Автор: Јаковлева Лионела
Post Views: 144 Градинката „Билјана“ сеуште затворена. Откако пред десеттина дена во овој објект од градинката „Јасна Ристеска“ настана хаварија на канализационата мрежа што предизвика појава на фекалии во пералната, децата и вработените принудно беа преселни од Билјана, во градинката Лихнида. Од тогаш интензивно се работи на отстранување на проблемот, но работите многу тешко одат. Дополнително ја комплицира ситуацијата што пералната од градинката всушност преставува приземје на зградата која се наоѓа над градинката, а под неа се наоѓаат подрумите. Цевката за канализација поминува...
Се уништуваат дворовите на градинката „Јасна Ристеска“
Post Views: 160 Дворните места од објектите на градинката „Јасна Ристеска“, мета на несовесни граѓани. Од градинката се жалат дека најверојатно малолетници бесправно влегуваат, се задржуваат и ги користат дворните површини од објектите на градинката, особено во попладневните и вечерните часови, а притоа прават штета на имотот на градинката. Ги кршат оградите, ги оштетуваат и уништуваат детските игралишта, се качуваат на покривите од објектите, расфрлаат отпадоци од секаков вид во тревниците, ги уништуваат градините, кршат гранки и ги корнат посадените растенија од страна на децата....
Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата
Post Views: 330 Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата . По пауза од неколку години во оваа здравствена установа ќе можат да добијат здравствените услуги жителите од Пештани, Трпејца и Љубаништа, но и гостите кои престојуваат во овие туристички места. Сега пештанци добиваат матичен лекар кој има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а кој се наоѓа во нивното место на живеење. Особено е важно што е реализирано барање на граѓаните, бидејќи наша улога е да го слушаме гласот на народот и да правиме се што е во наша надлежност и да промовираме...
Со книга на плажа
Post Views: 184 Молитва за прошка од Јелена Бачиќ Алимпиќ најбарана книга во градската библиотека Григор Прличев. Читателите чекаат ред за да го позајмат и прочитаат овој роман. Го бараат охриѓани, но и гостите кои доаѓаат на подолг период во градов пред се тоа се туристи од Скопје кои остануваат и по неколку месеци во Охрид и кои секоја година се зачленуваат во библиотеката како би можеле и за време на својот одмор да читаат. Покрај овој роман многу барани се и останатите дела на авторката Бачиќ Алимпиќ, а голем интертес има и за хит насловот Девојката врана од Ерик Аксал Сунд,...
Охриѓани слабо проверуваат дали ги има во избирачкиот список
Post Views: 141 Во општина Охрид се евидентирани 215 граѓани кои се на списокот од ДИК за спорни записи. Од нив до денес заклучно со 13 часот во подрачната единица на ДИК се пријавиле само 13 и тоа 4 во подрачната единица , а 9 преку веб апликацијата достапна на интернет страницата на ДИК.Јас сакам да потенцирам дека рокот за пријавување трае до 19ти август и апелирам во име на ДИК граѓаните да ја проверат нашата веб страница и да видат дали се на списокот и доколку се да се пријават до комисијата што е можно побрзо, вели Љубица Гугуческа, портпарол на ДИК.Оние граѓани кои не користат...
Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен
Post Views: 156 Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен. Иако од секторот за комунален развој, сообраќај и патишта најавија дека семафорите кои се наоѓаа на раскрсницата кај некогашниот Мини маркет веднаш после нивното отстранување, поради кружниот тек кој се направи таму, ќе бидат поставени на Железничка, семафори на оваа сообраќајница сеуште нема. Од секторот објаснуваат дека чекале од Одделот за јавни набавки да распишат тендер за поставување на семафорите.Постапката за распишување на тендер е веќе во тек ќе се бара најповолен понудувач. Таа постапка треба...
Туристичка сезона за паметење, велат од ТЛЕР
Post Views: 146 Туристичка сезона за паметење. Од Локалната велат дека овие најави кои беа дадени пред почетокот на сезонава почнуваат да се остваруваат. Според податоците со кои располагаат, заклучно со месец мај, бројот на странски и домашни гости е во значителен пораст во споредба со минатите години. Во месец мај во градов престојувале 9.614 домашни гости, странски гости имало 18.456. Домашните гости оствариле 19.422 ноќевања, а странските 35.634. Овие бројки споредени со оние од месец мај минатата година покажуваат дека бројот на домашни гости се зголемил за 15%, а на странските...
СK Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво
Post Views: 139 По повод престојните илинденски празници стрелачкиот клуб Охрид го организира меѓународниот турнир во спортско стрелаштво. Бидејќи во последно време малокалибарската програма е сосема укината и нема стрелци со пиштол поради немањето оружје, турнирот се сведе само на гаѓање со воздушна пушка. Тина Гоџо, долгогодишен тренер во стрелачкиот клуб „Охрид“ вели дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваат љубителите на овој спорт тој продолжува да опстојува.Спортот е многу скап, а помош немаме од никаде . Но ме радува фактот што што имам триесетина млади деца кои ги тренирам ...
Вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор
Post Views: 152 И ова лето граѓаните реагираат дека во одредени маркети и продавници низ градов производите се чуваат на несоодветно место, најчесто пред самиот маркет изложени на надворешни влијанија, но и нагрдувајќи ја сликата на просторот околу маркетот. Посебно реагираат за пијалоците кои се во ПЕТ амбалажа. Оние кои се јавија до нашата редакција кажуваат дека на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Цели палети со стока се остава и чува надвор од објектот...
Општина Охрид доби два проекти во вредност од 150 000 евра
Post Views: 169 Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија. Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област, особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни активности...
Започнува фестивалот Охрид колинг
Post Views: 146 Се е подготвено за почетокот на фестивалот Охрид колинг. Локалната самоуправа заедно со продукцијата Авалон го организираат овој фестивал кој започнува од 1ви август и ќе трае до 14 август. Во овие 14 дена гостите и охриѓани имаат можност да бидат дел од три музички настани на светски познати музичари. На 1ви август настапуваат познатите холандски и белгиски ди џеи Ники Ромеро и Лос Фреквенси, на 13ти август на антички театар настапува познатиот гитарист Ал Ди Меола и на 14ти август музичката атракција Продиџи кои ќе одржат концерт на СРЦ „Билјанини извори“. Градоначалникот...
Македонија вработува 2 во Охрид
Post Views: 149 Продолжува проектот Македонија вработува. Синоќа на плоштадот во Охрид заинтересираните граѓани и работодавачи можеа да се информираат за сите новини во Законот за вработување и поволностите кои ги нуди овој проект. Веќе една година од кога започна неговото реализирање па од охридскиот Центар за вработување ги сумираат резултатите каков е бенефитот за општинава.Како резултат на овие поволности во Охрид вработени се повеќе од 631 лице од сите возрасни категории. Радува фактот што најголемиот процент се лица во латегоријата над 35 год. Возраст од кои вработени...