Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

АТВА Хоум Центар пристигна и во Струга

Post Views: 9 Струга доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во овој град. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Струга, а трета од овој бренд. Ги има во Охрид, Кичево, а сега и во Струга. Овој бренд постои и успешно работи веќе 23 години. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и...

Продолжи со читање

Започна едриличарската регата „Охрид 2017“

Post Views: 1 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Утрово започна едриличарската регата „Охрид 2017“ во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид. Ова е прва регата која ја организира овој клуб и на неа учествуваат петнаесет екипажи од Македонија и Србија кои ќе се натпреваруваат во три категории. За прв пат ние организираме ваква едриличарска регата за големи едрилици (минитонци, микротонци и крузери). Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален во Охрид и ќе има повеќе вакви регати, а не само една во текот на летниот период....

Продолжи со читање

„Охрид колинг“ по втор пат

Post Views: 2 „Охрид колинг“ по втор пат. Оваа манифестација која започна од лани полека, но сигурно се етаблира како една од најдобро организираните во Македонија, но и пошироко. Врвни музички имиња како Лени Кравиц, Продиџи се запишаа на страниците на овој фестивал. Годинава повторно светски познати музички ѕвезди ќе бидат дел од Охрид колинг. На 1 и 2 август, на „Билјанини извори“ ќе настапат диџеите Афроџек и Хардвел и нивните специјални гости Равитез, Данте Клај и Кил д буз. Локланата самоуправа во соработка со Авалон продукција успаеја и годинава да направат манифестација...

Продолжи со читање

На паркингот кај пешачката патека кај Студенчишта се наплаќа по 100 ден

Post Views: 5 На паркингот кај Центарот за обука на вода се наплаќа паушално, без да се издаде фискална сметка, се пожалија граѓани до редакцијата на ТВМ. Велат дека иако на овој паркинг кој е од А зона за еден час треба да се наплаќаат 40 ден. нив им биле побарани 100ден. со образложение дека сигурно ќе се задржат подолго од еден час со оглед што биле тргнати на забава во блиските усгостителски објекти на плажите. Реагираат и на уреденоста на паркингот кој освен што е пошлунчен нема никакви други услови кои би требало да се нудат на еден современ паркинг простор. А при врнежи...

Продолжи со читање

Започна петтото издание на Фестивалот за култура „Дримон“

Post Views: 2 Под мото „Градиме нови генерации“ денес во Струга започнува петтото издание на Фестивалот за процесирање култура „Дримон“. На ова културно збиднување кое ќе трае пет дена ќе има дваесетина настани во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а ќе настапат над 40 учесници. На фестивалот публиката ќе гледа внимателно одбрана уметничка програма со театарски претстави, изложби, филмови, музика, работилници, дискусии, изградени во соработка со многу имиња и организации, значајни за македонската независна социокултурна сцена. Тимот на Иницијативата за независен...

Продолжи со читање

Дебрчани ќе почекаат за референдум

Post Views: 2 Денешната седница на советот на општина Дебрца, прекината. На неа по иницијативата на градоначалникот Игор Трајкоски требаше да се расправа за распишување референдум на кој жителите требаше да се изјаснат за планот за изградба на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Градоначалникот изрази жалење за ваквиот тек на настаните. Советниците од СДСМ ја напуштија седницата со што беше оневозможена поддршката на одлуката за референдум каде што жителите ќе го искажат своето мислење по ова прашање и ќе добиевме највисок правен акт за спречување на изградбата на...

Продолжи со читање

Каде е градежниот инспекторат?

Post Views: 6 Во Охрид интензивно се гради сред сезона. Иако уште пред десеттина години се донесе забрана за извршување градежни работи за време на летните месеци, тоа не ги попречува инвеститорите да градат. Побаравме одговор од Локалната самоуправа дали градежниот инспекторат е запознаен со ваквата состојба низ градов, дали инспекторите се излезени на терен и што е превземено. Од таму го добивме следниот одговор: Од општинскиот инспекторат е направен увид на две локации каде се одвиваат градежни работи, при што е укажано на почитување на одлуката на Советот на Општина Охрид...

Продолжи со читање

Охриѓани го освојуваат Азискиот континент

Post Views: 3 Охриѓани го освојуваат Азискиот континент. Нашиот сограѓанин, познатиот џез музичар, композитор и гитарист, Владимир Василевски-Четкар на неодамнешната азиска турнеја во Тајланд ги наполни концерните сали. Четкар настапи на најпознатиот џез фестивал Хуа Хин, на кој се претстави со авторска музика, а отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бeше мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката. Четкар беше придружуван од тајландскиот бенд „Фанкшн“, како и од еден од најпознатите инструменталисти во...

Продолжи со читање