Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион

Post Views: 4 Нов обид за изградба на депонија во југозападниот плански регион. Денес преставници од Министереството за животна средина и просторно планирање пред охриѓани и останатите присутни на јавната расправа ги презентираа предностите од изградба на една ваква регионална депонија и бенефитите ко ќе се добијат од истата. Целта на јавната расправа беше да се објасни дека оваа регионална депонија која е неопходно час поскоро да се изгради нема да ја загрози или загади животната средина. Со овој проект ќе бидат опфатени сите нестандардни депонии и ѓубришта кои се наоѓаат во...

Продолжи со читање

Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“

Post Views: 7 Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“. Уште два дена остануваат децата кои се дел од овој камп да уживаат во спортско рекреативните содржини кои им беа организирани како и во меѓусебната дружба која ќе ја паметат. Ова е втора година како Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт го организира овој камп и тие се презадоволни од тоа како се протекло. Сите активности ги реализиравме ни останува уште утре целосно да ја заокружиме програмата. Впечатоците се крајно позитивни. Мислам дека сите ќе си одат со позитивни импресии. По завршувањето на овој...

Продолжи со читање

Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ со петиција бараат да се стави крај на непрописното паркирање и задржување на туристичките автобуси

Post Views: 1 Станарите од скалестата зграда на булевар „Туристичка“ веќе две години мака мачат поради непрописното паркирање и задржување на туристичките автобусите и огромниот метеж што се создава пред зградата. И покрај сите напори и алармирања до надлежните служби и до сообраќајната полиција за решавање на овој проблем не е превземено ништо. Потенцираат дека тие како станари на таа зграда се одданочени со највисока ставка на имот за домување па бараат да се почитува правото да ги живеат сите услови кои се загарантирани согласно таа ставка. Станарите на скалестата зграда по...

Продолжи со читање

Глисерите и скутерите ќе мора и ова лето да ја почитуваат забраната за пловење

Post Views: 2 И ова лето сопствениците на глисерите и на скутерите ќе мора да ја почитуваат забраната за пловење од 1јули до 31 август со која не смеат да сообраќаат во езерото од 11 ди 19 часот. Иако тие имаа поднесено иницијатива за укинување на оваа забрана од Охридската капетанија било констатирано дека со тоа во голема мера ќе има нарушување на безбедноста во водите на езерото, па затоа таа останува на сила. Заклучокот е донесен врз основа на податоците кои ги имаме за периодот кога нема забрана. Констатирано е дека воопшто не се почитуваат правилата па ова е резултато...

Продолжи со читање

Акција на „Жито леб“:Купи еднo, земи две

Post Views: 3 Купи една земи две. Оваа акција денес и утре се спроведува во сите продавници на Жито леб. Купувачите со еден производ од жито леб добиваат еден гратис. Акцијата е на иницијатива на АД Жито леб, а се спроведува заедно со компанијата Огри чие седиште е во Скопје. Новите производи кои денес купувачите можеа да ги вкусат се направени од целозрнести брашна и содржат голем процент диететски влакна, богати се со протеини и се многу здрави за конзумирање во секојдневната исхрана. Има и хроно леб кој е доста актуелен за сите кои спроведуваат хроно диета, а ќе има и уште...

Продолжи со читање

ИЗИС:Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува

Post Views: 4 Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува, тврдат од ИЗИС. Тие Денес на пресс конференција кажаа дека опасноста од силен земјотрес е помината па сега се преминува кон утврдување на штетите од претходните. Од она што го знаеме од други земјотреси тлото пополека се смирува. Можеби ќе потрае уште некое време да има послаби потреси , но ќе се смири. Ние со една поголема екипа веќе сакаме да излеземе на терен и да направиме уште една контрола на оние објекти каде се пријавени оштетувања, вели Вероника Шендова- раководител на одделот за конструкции и материјали во...

Продолжи со читање

Користењето на педалинките да се стави во законска рамка

Post Views: 4 Реквизитите за забава во вода мора да се стават под контрола. Од Охридската капетанија велат дека во водите на езерото има околу 150 педалинки кои покрај што се навистина добро средство за рекреација и забава преставуваат и потенцијална опасност доколку правилно не се користат. Капетанот на Охридската капетанија, Горан Устијаноски смета дека и овие реквизити мора да се стават под некоја законска одредба со која ќе е регулирано како ќе се користат бидејќи досега не се внесени во Законот за внатрешна пловидба, освен задолжителното носење на спасоносни елеци кои мора...

Продолжи со читање

Ново научно дело од областа на нумизматиката

Post Views: 9 Збогатена збирката на научни дела од областа на нумизматиката. Охриѓанката Сања Битрак, археолог и нумизматичар вработена во Археолошкиот музеј во Скопје го престави пред охриѓани научното дело „Монетарна циркулација на Плаошник – Охрид во римскиот империјален период“ на кое работела повеќе 6 години вложувајќи го сето свое знаење и искуство. Книгата содржи 287 примероци на монети пронајдени на локалитетот Плаошник во периодот од 2001 до 2010 година. Монетите се ковани од сребро и бронза од 31 година п.н.е до 337 од нашата ера, односно од времето на...

Продолжи со читање