Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 10 Хотел ни на небо ни на земја. Нова премиера на Охридскиот народен театар. Преставата која е во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Текстот е од најпознатиот современ француски писател, Ерик Емануел Шмит и бил инспирација за Ѓоргиески да ја режира драмата. Тој за првапат соработувал со охридската екипа актери и навистина е презадоволен од енергијата и флуидот кој што се создал. За нас режисерите секој нов терен, секоја нова...
Охриѓани денес непријатно разбудени од сон
Post Views: 10 Охриѓани денес непријатно разбудени од сон. Во четири часот земјотресот со јачина од 6.4 степени според Европската макросеизмичка скала кој ја погоди соседна Албанија и се почувствува во целиот регион ги вознемири граѓаните на Охрид.Не вознемири зошто два пати тресеше, првиот пат послабо, а вториот пат многу силно, вели еден граѓанин.Секој жив човек ќе се исплаши од таа работа, поготово оние кои се во високите згради, додава друг.Моментално сум во стан и не ме вознемири зошто не ми е прв пат, кажува еден охриѓанец.Во 3.56 ме разбуди, ме вознемири и слегов долу...
Туристичките водичи се обучуваат за управување со ризиците во авантуристичките тури
Post Views: 6 Спасителната служба на планина врши обуки за туристичките водичи за управување со ризиците во авантуристичките тури. Обуките преставуваат освежување на знаењата од прва помош и презентација на основните техники за безбедна евакуација на повредени лица на тешко пристапни места. Водичите се членови на здружението Експлор од Охрид кое ги обединува сите водичи кои работат во авантуристичкиот туризам, па дури и водичите кои работат со тури на културно историските знаменитости. Целта е двонасочна, да обезбедиме меѓусебна соработка и да бидат запознаени со кои...
5 години нуркачки центар „Амфора“
Post Views: 8 15 години нуркачки центар „Амфора“. Зад овој јубилеј стојат голем број реализирани проекти, стотина обучени нуркачи кои имаат сертификат кој важи насекаде во светот, многу залагање и ентузијазам. Идејата за отворање ваков центар потекнува од 2004год., а се јавила како потреба наметната од меѓународни стандарди според кои нуркачкиот центар мора да има раководител, мора да има соодветен простор, мора да има сертифициран инструктор меѓународно признат, комплети за прва помош, нуркачка опрема која е сервисирана и да ги исполнува сите услови за едукација на нуркачи....
Учениците знаат што е демократија
Post Views: 16 Учениците знаат што е демократија и се залагаат да не бидат прекршени нивните права. Во рамките на новиот концепт за граѓанско образование денес во училиштето „Христо Узунов“ се одржа отворен ден на демократијата. Овие отворени денови не се многу чести, но секогаш кога имаме интересна тема ја обработуваме. Учениците навистина се потрудија да покажат преку интересна програма и точки што за нив значи демократија, вели Оливија Пирузева, директор на ОУ „Христо Узунов„ Овој проект досега е спреоведен два пати во осмо одделение и сега прв пат во деветто одделение. Во...
Македонија пат и ова година стави забрана за користење на патниот правец кој води низ Галичица
Post Views: 19 Охрид се поинтересна дестинација за сите оние кои ги сакаат алтернативните форми на туризам, планинарењето и зимските спортови. Галичица привлечна и за домашните и за странските посетители, но тешко пристапна. И оваа година како и децении наназад Македонија пат стави забрана за користење до 1ви април на патниот правец кој води низ Галичица од ресенското село Царина до Трпејца. По се изгледа ова е најлесниот начин за решавање на проблемот бидејќи патот е руиниран и опасен за користење и тоа не само на зима туку и во летните месеци. Наместо државата сите овие...
Лео Нелоски, дете научник
Post Views: 11 Лео Нелоски, дете научник. Овај 11годишен ученик во Основното училиште „Григор Прличев“ освои прва награда на државниот натпревар по физика одржан по повод Месецот на науката. Тема на натпреварот бил Паскаловиот закон, неговите карактеристики и примена во секојдневниот живот. Многу интересно е што Лео е ученик во шесто одделение, па предметот физика сеуште не го изучува. Но, неговата дарба за природните науки, математиката и физиката му овозможува со посебна леснотија да ги совладува. Сам ги учам, едноставно ми е без разлика што не учам физика. Интересно ми е,...
Пропадна и вториот тендер
Post Views: 7 Пропадна и вториот тендер распишан од страна на Општина Охрид за изнаоѓање најдобар изведувач за промена на старите излози. Секторот за поттикнување и развој на туризмот при Министерството за економија пред една година даде иницијатива за промена на некои излози во чаршиите во неколку градови во државава. Од охридскиот сектор за туризам и локален економски развој аплицираа со проект за промена на шест излози. Тој беше прифатен и на општинава и беа доделени 700 000ден. Треба да се менуваат четири излози на улица Климент Охридски и два на улица Илинденска. Фирмата...