Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 167 Во рамки на годишната програма на министерството за култура, во тек се систематски археолошки истражувања на локалитетот Горна Порта, каде што за прв пат беа откриени најстарите погребувања, а во еден од гробовите, беше пронајдена златната маска, златната ракавица и уште 70-тина други златни, сребрени, бронзени, килибарни и други предмети.– Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид во текот на годинешните истражувања досега откри 85 гроба од кои 12 гроба кои датираат од македонско-хеленистички период, односно некаде од...
Водата од Билјанините извори не е исправна за пиење
Post Views: 140 Водата од Билјанините извори не е исправна за пиење. Таа според микробиолошките анализи кои се прават веќе две години наназад е со променлив квалитет па затоа на сите посетители на ова познато катче им се препорачува да не ја користат ниту за пиење ниту пак како техничка вода. Центарот за јавно здравје на 8ми август зел примероци од водата и го испитувал нејзиниот квалитет.Често се наоѓа присуство на ешерихија коли и на ентерокок кои се патогени бактерии и кои не смее да ги има воопшто во водата. Години наназад апелираме и испраќаме дописи до Агенцијата за храна...
Се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“
Post Views: 131 Од денес се интензивираат уписите во градинката „Јасна Ристеска“. Повеќе од 140 деца се заинтересирани да бидат згрижени во оваа прдшколска установа. Поради големиот број на деца градинката поднесе барање до Локланата за зголемување на бројот на групите за по пет деца за да може да им се излезе во пресрет на родителите. Во градинката се запишани вкупно 720 деца и тоа во петте објекти со кои располага Јасна Ристеска. Во централниот објект престојуваат 200 деца. За нив сеуште е неизвесно каде ќе бидат згрижени од септември бидејќи во овој објект од средината на јуни...
Не се избра „Сувенир на градот Охрид“
Post Views: 167 Не се избра „Сувенир на градот Охрид“. Иако на конкурсот кој уште пред два месеци го распиша Локланата се пријавија пет кандидати, ниту еден од нив не ги исполни барањата кои беа наведени во него. Три проекти биле од еден ист автор, а останатите два биле со слични мотиви кои веќе биле работени и претходно.Обработени се веќе познати мотиви најчесто изработени од бакар. Камен, керамика и дрво речиси и да не е користено, па според тоа не се исполнети условите кои локалната ги постави околу изгледот на „Сувенир на градот Охрид“, вели Томе Џамтоски- портпарол на Локалната...
Граѓаните се ЗА пешачка патека, но не по цена на зеленилото
Post Views: 324 Изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“ ги разбранува страстите кај охриѓани, а и кај гостите кои долги години доаѓаат во градов и шетаат покрај каналот. Тие ја поздравуваат иницијативата на Локалната да го уреди овој простор, но негодуваат за дрвата кои таму се исекоа и сеуште се сечат. Портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтоски смирува дека дрвата кои се сечат се оние кои биле стари и трули , а брезите и врбите кои се дел од дрворедот на овој потег ќе останат и понатаму да го...
Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето
Post Views: 149 Квартетот Хеншел вечерва на Охридско лето. Ова е еден од најпознатите и најквалитетните гудачки квартети на денешнината кој има настапувано насекаде во светот. Вечерашниот концерт е во рамките на традиционалната вечер на ЕУ и годинава фестивалот слави еден мал јубилеј а тоа се десет години од соработката со канцеларијата на ЕУ во Македонија. Во изминатите десет години голем број на познати музичари биле гости токму на оваа вечер и дале особен придонес во квалитетот на фестивалската програма. Овој концерт ќе биде и хуманитарен па средствата од билетите ќе се наменат...
Патникот промовиран на Охридско лето
Post Views: 136 Патникот промовиран на Охридско лето. Оваа книшка на авторот Борче Грозданов Пандур која ја пропатувала речиси целата држава на задоволство на охриѓани беше преставена синоќа како едно дело од стотина страници на кои се забележани многу настани, средби, анегдоти, сериозни препукувања дури и караници помеѓу авторот и неговиот најголем пријател и сопатник, актерот Васил Шишков.Се работи за 14 раскази кои се базирани на мои блиски средби со мојот компањон со кој знаевме и длабоко да се искараме но и искрено да се радуваме на сите позитивни работи кои се случуваа во...
Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови
Post Views: 119 Матурантите од охридската гимназија синоќа и официјално се простија со нивните средношколски денови и со оваа образовна институција во која ги поминаа можеби најубавите години од нивниот живот. Со традиционално фрлање на капите и свечено доделување на дипломите тие ставија крај на едно поглавје во кое многу научија, но и си ги отворија вратите за уште многу да учат и да се надоградуваат и како личности, но и професионално. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на матурантите им порача секогаш да бидат оптимисти, да веруваат во своите...
Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски
Post Views: 144 Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски Патронот на градот. 1 100 годинишнината од упокојувањето на Св. Климент беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . На академијата присуствауваа претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити, градоначалникот Никола Бакрачески, и многу други претставници на институции и гости. Градоначалникот во своето обраќање рече дека одбележуваме...
Ново лето, стари проблеми
Post Views: 146 Секоја летна сезона со старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и летувалиштата долж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, се вози и без уклучен таксиметар, а таксистите не се раслположени да возат на пократки реалции. Со цел намалување...
Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост
Post Views: 145 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид.На...
Општина Охрид со 300 000 ден. ќе им помага на поплавените
Post Views: 169 Денес се одржа педесет и осмата вонредна седница на Советот на општина Охрид, по предлог на Координаторот на советничката група „Сојуз на иднината“ со единствена точка на дневен ред, Предлог Одлука за спроведување мерки и активности за помош на загрозените семејства и институции погодени од поплавите. На седницата беше искажано сочуство за загинатите во поплавите кои пред два дена го зафатија скопскиот регион, а градоначалникот Никола Бакрачески рече дека изминативе два дена бил во постојана комуникација со Кризниот Штаб, со надлежните во ресорните министерства и...