната страна на булеварот Туристичка. Се случил пад при што се здобл со телесни повреди и нагмеченици...

Продолжи со читање