Skip to main content

Автор: Јаковлева Лионела

Tрадиционалната вечера-Ифтар

Post Views: 5 Oхриѓини од различни националности синоќа беа дел од Ифтарот или вечерата која се практикува за време на рамазанските пости . На плоштадот кај Чинарот на отворено ИВЗ и Локалната самоуправа организираа заедничка вечера. По залезот на сонцето и ударите на тапанот кој го означија почетокот на Ифтарот, турци, албанци, египѓани и македонци седнаа на заедничката вечера. Покрај големиот број на граѓани и претставниците на исламската верска заедница од Охрид беше присутен и градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници. Бакрачески кажа дека е горд што пред 4...

Продолжи со читање

„Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници

Post Views: 7 Дневниот центар за грижа на лица со интелектуална попреченост „Зраци“ ги подобри условите за престој на своите штитеници. Со донацијата од австралиската амбасада во РМ во висина од 5 926 австралиски долари се набави нова опрема за кујната на центарот, техника и мебел. Денес во посета на центарот беше австралиската амбасадорка Џулијан Фини, која го помага центарот веќе две години. Ја придружуваше градоначалникот Никола Бакрачески кој изрази огромна благодарност од оваа нивна соработка. Со реализацијата на овој проект кој беше потпишан во декември значително се...

Продолжи со читање

Пеш до врвот „Магаро“

Post Views: 3 Пеш до врвот „Магаро“. Планинскиот маратон кој го реализираа двајцата вљубеници во планините, Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески, заврши успешно. Тие изодеа пеш 50 км по Галичица, од Охрид до врвот „Магаро“ и назад до Велестово. Целта на овој нивни пионерски подвиг била да ги поттикнат граѓаните да се раздвижат и да биат дел од природата. Мотото на овој маратон беше„Движи се, да не заборавиш да одиш“. Секој може во текот на денот да најде половина или еден час за да направи некоја физичка активност. За потфатот трениравме секојдневно три и пол месеци. Оваа траса...

Продолжи со читање

Охридската капетанија ветува безбеден сообраќај во езерските води

Post Views: 10 Охридската капетанија подготвена за новата летна сезона. Покрај вообичаените мерки кои се превземаат пред почетокот на летото набавен е и полесен пловен објект од типот гумењак со пластично дно со мотор од 60тина коњски сили кој ќе служи за инспекциските служби. На терен постојано ќе има еден инспектор и еден помошник кои ќе го контролираат езерото. Ние имаме еден нов метод на работа, а тоа е проактивното работење што подразбира постојано присуство на инспекторите во водите на Охридското Езеро и честа посета на останатите природни и вештачки езера. Проактивното...

Продолжи со читање

Во градов има недостиг од контејнери

Post Views: 3 Граѓаните кои живеат во зградите на булевар „Туристичка“ на влезот на Охрид се жалат дека нема доволно контејнери каде да го одлагаат сметот. Објаснуваат дека на тој потег има шест згради, а само два контетјнери. Поради тоа многу често може да се забележи неубава слика околу контејнерите каде има секаков вид на отпад. Бараат од ЈП „Комуналец“ да постават барем уште неколку контејнери, посебно летово кога во тој дел од градов доаѓаат станари кои не живеат тука преку цела година. Скрческа објаснува дека контејнери има но дека во зимскиот период повлекувале дел од...

Продолжи со читање

Има ли решение за дивата депонија во Струга

Post Views: 8 Проблемот со депонијата во Струга, министерот за животна средина Садула Дураку, министрите без ресор Зоран Шапуриќ и Рамиз Мерко како и ВД Градоначалникот на Струга Мустафа Забзун ги седна на маса. Но, и после едночасовен разговор тие не излегоа со конкретно решение за овој горлив проблем. Рекоа дека во моментов се формирани специјални тела составени од експерти кои ќе работат на случајот за да се најде некое краткорочно решение за депонијата која ги труе граѓаните на Струга, а во меѓувреме ќа се бара и простор за изградба на регионална депонија со што трајно ќе...

Продолжи со читање

Столици и маси насекаде

Post Views: 5 Градот блокиран со столици и маси  поставени на летните тераси. На улицата „Гоце Делчев“ или позната како старата чаршија неколкуте ресторани  буквално го имаат узурпирано просторот па минувачите не можат да се разминат. Дополнителен метеж создаваат и подвижните реклами поставени на средината од старата чаршија кои ги има на секој чекор па оние кои шетаат можат да се сопнат на нив. Истата слика е и во центарот на градот. Речиси целокупната урбана опрема на летните тераси на градскиот плоштад е поставена надвор од жолтата линија која годиниве наназад требаше да...

Продолжи со читање

Стружани и денес протестираа

Post Views: 7 Со блокирање на крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан тие сакаат да го свртат вниманието кон проблемот со дивата депонија која го загадува градот. Од претставници на Владата на РМ им било ветено дека ќе се бара решение за проблемот. Ако не се исполнат ветувањата, стружани од среда ќе ги радикализираат протестите. Блокирана крстосницата која ги спојува регионалните патишта за Охрид, Дебар и граничниот премин Ќафасан. Граѓаните на Струга и денес на ваков начин протестираа, со цел да го свртат вниманието на...

Продолжи со читање